Не се обидувајте сами со јаглен и лепак секаков, на јутуб има видеа кај што си ги имаат изгорено лицата, ја вади маската цело лице жар. Секојдневно чистење и миење на лицето е најубаво, нема да дојде така до многу црнки..
Фала Меган. Малку ми е страв да експериментирам со препарати за лице ама ме заинтересира твојава рецепта па баш ќе пробам после Поздравче!
Куклославо драга, решена е работава обавезно пробувам. Покасно ќе одам да купам состојки и има да се испомачкам цела. Чекај импресии на крајов на денов
Пробав и крема и лепенки и што ти уште не и тоа од различни произведувачи и сите истиот ефект- делумно ги отстрануваат црнките. Јас сум повеќе за пареа, сода бикарбона, кафе и чај од нане -рецептот да се вадат и ги стискам со влажна марамица и после миење, крема и беби пудер и меко носе без црнки цел месец па и повеќе.
Јас го користам,пилингот е убав со ситни гранули и наменет е за кожа со акни.Според мене овај е најдобар (уште од Vichy го немам пробано) Garnier I Eucerin не ми беа убави
@Megannn Ја направив и ниедна црнка не ми извади. И минатава недела го направив истото само без желатин и пак ништо не извади. Не сфаќам..
Јас за да не трошам пари за маска што не вади бидејќи е стварно фрлање на пари за џабе, си имам навика од шнола и го вадам пластичното и со металниот дел од заоблената страна се чистам на лице, додека сум во бањата од самата пареа итоплата вода се отвораат порите и омекнува лицето, користам антибактериски сапун го мијам и почекувам две три мин и потоа обилно со топла го мијам, не ја тријам кожата на лице за да не ми се иритира и кога ќе излезам да не ми е вцрвенето само го потапкувам да нема вода, и земам шнолата и поминувам, бидејќи шнолите се заоблени на едната страна и самото притискање и слизгање на кожата ги вади , и потоа сретство за чистење на лице против акни ставам и преубаво ми е.
И ј пробав со желатин, ништо.. После ова размислете дали ќе ставите лепак на лице , Црната маска за $2 ја нарачав , над пареа 10мин со масажа вади, ама оние кои се површни. Најдобро до сега ми се покажало ова, во Авон го најдов Она што ептен не се вади , со палома на прсти без голем напор . Пареа со морска сол и камилица. После тоа маска од зелена глина . Миење лице по 2,3 паати со антибакт гел обавезно...
Decki dali ste sigurno deka imate crnki ili toa se sebaceous filaments? tie pomagaat da nemate crnki i da ne vi se zapusuvaat porite, nemojte da gi vadite, ke vi se prosirat porite, ke si go unistite liceto
@Petra777 црната маска мене ништо не ми извади..Ниту една..А како се користи тоа од авон и колку пари е..