Вие што ја користете црната маска дали ја нанесувате на цело лице или само онаму каде имате црнки..Јас ставам само на носот потоа кожата ми е мн мека и убава па се мислам дали да ставам на цело лице..Совет.?
@blessed.an Јас ставав (домашна црна маска) на носот, под уста, и на образите кај што имав тук таму по некоја црнка. За на цело лице некако е премногу, ако немаш потреба не се шлапај многу
Наједноставно решение: во сад со врела вода ставам чај од нане и така го држам лицето околу 15 минути. Од време на време ја тргам крпата. Откако ке се отворат порите добро е да се потопи крпа и да се држи на носот. Само ова може да ве спаси ви гарантирам. Moже и нежно да се измасира носот или да се стиснат црнките на лицето и на крај се става крема ...
Ги купив лепенките на балеа, пред некое време ја испробав лепенката на тианде и ништо. Ни една црнка не ми извадија. Или јас не знам да ги користам како што треба или за ништо не ги бива.
Апдејт: не направив пилинг на лицето 3-4дена и повторно ставив лепенка. И верувале или не, ми ги извади СКОРО СИТЕ црнки. Заклучок: лепенките не реагираат на мазна кожа.
Ја зедов и јас ама засега ништо не ми помогна, нема никаква разлика. Или можеби не може од прв пат да делува, не знам што е проблемот. Кај тебе има некаква разлика на лицето ако веќе ја употреби?
@Irreplaceablee а каде може да се најдат лепенките..Јас ги користам тие на нивеа добри се вадат но баш сакам да пробам и од овие што велиш ти..