Лелеее срцка таа. Фала многу, исто ко да ми ја даде Не бе не се замарам многу со маски и тие ствари за нешто шо пак се подновува... онака другарка ми ја нарачуваше оваа маска или појма немам шо е па ај и јас. Ке пишам резултати..
Најдов некоја маска за лице на интернет за отстранување црнки, сега само што ја направив. Една лажица сода бикарбона и една лажица шеќер со две лажици вода. Смесата се меша, па се нанесува со кружни движења на лицето. Пред тоа лицето треба да се намокри со топла вода, за да се отворат порите. Треба да отстои неколку минути, па потоа да се измие со топла вода и да се избрише нежно со пешкир. Јас на крајот се измив и со ладна за да ми се затворат порите. Маската треба да се употребува 1-2 пати неделно за резултати. Сега за сега, мислам и немаше некој ефект во однос на црнките, освен тоа што кожата ми е бебешки мазна и нежна, и изгледа почисто од претходно.
и недела дена да шетаме со дупки по лицево....ради тие црнки немам чисто лице без дупки и точки од крв
Маскста не е ефикасна ич како што рекоа ниту црната а ниту пак таа од авон..Ги имам и двете џабе фрлени пари..Ке си одиме со нив на лице тоа е
Како е можно да имаш дупки од црнките и да ти тече крв? Цело време ги стискам и немам ниту една дупка на лицето, ниту пак ми потекло крв. Ако сакаш да немаш црнки, избегнувај маснотии. Откако почнав поретко да внесувам маснотии, лицево ми се исчисти. Ретко ми се појавуваат црнки и мозолчиња.
Јас секоја недела си клавам зелена глина и има некој ефект со црнките..Порано ги имав по скоро цело лице сега само по некоја на носо а тие само ќе ги стиснам и тоа е
ги стегам за да сум 100% сигурна дека све излегло без разлика дали е црнка или нешто друго и мое мислење е дека кога ќе излезе крв готово е
Мене црнките ми се вадат сите до една само со микродермоабразија и со ништо друго. Се намачив и со маски и со стискање и со се. Само да напоменам дека ефектот не е траен си се враќаат назад после некое време зависно како се третира кожата со козметика после третманот.
http://afrodita-s.com.mk/mikrodermoabrazija-mehanichka-eksfolijacija-na-kozhata/ Еве линк за инфо а и тема имате на форумот за ова. Брз и безболен процес не само за отстранување на црнки туку и други проблеми на кожата.