Девојки дали мислите дека најголем фактор за црнки е мрсна исхрана? А исто така за црнки и брунчиња на грбот
Сакам да ми дадете мислејне за маскиве на Авон број 2 и 3. Како се користат - се мијат или се вадат и дали сте задоволни.
Не ги купувај јас имам и ич не помагаат, ќе се зафркнеш јас ќе ти кажам од ДМ да купиш еден производ ете види ја сликата и не е многу скапо 200 и нешто денари е 6 ленти ама многу ефикасно !
Девојчиња, кажете ми козметички салон за вадење црнки, ...во аеродром, како сте задоволни и цена. Дали сте биле во energi studio кај црквата во аеродром:
Скоро пола црнки на носот ми се подизлезени стискам но не излегуваат..А се гледа дека се излезени како да ги извадам убаво..?
Ако ги стискаш со раце, најубаво после туширање, или над сад со чај од камилица убаво да ти испарее, па фрли се на работа
Не се лажете по салони... Демек чудотворни маски и други чуда ќе ви стават. Сварете камилица испарете го лицето 15-20 мин и потоа стискајте ги со чепкалки за уши а не со нокти. Ова практикувајте го навечер пред легнување
Имам црнки особено по носот и не можам никако да ги отстранам целосно секогаш остануваат. Прочитав дека зелената глина и црната маска од dm се корисни. Според вас која повеќе ќе има ефект?
Земи ги лентите за нос (Балеа) со активен јаглен. Тие ми се покажаа како најефикасни за оваа проблематика. Едно пакување чини 99 денари и внатре имаш 3 лентички. Денес ја купив и црната маска (во тубичка) и како за прво користење - позитивно ме изненади. Ќе изнесам мислење и тука до крајот на неделата, мислам дека ќе ми требаат уште неколку користења па да оформам мислење дали ми се допаѓа или не.
топ е кремава, вади црнки и ја измазнува кожата јас ја оставам 30-35 минути на претходно испарено лице и навистина има резултати