Да не се лажеме, ништо не помага Мене само после одмор ми е кристал лицево, инаку се сум пробала. И ова чудово од авон го имам, доста ефикасно после испарено лице, ама после месец пак по старо...
Црнките не се лечат еднаш туку цел живот за жал. Тоа се пори што се полнат со нечистотии и мораш ти тие нечистотии да ги извадиш. И така се во круг. Решение трајно нема, барем сега за сега.
Само што ми излезе сликата на ФБ. Ја симнале цената https://www.facebook.com/sestosakam...468842918240/1995344054030718/?type=3&theater
Решив на сите теми да се испожалам ете така. Значи црнкиве откако никнаа у пубертет абер немаат за доста, нови цело време. Дајте луѓе сакам лицето еднаш скрос чисто да го видам абе не црни маски, парења, третмани, гелови, лосиони све пробав не, не и не! Уште па и кога ги стискам после лицето црвено жар додека да помине црвенилото и бел ден да видам нови искочиле...
Па да, ама овде со попуст е 170, а во ДМ секогаш е 175 и кога има попуст е уште толку поефтина, затоа предходно ви пишав за друг пат да не се трошите и ти и другата членка
Ефикасна е ако предходно добро го испариш лицето за да ти се отворат порите пред да ја ставиш маската
Мислиш на дермоабразија? Третманот како третман е океј, го чисти површинскиот слој ама за да се отстрани митисер и комедон, неопходно е класично стискање.
папапаа и јас имам на носот и на брадата...пооо како ме нервираат ..ги пукам човечее ама болии па не е една
@Mishela знам дека ти ги користеше лентите од дм со активен јаглен па ме интересира дали истио се користат како тие од нивеа..?
Да, употребата е потполно иста. Користи ги на ист начин. Баш пиши како си задоволна, мене ми се погодија ептен.
@Mishela искрено не очекував дека се толку добри..Далеку подобри се од тие на Нивеа..Само ме интересира дали е штетно да се користат секој ден
Не е штетно, но најефикасно би било доколку ги користиш еднаш до два пати неделно во зависност од состојбата на порите. Јас на пример сега на жештиниве ставам црна маска или ленти 2 пати неделно затоа што почесто се потам и црнките ми се прават почесто. Остатокот од годината доволно ми е само еднаш неделно. Пробај, ќе си натемпираш сама според состојбата на лицето.
@Mishela ти благодарам многу..Јас ја имам и црната маска но не е толку ефикасна како што се лентите..Навистина не очекував дека се толку добри