Да, добро кажа да не се лажеме. Колку кошта оваа алатка за вадење црнки, и дали може да се купи во аптека, не ми се чека од Авон? Мене со ваква ми го стискаа лицето на дерматолог и многу болеше..
200/300 ден. нека е. Само не со сила. Нешто што неќе не притискај. Прво,испари го лицето со вода, морска сол и камилица и полека. Крема на крај зошто знае да се лушти кожата некогаш.
Маската за лице со белка од јајце и хартија ја има ли некој пробано, има ли некој ефект бар минимален
Сите маски што се на принцип peel off, ако сакате резултат прво напарете го лицето. Едно тенџере со вода, ставете нане/камилица и додека можете стоете над пареата покриени со крпа. Па, после ставете од маскиве на лице. И има ефект кај мене било која peel off маска, со оваа процедура.
Па така и треба да се користат ваквите маски, инаку на затворени пори што да се залепи нема да има ама баш никаков ефект. По вадењето на маската, задолжително лицето да се измие со студена вода за да се затворат порите.
E да, тоа заборавив да пишам за да се измие со студена вода. Инаку пишав оти пола што слушам како ги користат маскиве ги ставаат право на лице без претходно да го напарат и само влакненца им ваделе, маските не чинеле.
Нормално дека треба да се испари лицето и на тој начин со црната маска има резултати, ама таа со белките ја имам пробано после парење и барем кај мене немало резултати
И кај мене нема резултати... Пробав маски со кокос ама уште повеќе ми се зезна лицето. Сега на ред е со сода бикарбона и јаболков оцет: Ама некако од лукот дека антисептик ми се поднамалија: изблендирав 2-3 парченца лук колку да има да го намачкам лицето кај што ги имам и некако лицето поубаво ми беше. Па не сум повторила одамна. Само го блендирам лукот и нанесувам, оставам 20 минути, после мијам лице.
@Antebellum немој со сода да го триеш лицето. Содата има надразнувачко дејство, па освен црвенило и влошување на состојбата не верувам да ти помогне многу. Ова со лукот не сум го пробала, ама во последно време воопшто не сакам да експериментирам со вакви домашни лековити маски за лице. Пола од состојките не се добри за кожата. Кокосово масло па не доаѓа во предвид. Пробав еднаш, ај што е гадно да имаш масло на лице, ама после тоа лицето ужас ми беше.
Мене со лукот малку ми се потсреди носот. Ова со содава не сум го пробала ама ќе те послушам и не го пробувам.
Не ставај толку работи на лице, колку помалку се замараш толку подобро ќе ти биде. Колку пари сум фрлала на кремови третмани па и природни маски сум ставала и пак ми било ужасно, и веќе 1 месец престанав со се и лицето ми се исчисти 70%.
Ako imate crnki znaci imate golemi pori. Se dodeka porite vi se golemi tie ke se polnat so necistotija. I jas imam. Edinstveno resenie e da gi namalite porite. Koga ke vi bidat tesni kako sto e se na ostatokot na liceto, nema da se zatnuvaat i nema da imate crnki. Tie se polnat od nadvoresni necistotii, vozduh i drugo nemojte da mislite deka e nesto vnatresno. Porite se stesnuvaat so odenje na kozmeticar , na dermoabrazija, i so koristenje na sredstvo za minimiziranje na porite kako na primer idealist na estee lauder. Moze nema skroz da se smalat i da ne se gledaat ana moze vidno ke se namalat i nema da se polnat tolku... jas uste ne sum probala.
Со дермоабразија дефинитивно не се намалуваат порите. Проверено. Лани бев на 10 третмани дермоабразија во серија. Точно дека со дермоабразија се вадат црнките, ама порите не се намалуваат сигурно. Плус се вадат ама ефектот е моментален, значи после 2-3 недели пак се појавуваат и самите козметичари препорачуваат еднаш месечно да се оди на абразија. Баш вчера бев на третман и докторката дерматолог ја прашав дали има трајно решение за црнките и ми рече отворено дека нема, секогаш се појавуваат одново и одново, колку и да ги вадиме.
Јас сум пробала после испарено лице да ставам цело јајце на цело лице и имаше ефекти малце од малце ама џабе.Сум ставала паста преку ноќ на нос ама брате пржи на очи, со не знам какви продукти од аптека од Авон мислам дека е се ЏАБЕ, све је узалуд. Лекот е да не ставаме ни пудри ни ништо.Јас летно време кога скоро ништо и не користам имам минимално бар тоа сум го приметила среќа не ми се познаваат.
Најдобар производ од искуство е овој ,со редовно користење ги решава црнките без проблем Cosrx-bha-blackhead-power-liquid https://fiftyshadesofsnail.com/2015/06/10/review-cosrx-bha-blackhead-power-liquid/ Врвен корејски бренд,јас го купувам на ибеј.
Јас ја земав дека е на попуст и ја пробав. Црнките не ми ги извади целосно, ама лицето после вадење на маската ми беше меко, мазно и сега гледам не ми е толку мрсна кожата на Т зоната, не светам како лампион. Првпат сум задоволна од маска за лице