Јас не дочекав одговор уште истиот ден ја купив, пошо коа ќе ми текне нешто трпението ми е у минус А инаку исто и мене како тебе освен што сега сум екстра мрсна на т зоната од хормониве труднички
Оправдано ти е сега, хормони труднички не се шала Јас одвај чекав да ја земам и се изнамачкав, ко банту црнец шетав по дома, децата ги исплашив. Ама искрено очекував повеќе зошто ептен ја фалеа маскава сегде, а слабо вади црнки. Пола ги извади, пола останаа. И јас сум со екстра мрсна Т зона, откако останав трудна со мали ми се појави и сега еве не ми се нормализира кожата, ко зејтин да сум мачкала
Јас сум презадоволна од лентите на нивеа за црнки има нели за нос за брадутче и преефикасни се со неколку ленти ми извади се ( а имав доста ) дури језиво е коа ќе ги видиш црнките налепени една до една .. а и ефтина е и брза работа .. Пробајте си .
"Начин на употреба: 1.Намокрете го делот што ќе го чистите со вода. 2.Ставете лента. Лентата се активира со вода. 3.Почекајте 10-15 минути лентата да се исуши. 4.Внимателно отстранете ја лентата." Така пишува на сајтот НИВЕА.
можиш и да го напариш лицето ако имаш време уште поубаво ако не само натопи го пределот со топла вода и пази суви да се рацете коа ќе а лепиш ако а натопиш со раце или залепип на грешка одма се уништува .
Дали лентите на Нивеа се продаваат на парче или во цело пакување? Каде може да се најдат? По аптеките?
даа супер кажи колку се добри да се изненади човек од едно лентиче се чисти а до сеа една купица пари за маски
Токму така,се изненадив што се ми извади и колку нечистотија и црнки имало на мене. Ти благодарам што сподели со нас.
Се приклучувам во тимот на презадоволни членови од Нивеа лентите. Стварно завршуваат работа. Јас и немав премногу црнки, но сите што ги имав ми ги извадија. Конечно нешто да функционира.
Значи да проверам во аптека. Јас прв пат слушам од тука дека може да се купат на парче, тоа би било одлично затоа што не знам дали би ми се допаднале. Јас успешно ги вадам црнките со онаа црна маска во тубичка која ја рецензирав во јуни ми се чини. Revuelle е називот на брендот, а маската е купена од ДМ околу 180 денари. Битно е да спомнам дека непосредно пред нанесување го парам лицето над врела вода во која капнувам неколку капки етерично масло од лаванда. Некогаш спремам чај од камилица и парам лице така, сеедно е и ефектот е ист. Но, за да има резултати мора да се примени овој чекор, инаку џабе сте ја ставиле маската. На неа ќе се залепат само влакненца и површинска нечистотија од лицето поради затворените пори. Така со парење помагате да се отворат порите и маската да навлезе баш длабински за да ги извади црнките. Баш беше како на видеата, се исплашив какви црнки испаднаа од и околу носот. Исто така голема разлика видов и откако почнав да нанесувам маска со плоската четка. Маската има малку леплива формула, па ми се лепеше по прстите и со секое ново нанесување „вадев“ по малку од веќе нанесената маска на кожата и никако не можев да добијам рамномерно нанесена маска во подебел слој. Битно е нанесениот слој да не биде претенок за да добие баш улога на лепенка кога ќе одлепувате. Со четка (користам таква тенка, плоската, онаа што прави ефект на линии ако пробате со неа да нанесете пудра) баш убаво и рамномерно се нанесува маската и не се прават „дупки“, ниту пак се лепи нешто од маската на неа. По вадење мијам лице со ладна вода за да се затворат порите, нанесувам гел/пена по потреба и продолжувам со стандардната рутина на чистење на лицето. Ама дефинитивно ова ми е идеален начин за вадење црнки. Иако, би пробала и од лентите на Нивеа. Досега ги немам купувано.
Јас имам премногу црнки на лицето и би сакала да одам на некој третман со кој професионално ќе ми ги отстранат,повремено нели. Препорачајте ми каде би можела да одам, каков е точно третманот и колку чини?