Како што пишува погоре, црнките(и овие белите масни) што ги стискаме, не се решаваат со ништо, бидејќи самите тие не се проблемот, туку проширените пори што се полнат со нечистотии. Мене летово 100% ми исчезнаа, јас немам црни црнки, имам од оние гнасните шо кога ги стискаш излегува бело или кафеаво. Ми се исчистија од многу вежбање, трчање, потење, многу вода пиење и строго внимавање на храната. Дури и порите ми се намалија 80%. Е сега кога си јадам преку зима, и не вежбам не се потам, единствено решение ми е Серумот од чајно дрво на Бодишоп. Значително ги чисти и стеснува порите и додека го користам има ефект. Јак серум е, вреди да пробате. Штом моите милиони црнки и пори ги исчисти и намали тогаш...
Вчера купив од лентите Нивеа. И црнки ми извадија, а и нечистотијата од носот. Се згрозив од тоа што го видов на лентата.
Mene mi pomaga stapceto za crnki od avon nemam mnogu ne se poznaavat... imam samo na nosot malku ama neubavo stoi
Имам јас ставено од црната маска...Мене баш не ми изчисти ништо нема некој посебни ефекти...А дали некој знае како се користат лентите на нивеа???#Heellpp
Мора да се намокри лицето А секако препорачливо е да се држи на пареа пред да се стават лентите за да се отворат порите и да има подобар ефект. @Lossy
На колку време ги користите лентите за црнки на носот? Јас пред недела-две ставив една и сега уште една.
Со мокро лице има ефект. Јас пробав така. Сите црнки од носот ми ги извади. Јас пред 2 недели ставив од лентите и носот ми е раат од црнки.
Imav mnogu problemi so liceto (posebno so crnkite). Dadov eden kup pari po kozmeticari, lusioni, kremi i maski. Imav podobruvanje od niv. No problemot mi go resi golemiot doktor Doxcev. Toj mi prepisa nekoja krema, koja ja kupiv mislam negde vo bunjakovec (bese odamna). Kremata bese mnogu eftina, a mnogu efikasna.... Ne za dzabe vikaat, lekot e pet pari no treba da go znaes. No, za zal ne go pametam imeto na kremata... Sega imam kjerka, koja gi ima istite problemi kako mene... Kako da dojdeme do Dohcev? Dali, vie doznavte nesto?
Луѓе, такви траки за вадење црнки има и од Балеа (ДМ). 3 тракички за нос се 99 денари. Имаше и кутивче со повеќе (мислам 9, не сум сигурна), но со вклучени лентички за делот кај брадата и челото. Ги има во две варијанти - обични во плава амбалажа и црни (со активен јаглен) со виолетово на амбалажата. Црните не се сеќавам колку беа, а овие другиве се 99 денари, како што веќе спомнав. Спојлер Мене повеќе ми фати око она со 3 ленти, тоа го купив и ги пробав на себе и на дечко ми. Исти се како Нивеа, само се поекономична варијанта - лентичка Нивеа е 50 денари, овие испаѓаат 33 денари парче. Само битно е убаво да се навлажни кожата со вода и ќе ви извади се.
Така некако беа, a oние обичните мислам дека секогаш се 99. Сум ги приметила и порано но конечно им дојде редот.
Се залетав и јас за Нивеа, ама удрив математика и од црниве земав. Никогаш не сум ги приметила обичните