Супер се, да си земеш. Јас ептен се изненадив. Тотално исти по ефикасност како Нивеа, само поевтини. #вредидасештеди П.С. Црните се 95 денари на попуст, ќе се пробаат нареден пат и тие.
Тука прочитав за лентите од нивеа за отстранување на црнки, на водено лице со суви прсти ги залепив, се стврднаа, ги извадив и ништо .... каде погрешив?
Не си погрешила Нема ефект никаков, бар кај мене. Или па имам нешто ситно а во огледало гледам како којзнае што да е.
Тука ептен ги изнафалија, рекоа се и свашта им излегло од лицето, јас пак замижана да не се згрозам и гледам ништо
А го држеше лицето малку на пареа пред да ја залепиш лентата? Јас така правам секогаш и има резултат. Или па да не ви е супер чисто лицето па да немате потреба од лентите
Јас и со блиц светев да не не гледам Мене ова доста ми е погодено. Го има мислам во ДМ, Авон... Сега не изгледа исто скроз, но на тој принцип се сите. @Luminary дури и оние најситните ги вади?
Многу е битно какви ти се црнките т.е. порите. Ако имаш така, пошироки пори и црнките ти се на површина, лентите се корисни. Во спротивно нема ништо да извадиш. Битно е пред да ги користиш, да го париш лицето за да ти се отворат порите. Јас кога ставам маски за лице, секогаш после комплет бањање ги ставам за да имаат ефект. Мене ме мрзи специјално лицето да го парам, па затоа после бањање, лицето црвено, порите комплет отворени. Пример ако само си го измила лицето со млака или ладна вода, нема фајде од лепенките.
само млака вода ставив, чисто лице имам, ама сигурно требаше барем нешто да излезе, веројатно дека не го пареев затоа ништо не излезе Ќе пробам со стапчево на Петра
Еј исто ефикасни се овие на Балеа со тие на Нивеа? Јас ги имам црните на Балеа и ми се океј, но гледам дека тука многу ги испофалија на Нивеа па следно мислев тие да ги земам. Ако некој ги користел и двата типа на Балеа, нека сподели кои се подобри
Окси, јас дури денес го гледам цитираново, не знам зошто не ми стигна нотификација. Mене ми се одлични и Нивеа и Балеа. Ги пробав и црните траки Балеа (оние со активен јаглен), исто така се ми извадија, немам замерки. Само внимавај кожата да биде баш добро навлажнета (да не речам, мокра), за да се залепи траката убаво. Приметив дека кога не ја навлажнувам кожата толку добро, многу слабо вадат. Веројатно „клучот“ е во мократа кожа. Прв пат вака буквално целата лепенка да биде опфатена со малите гадости. Затоа и пишав, се изненадив.
Recept za ostranuvanje na crnki: - Pola kaf. Lazicka soda - Pola kaf. Lazicka pasta ( ne gel obicna) I Edna kaf.lazicka voda. Se mesa da se dobie izednacena smesa. Peskir natopen vo topla voda se stava na nosot okolu minuta, potoa se nanesuva od smestata so stara meka cetka za zabi se trie.Potoa se plakne so mlaka pa so ladna voda.
По твоја препорака го купив од авон, го пареев лицето и стварно ми се исчистија нечистотиите. Благодарам
@Petra777 дури сега приметувам дека си ме означила, не ми стигна ништо Инаку не сум сигурна за најситните, веројатно зависи колку го париш лицето, а јас едвај минутка. Но сепак бев задоволна и од тие што ги извади. А ова стапчево која цена е?
Го имам гледано во Веро маркетите, околу 220 - 230 ден. +/- 120 / 130 ден беше колку што ме држи сеќавање
Баш ми е мило. Само без претерување, некогаш чепкаме и каде што нема ништо @Luminary јас од Авон го земав 200/300ден.
Јас да пишам импресии од лепенките на Балеа и црната peel off маска на Балеа. И маската и лентата, како и секоја друга маска/ пилинг, ги ставам после квалитетно бањање, кога лицето е добро напарено. Од маската не сум импресионирана. Маска како секоја друга peel off маска. Единствено одлепувањето е малку потешко, лицето после маската ми е црвено а црнките си стојат. Можеби кај носот излезе нешто, ама генерално нема којзнае каков ефект. Од друга страна, изненадена сум од лентите за нос. Тука црнките се некако најлесни за вадење, веројатно бидејки се на површина. Лентата извади најголем дел од црнките, ја држев некои 15тина минутки. Препорачувам!