Јас на алиекспрес го видов. Проба со црна шнола? Јас пробав со неа ама боли -некако плус не ми е хигиенско.
Не сум пробала со црна шнола. Имам пробано со лентите на Нивеа. Добри се, ама сакам и стапчето да го купам.
Јас го имам стапчето од avon и некако не сум задоволна, со шнола може да, а тие ленти на nivea какви се шо е тоа, јас у глобала немам многу црнки, бубулички знае од нечистотија да ми искочи или од менструација
Имаш ленти за нос и ленти за лице. Една лента е 45 денари во Зегин. Треба да се намокри носот и се става лентата. Се остава да стои 10-15 минути. Некои пред тоа го парат лицето.
Како со шнола? Дај да пробам. Во моментов си дремам со летна од Балеа на нос, ни Балеа ни Нивеа не ми вадат. Инаку после бањање ги ставам одма, додека уште ми е лицето врело и мокро.. Ама
Еве и јас да споделам искуство за стапчево од Авон. Денеска стигна, па веднаш на пареа, и проба. Далеку од тоа да е магично "стапче", ама стварно врши голема работа и голем дел од црнките извади. Болно е но сепак вреди да се проба...
Јас денес го пробав „изумов“. Алал да ви е, од кај го ископавте. Дали дека сум пред добивање и кожата ми е поосетлива од вообичаено, ама болеше-изгор. Ја дезинфицирав шнолата со алкохол. Бидејќи не ми се дремеше над пареа, ставив од загревачката маска на Балеа, па се отворија порите доволно за да се средат црнките. Се запрепастив од тоа што излезе, ама не знам дали пак би го употребила методов. Со ленти не ми е толку болно.
Јас не би се осудила пак да го пробам ова. Ете неколку часа откако пишав, а приметувам како ми се направиле црвенила на местата каде влечев со шнолата. Нежно поминував, ама очигледно кожата ми е осетлива на вакви погруби алатки. Затоа не сакам ниту козметичари, ниту какво било стискање и тормозење на кожата, ама curiosity killed the cat, па... Ќе си терам со ленти, од ова гарант ќе ми се појават и бубулици до утре.
И јас сакав да пробам со шнола, ама читајќи ве се попишманив. Да не направам некоја белја. Ќе си продолжам и јас со лентите Нивеа. Се мислам и тие на Балеа да ги пробам.
Ostra e snolata ja be bi ni probala so nea. A so alatkata od avon ne se poznava nisto. Nitu pa akni se praat a i jas imam osetliva koza
Имам такво стапче од Ебелин ама не дошло ред да го пробам. И тоа ми изгледа остро, што знам. Ќе го пробам понатака.