Јас го имам стапчето од Авон ама премногу ми е болно, ќе почнам и ќе се откажам. Да не има некаква финта?
Soznam nema.finta. jas pravam samo so taa tenkata strana dolgnavesta. Taa drugata so vlabnato i dupce u sredina ne, toa boli i ne mi e bas efikasno. Stiskas i vleces
@Luminary @blessed.an @wannaBeMomma Мене па, со тој поширокиот отвор ме боли, црвенило ми се прави и ништо не испаѓа. Со вдлабнатата страна центрирам и испаѓа одма, нит влечам, нит црвенило имам после.
Боли бе со тоа стапчето, не знам како ви се трпи болка за црнки искрено. Американкине се скроз запалени за стапчево, уште одамна. Ама знаете што, пак ќе се појават после недела-две. Нема спас. Правете редовно пилинг. Редовно е еднаш неделно после добро парење на лицето(или онаа маскана за затоплување од балеа, солидно му парира на парењето). Мене ми вади 80-90 посто од црнките скроз безболно. Имам само на носот додуша, но таму па се и најтешки за вадење. Тие некоку што ми се појавуваат измеѓу веѓите (одма после чупање/депилација секогаш се појавуаат) па најлесно се вадат. Многу се иритира кожата со стапчето. Цел ден после тоа ме болел носот. Еднаш има пробано и никогаш повеќе.
И јас да не останам покуса ги пробав на Нивеа лепенките и страшно дури една црнка ми извади а бев бањата порите отворени ама добро ќе бараме друго чаре
Мене па супер ми се. Да не имаше правено пилинг претходно? Мене не ми вади ништо ако ден-два претходно сум направила ексфолијација на лицето. Инаку, направив една update верзија на трикот на @Mishela Прво нанесувам од загревачката маска на Белеа (патем @Mishela God bless you за идејата, мразам парење на лицето), мијам по неколку минути, па ставам лепенка и на крај правам паста од сода-бикарбона и неколку капки вода и правам пилинг за да се извадат останатите црнки. После третманов, носот ми сјае ко исполиран
Не сум задоволна воопшто. Ја земав за синот кој е адолесцент, не само што не ги вади црнките туку едвај се отрстануваат остатоците од маската
Здраво, имам едно прашање. Пред 3-4дена на носот имав црнка и ја стиснав, но при стискањето го оштетив епидермисот односно ми се појави црвенило како мала рана. Поминаа неколку дена и не се затвора, местото е сеуште црвено и при допир се осеќа како мала вдлабнатина. Не знам дали да ставам некоја крема за побрзо да се затвори не би сакала да ми остане вдлабнатина на носот.Совет?
Не би требало да ти остане вдлабнатина на носот, но на местото ќе му биде потребно повеќе време за да заздрави. Не го чепкај и не го лупи само, ако се формира корупка. Во меѓувреме можеш да ја чистиш раничката со 3% хидроген, тој е погоден за дезинфекција.
Јас оваа маска ја земав пред некој ден. Задоволна сум, само требаше да нанаесам подебел слој, за полесно да се лупи. Ја ставив после бањање и дури внатре во порите имав црно. Ми се јави малку црвенило и печење, но се среди со бекутан и рицинусово масло. Немам многу црнки, но и тие што ги имам, сакам да ги нема Инаку ја земав од Зегин 399 денари.
Како си задоволна од маскава? Ја купив пред некој ден, ама пред да ја употребам сакав да прочитам мислења.
Две мислења претходно пишав како и зошто ја користам За таа намена ми е супер. Не ја ставам на цело лице, немам акни ни црнки освен на носот.
Ја касно палам, ама и мене не ме боли вадењето на црнки со стапчето. Го имам на ебелин и доста редовно го користам со тој малиот дел, вдлабнат како џингелакиче што е. Мислам дека имаше нешто во врска со тоа под кој агол е поставено, не треба да влечете грубо по носот, туку да го ,,легнете" делчето врз носот целосно и полека да притискате. Нормално, ако кожата ви е осетлива, ова не е баш идеално, сепак е механичко вадење. И да, најдобро после бањање, ќе се зачудите што испаѓа. Методот со шнолата е океј, ама со стапчето испаѓаат нијанса повеќе гадости.