Единствено нешто што ме спаси од црнките е козметички салон,салон за убавина- Полена Пред Полена, што немав пробано, а резултат минимален... Еднаш месечно мислам одев на третман и користев крема која што ми ја препорачуваа, од нив ја купував и навистина се исплатија и третманите и кремите. Секако и редовно чистење и одржување на лицето. Тука е и лосионот за чистење на лице, содржи клиндамицин го има во аптеките, фирма: Lea
Девојки знам дека не е соодветна темата, но не најдов каде да пишам..имав незгодно паѓање од велосипедот и едниот образ ми е цел со гребнатини и модринки..како побрзо да ми поминат и да ги покријам? Ве молам за помош.
Јас имам одено на повеќе различни третмани меѓу кои микродермоабразија, вакум за отстранување на мозолчиња, хемиски пилинг итн. Искрено од сето тоа најмногу се исплати абразијата. Плус често имаат попусти на третманите. Следи ги на ФБ, таму објавуваат, а и на Групер може да се начека попуст. Инаку ептен се професионални, плус можеш да се консултираш со докторката да ти препорача третман во зависност од проблематиката.
И јас ја купив онаа металната алатка за вадење црнки и митесери, нарачав од Авон. Имав претходно од Ебелин, ама којзнае каде е. Не боли до толку, ама мене поефикасно ми е да ги стискам црнките без тоа. Пак станав пуздер, без разлика што го дезинфиирав врвот и го пребришував на секое со 3% хидроген. Не ми одговара овој метод, така да, ќе продолжам да си се копам и да лепам ленти.
Јас се мислев да го купам стапчето, ама ме предомисливте. Продолжив со стискање на црнките. И со ленти. Кога јадам мајонез и мрсна храна ми се појавуваат црнки.
Не мора да значи дека и кај тебе би било вака, напротив. Мислам дека јас сум единствена со лошо искуство, не сретнав други негативни коментари, па верувам дека на повеќето им одговара техникава. Пробај, не е скапо. Има и во ДМ околу 200 денари од Ебелин.
Имам црнки на носот и образите, премногу скоро по цело лице и срам ми е кога ги стискам ми остануваат дупки и црвенило. Што да направам? Имам испробано секаков производ...
jas na greshka se najdov vo temata i na prvite stranici ima maska od kvasec pred dobri 10tina godini i rekov da probam i iskreno sum preiznenadena kako toa vo 1 chas liceto mie preubo nemam ni edna crnka duri i otvorenite pori mise zatvorija ni edno mozolche nemam mise omeknaja site i liceto mie premeko
Јас имам позитивно искуство со лентите на Балеа. Да напоменам дека треба да се користат на однапред напарено лице и вода на местото каде ќе се лепат.
Девојки да не читам наназад можеби сте спомнале, сте пробале со желатин и млеко? 2 лажици желатин се меша со 1 лажица млеко, 10 секунди во микробранова да се стопи. Пред да нанесете на лицето (јас на носот нанесувам) пробајте да не е многу жешка смесата да не се изгорите недај боже и откако ќе се исуши се вади. Јас оставам да одстои некаде 20 минути убаво да се исуши. При вадењето малу боли ама ефикасно е
И јас ова сум го правела ама јас ставав 1 лажица желатин и една млеко. Ова го видов од 5-minute crafts. Ама веќе никогаш нема да го направам. Кога ја нанесов на носот смесата почна многу да ме чеша и да ме пецка но си мислев дека тоа е од што делува смесата. И кога се исуши ја извадив и имав црвенило на носот а и многу ме чешаше си ставив една крема за црвенило и ми помина за за 1 ден. Мислам дека не е од состојките туку од типот кожа што имам..
Немам акни ама со црнкиве неколку години маки мачам. Периодично ми излегуваат, ќе ги испоистискам, шетам 4 дена со катастрофа лице и после некое време раат сум. Тие лентите за вадење црнки на Нивеа воопшто не ми помогнаа, џабе толку фалени беа...
Ќе се самоцитирам Пробај да го париш носот или да ставиш од загревачката маска прво, за да ти се отворат порите. Можеш да пробаш и со црните ленти на Балеа, доста вадат. Само во прво време мораш да ја повторуваш постапката на 2-3 дена и да не правиш пилинг на лицето барем еден ден претходно.