Немам црнки,ама период ради небалансирана исхрана и недоволно посветување на лицето,ми се појавија ситни акни на делот на образите најмногу. Периодов,кога сум малкупослободна ми помогнаа најобични маски или пилинзи за лице,кои ем не се скапи,ем се природни за разлика од куп други маски од козметички брендови што сум користела и што имало не знам ти какви срања во составот. Патем и ми го сушеле лицето,иако ги користев по упатство,1-2 пати неделно по одреденото време соодветно на типот на маската. Не знам дали би помогнало на некој за црнки,ама мене прилично ми го исчисти лицето и подобри целокупниот изглед на кожата,сјај,мекост,балансирана кожа ... Главна состојка ми е маслиново или кокосово масло,комбинирам ама може и било кое друго природно масло.Овие две да се ладно цедени,квалитетни масла не оние од галафарм и слични за смешна цена. Го правам секој,или преку еден ден пилингот. 1 лажица маслиново,1 лажица шеќер,следниот ден истото само со сол пробав,исто е добро со сода-некој спомнал погоре само со вода,мене со масло ми е некако подобро,пробав и со кафе,а некогаш и комбинирав повеќе состојки. Би сакала да пробам вака,само со желатин и масло. Солта е агресивна да,ама со оглед што не го држев на лице долго,т.е додека масирам 1-2 мин,нема никаква штета кај мене,нити сува кожа поради маслото.Лицето не е ни масно нити суво,меко и чисто,кожата се осеќа еластична и освежена.Инаку,место обична сол за готвење,може хималајска,пробав и тоа,малку жежи на лицето ама после миење поминува. Се исфрлаат наталожени маснотии,нечистотии и мртва/груба кожа,на образите имам малку сува,ама сега ми е целосно балансирана. Вака правам 2-3 недели,ефекти после 2 недели забележав. Сапун докторс,старомодно е океј,ама прилично добро ми се покажал.Зелениот за акни или тој со активен јаглен,во кафеаво пакување,80-90 денари е негде.Секој ден миење по 2 пати. Секако,после пилинг/маска,ставам крем,најчесто навечер за да ја одржи хидратацијата и смири кожата. Можеби се појавува малку црвенило во првите денови после миење(што беше случај кај мене,и изгледаше уште полошо лицето) но се смирува закратко време. Особено е најубаво пред спиење,со тоа што кожата во текот на ноќта ќе биде чиста. Исто,мислам дека доколу се работи за пречуствителна кожа,не би требало да се применува било кој пилинг.Не знам какви би биле последиците,ама претпоставувам дека една од нив ќе е иритирана кожа. Јас имам прилично здрава кожа,така што ова ми одговараше,ама не значи дека на некој друг би.
Не помага за црнки, ама е одличен како пилинг за лице. И јас го користам во малку изменета форма. Го правам секој пат со шеќер и плус додавам ладно цедено маслиново, кокосово, сусамово и масло од роза. Си го пакувам во кутивче од крем и користам по потреба. Таква мекост и сјај на лице не ми дал никој друг препарат за лице.
Дали некоја од вас го има користено вакумот за чистење на црнки и има ли ефект или е само добра реклама?
Јас имам многу црнки и секој месец одев на третман во еден салон . ми се чистеше лицето , не сакав ниту да се шминкам си бев многу убава, но последните 2 пати после третманот бев грозна... На образите имав страшни акни и неможев да се гледам едвај си го оправив лицето со еден природен крем кој го прави една моја комшивка. Не сум била на третман од тогаш бидејќи се плашам . Ми кажаа во еден многу добар спа центар разговарав со вработените, гарантирааат дека нема шанси никакво црвенило да ми се појави но цената е превисока. Бараат 50 евра.. А таа козметичарката претходно ми земаше 500 денари..
Зошто скоро сите пишувате дека причина за црнките ви е лоша исхрана? Глупост. Црнките и сите други нечистотии насобрани во кожата на лицето не се создаваат туку така од исхраната, туку се е од надворешни фактори како: Прашина Дим од цигари Чепкање по лицето со нечисти раце Пудри итн итн. Сето ова се собира во проширените пори и убаво се чисти само со стискање. Се друго е *би ветер.(кремови, сапуни, гелови..) Среќни се луѓето кои немаат проширени пори па и не знаат што се тоа црнки, белки и кафенки...
Вакуумот можеби ќе ти ги извади само површинските црнки ама никако тие што се подлабоко во кожата. Кај мене се покажа тотално бескорисен. За разлика од вакумот абразијата вади да не речам 100% само за жал после некое време повторно се појавуваат.
Веројатно е од типот на кожата, јас до сега не сум имала таква реакција. Да не ја нанесе смесата многу топла? Како и да е, ако имаш реакција подобро и што не практикуваш повторно
Приметив дека ми се прават премногу црнки на лицето последниов месец.Порано имав само во т-зоната, сега и до усните, на образите, низ цело лице. Не знам дали е од топлото или од што. Ставив од онаа црната маска и доста извади, ама па таа многу го суши лицето. Што да користам да ми се смири лицето?
Ако имаш кожа склона кон мастење, мислам дека е нормално. И јас се соочувам со истото патем и најмногу ми помагаат траките за лице и нос, црната маска и домашни маски со глина. Кога немам време да измешам смеса за маска, ја користам Mask of magnaminty (Lush). За смирување можеш да користиш алое вера, невен (варам чај од невен и го чистам лицето со памучна вата), лично мене ми помага и маслото од дива роза на Алверде. Друго не знам што да ти предложам, напаст се црнките ама со малку поупорна нега се држат под контрола.
Ти благодарам. Сум приметила низ темиве дека многу производи кои ги користиш ми одговарале и мене па решена сум да го пробам и јас маслото од алверде. Го коистиш пред спиење? И предходно со што го чистиш,миеш лицето?
Најверојатно имаме сличен тип на кожа. Мене цело лето ми беше комбинирана, месецов овие десетина дена стана баш мрсна па балансирам некако со маскиве од глина. Тоа најмногу ми помага околу регулирање на сјајот па и црнките до некаде. Маслото од роза го ставам и наутро и навечер. Во моментов за миење го користам гелот од Хип но не ми се допаѓа затоа што е многу благ. По миењето повторно имам масен филм околу носот, па претпоставувам дека не ми е баш најсреќен избор, но тоа е. Големо е пакувањето, па гледам да го потрошам како знам. За мојата кожа дефинитивно не одговара за во лето, а кога ќе биде постудено мислам дека повеќе ќе ми се допадне. Пред маслото го чистам лицето со ружина вода (си ја приготвувам дома), па ставам неколку капки масло. Ако се шминкам нанесувам серум или крема (во моментов го користам серумот со нане од Логона), во спротивно целата процедура завршува тука затоа што сè што додавам после маслото дополнително ми ја масти и оптеретува кожата.
Кажувајте лек за вадење на црнки на носот. Ниту лентите Балеа не помагаат. Само пола од црнките ги вадат.
Мене оваа маска ништо не ми извади. @poker_face ако мислеше на микродермоабразија, пред некој ден бев во Примадерма, Струмица. Немаше ни 40мин како заврши третманот и немам никаков ефект. Или они врска немаат или навистина третманот е само реклама.
Треба убаво да ја нанесеш секогаш кога порите се отворени. После бањање или парење на лицето. Мене и те како ми вади.
Не знам на кој начин ја изведуваат абразијата таму, јас одам во Скопје во Skin Solution и можеби повеќе од две години правам абразија (дијамантска микродермоабразија се вика) кога како некогаш еднаш месечно а некогаш и поретко и секогаш ми ги вадат црнките. Само тажната вест е што тие се појавуваат повторно и повторно, т.е нема трајно решение. Можеби некој препарат за намалување на порите