Освен што ми е изваден најгорниот мртов слој на кожата ми се извадени сите црнки и нечистотии кои ги имам на лицето и носот. Буквално да не речам 100% ама 95% ги нема. Кожата ми е по мека и иако после третманот се вцрвенува, црвенилото поминува за еден ден. Според мене важно е пред третманот порите да ти бидат отворени односно лицето да ти биде ставено на пареа 10тина минути за да можат полесно да се отстранат црнките и нечистотиите. Дали во твојот случај беше вака?
Не. Имав пареа 10мин па одма после со една машинка набрзина ми помина по лицето, ми стави крем био дерма и ај чао. Немав црвенила и нема резултато. Може во лп да ми ја опишеш твојата цела процедура?
Јас одев на третмани за лицето на дерматолог. Фореза се викаше третманот. Ме ставаше на пареа 10тина минути, потоа со едно ме поминуваше ко турпија низ лицето за да излезе мртвиот слој и после тоа ме стегаше со две крпчиња на прстите. На крај преку струја ми внесуваше антибиотик на лицето и можам да кажам дека од 5 третмани лицето ми се исчисти 95% и сум премногу задоволна. 900 денари плаќав за третманот, во Скопје кај др. Николина Лазаревска , а ординацијата Пикасо се викаше.
Сношти дома си направив добар третман. Лицето на пареа 15мин. Вадење црнки и се живо со металното стапче за црнки од ДМ. Топол туш, миење и пилинг со кафеав шекер и маслиново масло. Миење со La Roche гелот. Маска, од Авон планет спа сината. И на крај серум од АлфаЛаб со швајцарско јаболко. Лицето ми се одра значи, ми се излупи. Ама ми стана ептен мазно. Штета што ми е мрсно и веднаш се познава.
Јас пробував со караколот па со маска таква па со сода се испробав уствари и ништо нема благе везе што чисти се е маркетинг. Кај мене најмногу врши работа лицето врз пареа и потоа со златен прстен го минувам цело лице а се задржувам кај носот најповеќе и гребам Лицето не ми се уништува напротив све вади 90 % накрај ставам само мед Постапката е супер ама за жал треба да се прави редовно Еднаш неделно Јас одамна не сум правела.. Се немам време а уствари ме мрзи
Со триење на кожата со груби средства -нокти, прстени и слично се прават микро повреди на кожата и на долг рок и правите само штета. Првин ако се работи за пори полни со себум, а не за затворени комедони нема еднократно решение. За лице без или со минимално црнки потребна е редовна рутина на чистење на порите освен екстракција. Џабе влечете прстени кога за два дена пак се полнат. Благите хемиски пилинзи и соодветните киселини се далеку подобар начин за чистење на порите на долг рок, затоа што освен што ги чистат порите ги собираат во големина. Побарајте производи со салицилна киселина, гликолска и aha+bha комбинации. Веќе имам пишувано за производите на the ordinary како достапни цени, истражете малку. Сепак големината на порите е генетска особина и не можат да станат невидливи, ама кога се празни се помалку приметливи.
Ги пробав лентите на Нивеа за вадење црнки и воопшто немаше никаков ефект. Јас не дека нешто имам којзнае колку ама овие на носот малку што ги имам многу тешко се вадат. Не се такви црни и вдлабнати во кожа, ама сепак се познава дека порите не се исчистени од маснотијата што се лачи и ужасно ме нервира. Редовно правам пилинг со кокосово масло и шеќер и мед и шеќер, ама сепак има на носот неколку што ни за жива глава не излегуват. Ми остана уште со палома и белка од јајце да пробам, ах да и црната маска на Балеа ја имам користено, никаков ефект.
пробајте со себум глобал на биодерма кремот што е јас се мачкам еве 1 ипол месец и сите црнки ги вади надвор на кожата па после само со протриување на кожата излегуваат сите црнки на многу лесен начин.
Ја препорачувам маската од црвена глина на Лореал. Еднаш неделно лицето го чувам под пареа, па потоа правам благ пилинг со маската и веднаш мијам со ладна вода за да се затворат порите. Црнките на носот ми се значително намалени.
Како да ги мафнам црнкиве од носот?? Сум ги стискала, ставав белка, ставав жолчка, со паста пробував, па пробував со лимон и сода бикарбона.. Сега од кога ја користам црната маска морам да призмаам дека после 2 ставања имам каде-каде помалку црни ама пак имам.. Гнасно ми е да се гледам таква аман. Едит: Да издробам Аспирин и да ставам?Ќе држам топло на носот да се отворат порите и ќе ставам Аспирин.Имам читано дека делува
Moj sovet, ne probuvaj so asipirn, toa i prethodnite naicni (bez maskat) dolgorocno ke ti napravt poveke problem, limon e preagresivno kako i sodata, pastata isusuva premnogu, i aspirinot isto ke ti napravi mene za crnki mi pomogna na SOFI sapunot za cuvstvitelna koza, 199 denari go ima samo vo Dm ako epten ti se mozes da probas so nivniot crn sto e za dlbisnko cistenje. Mene za 3 upotrebi sekoj den 2 pati debelo se poznava deka pobavno se polnat porite na nosot, a rezultat vaka uste od prvo mienje imav. Prirodni sostojki se so masla. Mozes i da probas da si pravis maska so zelena glina
Да ве прашам дали ако ставам низ цело лице од пастата за заби,помага за отстранување на црнките и масната кожа??Така имам прочитано,па да ве прашам дали некој пробал и какви резултати има??