Пастата за заби многу ја суши кожата, па не е баш паметно да ставиш на цело лице. Ќе ти се исперутат поосетливите делови, а кај црнките не верувам да имаш подобрување зашто си стојат во порите додека не се извадат надвор со стискање, пил-оф маска, или оние траките за нос. Мене најефикасни ми се траките за нос Балеа (99 денари, 3 во пакување), а ми се допаѓа многу и црната маска Revuele. Ја мачкам во подебел слој и чекам скроз да се исуши за да ја извадам (околу 40 минути). Го добивам истиот ефект и скоро сите црнки се исчистени, само што постапката треба да се повторува барем еднаш во неделата.
@Mishela Од каде ја земаш маската? На цело лице ми изникнаа црнки, од нигде никаде и им барам спас сега.
Јас ставив црна маска на носот и околу него.Освен што ми ја откорна мовта на кожата(бтв..пропратено со болка), друг ефект не добив. Гледам на јутјуб..пред да ја стават маската-ставаат сода бикарбона. Прашањето ми е: Колку е паметно ова со содава и дали вади црнки маската после тоа?? Некој пробал вака?
Јас имам пробано и те советувам да не пробуваш, пастата е премногу агресивна за лицето и од што е лута буквално како да ти го прегорува и кога ја миев мислев дека кожата ми паѓа, и очите колку ми солзеа од што е лута како да плачев. После тоа има мал ефект по суви се и брунчињата и црнките ама болно е и мачно.
Mene malku mi pomogna,ama i suvost I crvenilo mi sozdade,odamna bese toa,poveke ne koristam. Od crnata maska uste osekam cesanje na liceto.
Јас за ден-два планирам да го средам носот вака: прво ќе направам пилинг со паста, сода и лимон, после ќе ставам памукче со топла вода да се отворат порите и на крај ќе ставам црна маска.
Јас ти препорачувам пилингот да го направиш на крај. Ако почнеш со пилинг, црната маска нема да извади многу црнки. Мојата рутина за црнки оди вака: 1. Затоплувачка маска на Балеа 2. Ленти за црнки, ги имам користено Нивеа и оние со активен јаглен на Балес и двете се ефикасни 3. Пилинг за лице 4. Маска 5. Хидратантна крема за лице Ова го правам два пати неделно и така ги држам под контрола црнките.
Единствен спас од црнки. Розовата алатка за вадење црнки, белки, бубулици и све.. Пред тоа лицето обавезно 15мин. на пареа. Огледалце и блиц светло. Чистење. И после се, миење со гел, ставање масла и креми, со масажа. 1 неделно го правам тоа, бидејки имам многу отворени пори и брзо се стварат нечистотии. @marvelous ова ти е за whiteheads.
Од каде ти е алатката за вадење црнки , едно време и во авон да не ги имаше ? @TutiFuti ти мислам правеше нарачки ги има ли , добра е ?
Еве ја од Авон. Мене искрено не ми помага. Ама баш ич, додека пак на мм кога му вадам црнки ми помага што знам секоја кожа е различна.