Ги видов лентиве за нос во Дм, на акција се неделава, околу 120ден 5 ленти. Да ви кажам право баш ми се допаднаа. Слични се на тие на Балеа, само што Балеа ми ја иритираат кожата и ми течат солзи кога ги одлепувам. Со овие не ми се случува тоа. Убаво ги вадат црнките, потоа кожата ми е мека и чиста. Цената е исто така исплатлива. Единствен минус е што мирисаат многу јако и лошо, како на дим Како и да е, 10 мин не е страшно да се издржи. Спојлер: Ленти
Можам да кажам дека скоро сите црни маски, а и се останато од типот на ленти на нивеа и тоници и со ваква киселина со онаква,се што можеше да се проба и ќе ми дојде во рака го пробав и немаше никаков резултат. Случајно решив да ги пробам овие. БУМ, голем погодок. Буквално црнките со се корен се гледаа на лентата по вадење како на рекламите за вадење црнки и сигурно 2-3 недели, а некогаш и месец си рааат... Барав во повеќе дрогерии на ДМ и нигде не можам да најдам ако некоја од вас случајно ги видела негде би сакала да ми кажете затоа што веќе пола година ги барам, дури и во Германија но не можам да ги најдам.
На Балеа сите производи ги пробав за црнките, ништо не ми помогна. Изгледа е до мојата кожа. Сега си правам мој третман дома. Го држам лицето под пареа од чај од камилица и одам ги стискам. Т
Некој што ги користи производите на Biotrade да ми каже во која аптека во Скопје ги имаат производите,посебно ме интерсира за кремовите Acne out Hydra i Acne out Active. Ви благодарам.
Јас ги купувам од Виола, а знам дека ги има и во Life. Во Бугарија се многу поевтини, ако некогаш те носи патот натаму.
признавам дека прочитав само 15тина страници, ама 1 е часот, а јас сум уморна и очајна- црнките на носот ај, тоа што ми се лупи носот при ставање пудра и изгледа грозно ај, ама како да исчистам whiteheads од образ?? ќе пукнам од мака, користев некоја глупа грчка маска и некогаш успешно- некогаш не. ако има некој да сподели искуство ќе бидам благодарна.
Мене почна да ми се суши и лупи носот од стискање црнки. Дури ми се разрани и раскрвари кожата на носот. А сепак не излегуваат до крај ни од алатката ни од ништо друго. Се помирувам, сфаќам дека нема решение. Нема лек.
Имам пробано, ни тие не ми помагаат. Таман ќе ги истискам, ќе ги снема, за недела дена нови се појавуваат. И така веќе со години.
Пробај со сапунот на себамед. Мене премногу ми помогна сите црнки ми ги исуши и со и без стегање не се појавија повторно. Но бидејќи имаш сува кожа само во тој дел користи го сапунов .
Другарка на сестра ми од Грција била презадоволна од лосион на Неутрогена за митесери , и од целата колекција на Неутрогена. Имате ли искуства?
Не е лош, ама не знам колку би бил ефикасен ако го користиш само него. Според мене, си треба нешто посилно од лосион за да ги контролира зоните склони кон црнки. Лосионот сам по себе нема толкава моќ оти само салицилна киселина (ако ја содржи) не е доволна. Најзадоволна сум од секако, лентички против црнки и хемискиот пилинг од The Ordinary. Но, со пилингот треба да се внимава многу, не е баш така наивен за употреба.