Пред некој ден бев болна повраќав и од аптека ми дадоа цела кутија апчиња активен јаглед многу се добри за повраќање испив само едно и ми помина па сега сакам да направам некоја маска со активниот јаглен. Искрено јас ќе ја направам и ќе ја ставам на лицето ок е но страв ми е после кога ќе ја лупам дали боли или после тоа има некакво црвенило на лицето не знам. Споделете искуство со домашна маска која сте ја правеле со активен јаглен сакам да испробам но страв ми е.
А зошто не пробаш со зелатин,јас вчера и денес си ставав и стварно ги вади на маската гледам црни точки,а со активен јаглен немам искуство,не верувам дека од домашна маска ке имаш црвенило,јас од црната маска шо ја рекламират ми се јави црвенило.
Ставам две лажички млеко и две желатин,ги загревам малку на пареа додека да се распоти,па се мачкам ми стои 15 мин.и кога ја вадам маската гледам црни точки на неа една до друга,после се мијам со сапун од цајно дрво и на крај кремче,и немам никакви проблеми изгледа тебе не ти одговара сепак секоја кожа не е иста.
Јас дојдов тоникот за лице на Гарниер да го испофалам. Чисто лице имам освен периодично со црнките што мачам мака, па ги стискам, па рани си правев за глупости, пишував тука баш пред некој месец. Откако почнав последниве 2 недели да не заборавам да го ставам, после ставање маска или бришење шминка го ставам, лицето ми стана перфектно, никаква црнка немам. Како на бебе ми е, кристал чисто. Тотално го препорачувам.
Кој тоник поточно е тој Дримке, ако може да ми го кажеш точното име или слика да прикачиш, ако не ти е тешко. Јас имам користено тоници, лосиони досега, но не беа нешто ефективни. Ленти, маски со лупење- исто не помагаа. Најефективно досега беше стоењето над пареа 5-10 минути, се трудам да го правам почесто и помага. Кожата е помазна, помека и почиста, порите исчистени и се стеснуваат малку.
Иии ми го разубаве денот. Него имаш неколку црнки на носот , или бааѓи? Да не лупам пари напразно( одмор ме чека)
Под уста највеќе имав и тие најчесто ми праеја проблем... И меѓу веѓи некогаш ми се појавуваа, па таму највеќе рани си правев и долго време ми заздравуваа... Баш на нос и немав такви кои се познаваа и бараа третман.
Имам сува кожа, за прв пат во животов ми се појавија црнки на носот. Совет, како да се спасам од истите?
ista sum I jas na nosot cela sum crnki I dulcinja na celo to isto Sega pocna a I na obrazite da. MI ipagaat no bidejki celo vreme gi stiskav I cel at sum dupcinja I celo vreme se polnat so mrsnotii a pazam na ishranata ne sum has po nea
Дали лентите за нос на Балеа со јаглен се препорачуваат за осетлива кожа и дали оставаат црвенило по употребата? Имам чувствителна кожа, па страв ми е да не ми се иритира...
Девојкии јас конечно се ослобофив пд црнките што ги имав на мојот нос.. Се што ви треба е да земете крпа и ја натопите со врела вода... потоа ставете ја близу носот (или кај и да имате црнки) ии почека тапкајте со крпата по носот.... тоа се прави околу 1 минутта. Потоа земете црна шнола од оние најобичните долги што се фризерите ги користат за фризури и со него само почнете да притискате и да ја движите шнолата од горе надолу.... мене ми помогна,вреди да се проба
Дали некој има искуство со вадење на црнки, како пенкалце изгледа, со вакум се вадат, ама објаснив , го гледав на некоја страна на интернет, не ми текнува каде околу 900 ден.