Нема поефикасно од ова! Ако навистина сакате од корен да ги извадите црнките и исчистите проширените пори полни со кафеаво-бел исцедок или "Sebum pores". Секако на недела дена го чистам со тоа бидејки брзо се полнат со нечистотии проширените пори. Доста е агресивно и боли стискањето ама со добра нега отпосле чистењето све се средува. Се прави навечер пред легнување, строго! Преку ден не сакате да изгледате издуени и со црвенила и флеки од стискањето. Јас со многу осетлива и проблематична кожа секогаш го правам тоа навечер, пред спиење. За да се избегнат сите можни последици од стискањето, отпосле го мијам лицето со нежен крем-гел, па ставам микс од: јојоба масло, чајно дрво масло, чајно дрво крем и еуцерин спф50 oil control кремот(за smooth texture). Наутро лицето ми е видливо почисто и мазно, со природен сјај и румени образи. Чисти пори и минимален plump effect.
Прво го мијам лицето па го оставам на пареа 10мин. Потоа со страната од кај што е потенок металот со стискање и влечење ги вадам нечистотиите. Има на youtube видеа. Blackhead removing tool. Само шо јас црнки немам, имам само нечистотија и маснотии насобрани во проширените пори, тоа го вадам. Не ти препорачувам често користење на алатката, доволно е еднаш во 2 до 3 недели. Иако ја користам почесто од тоа, на добро светло сум забележала дека требаат 4 до 5 дена да се опорави скроз лицето од трагите од стискањето и влечењето на алатката по кожата. Но 100% е сигурно дека ги чисти порите и вади буквално све од нив.
Лепенките за нос и Т-зона, имаш од Нивеа и Балеаа во ДМ. Ефикасни се, барем мене ми беа. Само потребно е убаво да се отворат порите пред употреба со топла вода или загревачка маска.
Само третман кај козметичар, но не е трајни решение. Десетина дена после третманот лицето ми е стакло, потоа повторно се полнат порите. Сите маски ги испробав, сите ленти не вреди ништо, моите црнки ептен се длабоки, морам на козметичар.
Девојки сакам да ве прашам за мислење, можеби ги имате користено кремиве. Имам комбинирана/мрсна кожа со прошорени пори и црнки. Која би ми ја препорачале: Eucerin dermopure хидратантна крема Bioxine acnium крема Yriage K18 крема Сите се наменети за видливи пори и масна кожа
Како у Мене не ми успева со ова црнките на нос да ги извадам... нема шанси. Е сега, не сум пробала да го парам лицето претходно, ама сум правела после бањање што со оглед на тоа со колку врела вода се бањам слично е, ама ништо не ми вади... Инаку да препорачате некој добар козметичар за оваа намена, некаде центар, карпош... ?
Ја има ли некој пробано домашната маска за црнки од белка од јајце и тоалет. Имам гледано видеа но не сум пробала.
Имам пробано со една лажичка желатин, млеко и медицински јаглен сето тоа измешано и го стоплуваш да се соедини како смеса и дур е жешко го нанесуваш на делот со црнки и чекаш да се исуши и после тегнеш. За вадење знае да извади ама кожата пак си прави црнки ,треба почесто да се практикува.
Па зависи колку смеса сакаш да направиш. Јас по лажишка ипол желатин, една голема лажица млеко и еден јаглен зашо на носот само ставам. Одприлика гледај на смесата да не биде многу течна па ни многу густа..средина некоја.