1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црн-бел бумбар [Контактна емисија на Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од baguf4e, 9 октомври 2010.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    8.192
    Пол:
    Женски
    Што мислите за оваа емисија што се емитува на телевизија сител.
    Според мене емисијата како емисија,нејзината цел и предмет ми се добро осмислени,дискутабилна е,народот може јавно да ги искаже мислењата,да се одредат позитивни и негативни настани,што му се допаѓа на населението,а што не...Замислата е интересна.
    Од друга страна,негативното мислење за емисијава е што водителката,како и целата телевизија е многу партиски настроена.Како да е портпарол на владечката партија :lol: Кога и да ја гледам се чудам како некои личности добиваат првпат по 2-3 месеци,а некои како што се Николче,Митре и други по 3 пати во една емисија. :D
    Дечкото што ја води на замена не ми е политички настроен па затоа повеќе ми е интересен кога тој ја води.А и Тања не е лоша...
    Вие што мислите?
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    хахаахах мене баш ми е шема таа тања... :D увек ги затнува сите :D ама многу се смеам кога ќе почнат да се караат, врегаат, па груевски, па бране па дрн дрн јариња... :) интересна е ја пратам често :lol:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ја мразам пошто водителката е апла ВМРО-вка, а ВМРО-вци мразам затоа што се крајно прости луѓе.
    кој се навредил, се навредил. Негова работа.
     
    На CoverGirl10 и agirl17 им се допаѓа ова.
  4. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Емисијата не ја гледам само кога ќе ја затечам. Интересна ми е, има доста препукувања, овој бил подобар оној...но сепак секој си има свое мислење. Тања - водителката како карактер ми се допаѓа, секогаш е цврста и стои на своите ставови..а тоа кој колку пати се јавил и кој како е настроен спрема политичките партии и баш незнам..а за водителот Огнен(мислам дека така се викаше) едно време кога ја мењаше Тања гледав една емисија и со него и стварно има пријатен глас, и гледачите доста го поздравуваат и почитуваат, се гледа дека е добар, културен и има разбирање со луѓето па затоа и го сакаат...
     
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Не ја гледам емисијата. Сум слушнала дека секој ден партиски војничиња од различен град треба да гласаат.....така да :puke: :puke: :puke:
     
  6. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Ретко ја гледам, ама ОК ми е, поттикнува дискусија и почитувам што секој може да го каже своето мислење. Па ваљда не прашуваат таму од телевизија пред да го вклучат човекот за која партија ќе се изјасни, не? И водителите ми се допаѓа како ја водат емисијата.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Не прашуваат, ама малку само биди против ВМРО те гасат затоа што времето ти истекло. А ако зборуваш пофално за ВМРО и прекувремено ќе те остават да зборуваш. Политички обоена емисија. Посебно водителката. За тој што ја заменува незнам затоа што го немам начекано, ама водителката ми е крајно одвратна :puke:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Црн бумбар за емисијата :D
    Не,емисијата има добар концепт,ама сето тоа губи смисла затоа што е премногу очигледно дека е само инструмент на владеачката партија со кој се наметнува во јавноста,демек се слушало мислење на народот.А водителката е крајно одвратна.Абе не дозволува лош збор да се каже за ВМРО, одма прекинува и тоа го прави на многу некултурен начина,божем не дозволувала навреди во емисијата.А кога некој е против другите партии не само што дозволува навреди и секакви зборови туку и таа додава свои мислења, кои знаеме какви се.И кога некој ќе и каже дека е партиски определена она одма се буни,демек таа е само водител,бла,блабла...
    А тој дечкото што ја заменува енкогаш е ок,не е толку пристрасен и не се меша во одговорите на гледачите.И да,кога веќе ги спомнав гледачите одамна сфативме дека најредовните се послушни партиски фигури кои секогаш имаат среќа да добијат линија!??Аха,секако ]:)
    Се на се,не ја сакам емисијата затоа што е само уште еден проект на власта со кој се обидува да пере мозок на народот и на секој можен начин да се промовира себеси и своите ставови,и сето тоа на телевизија која е под нејзина команда :puke:
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    90.972
    Пол:
    Женски
    За емисијава коментиравме пред некој ден на факултет. Се изјаснив дека сум против оваа емисија затоа што е премногу партиска. Па и кај нас речиси сите телевизии се определени, А1 ги бранат ставовите на опозицијата, а сител на владејачката партија. Водителката е определена и те како. Крајно дрска и безобразна. Не внимава како се однесува со оние гледачи кои имаат спротивни мислења од нејзините, т.е. од нејзината партија. Ако веќе замислиле таква емисија тогаш нека дозволат секој да си каже што мисли, без разлика на која партија е. Мислам дека девојката има некој што добро и го чува грбот штом се дрзнува така да се однесува и тоа на телевизија.
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Мислам дека се вика “Бумбар“ правилно :?:
    Не ми се допаѓа затоа што се јавуваат се едни исти! Уште по гласот Тања ги познава. Немам ништо против што е водителката или воопшто сител политички обоена, затоа што денес нема кој и нема што не е политички обоено. Е сега кој знае правилно кон која партија треба да се осврне тој нема да седи дома без работа и да плука по власта! Ете а1 е чисто сдсм-оска телевизија па јас и на неа гледам програми, гледам и на сител и на мктв и секаде каде што има добра програма. Не сум како некои болни комунисти или пак вмро-вци што нема да гледаат одредена телевизија затоа што била од спротивната партија!

    Да не бегам од темата, Бумбар не ми се допаѓа затоа што ниеден од тие што се јавуваат не кажува нешто точно и правилно!
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    И Тања и Огнен ми се ОК, работата е во тоа што Огнен многу им попушта, и им остава и откако ќе им истече времето да си зборат, и не ги прекинува... затоа го сакаат... Ама Тања опасно ги крати :)))))
     
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Ама многу е интересно како ги крати само тие што зборат против нејзините миленици,а тие што зборат добро за власта имаат и повеќе од минута за зборување
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    25.817
    Пред некој ден се јавува еден гледач и вика
    - Тања вие мажена сте?*
    - Не, зошто?
    - Па, како така не сте се покориле на кампањата на Груевски за трето дете?
    - Ве молам гасете го гледачот

    ахахахаха убаво и кажа =))))

    он топик - премногу исполитизирана емисија. Од мене Црн бумбар
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Идиотска ми е емисијата.
    Не знам зошто, можеби дека се јавуваат се едни исти луѓе, пензионери без работа, па ајде сега да вртиме и да си пополниме време.
    Ако се воведе некоја песна, малтене ќе ме потсетува на Вашите 5 минути од времето. :D

    Имам чувство дека истата емисија може да се изведе на поинакво, повисоко ниво, за нијанса поинтелигентна емисија и нормално ќе добие на квалитет.
    Ама па од друга страна нашиот народ е тој... прост. |(
     
  15. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    ја мразам емисијава. Цело време се јавуваат едни исти бадијалџии кои немаат друга работа.Многу лош тајминг имаат баш за време на ручек и за жал мора да се слуша. Интересен ми е делот кога и се пуштаат на водителката ако може така да се каже(даваат комплименти) а таа ги сече од корен..од линија де :D :D
     
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Посовршена емисија за овој прост народ не постои!

    Многу ме нервираат водители кои јасно го покажуваат своето партиско определување во емисија...

    Тоа е непрофесионализам! Тоа е дебилизам!

    Ама, кога ќе видиш во Сител менторот им е тој - д уан енд онли ЛАТАС.

    Така да не знам што и друго би се очекувало...

    Ужас, со еден збор, тоа е моето мислење за емисијава!
     
  17. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И демек ако има ваква емисија, ќе се слушне гласот на народот! Ветер во магла! Црн бумбар....џабе потрошен 1 сат пред екраните!
     
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Поглупава емисија немам гледано!!! Па таа Тања водителката толку се приметува дека е политички ориентирана кон ВМРО, просто ми се гади кога ја гледам како се расправа со некои гледачи кои ја критикуваат власта, а сите кои ја фалат ги остава до крај да се испукаат.... уффф ме нервира :@

    Еден голем црн бумбар за емисијата и 10 ЦРНИ БУМБАРИ ЗА ТАЊА-НАЈНЕПРОФЕСИОНАЛНАТА ВОДИТЕЛКА ШТО НЕКОГАШ ПОСТОЕЛА(полоша е дури и од оние што ги водат глупите квизови :D )
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.279
    Емисијата е глупава, ретко да ја начекам, некогаш случајно ако ми е оставено на Сител слушам нешто.
    Баш како што кажавте, народот ни е ептен прост и ептен се соживува со тие (what the fuck :^) ) бумбари.
    Јас стварно незнам на кој му текна да ја нарече бумбар. А инаку, дали постои бел бумбар? :D :D

    Мене водителката ми е антипатична, а гледачите се приказна сама за себе.
    Јас кога ја начекав емисијата баш пред некој ден еден зборуваше за задниците на лавовите, а друг дека со душа чека да дојде Водици, па со задоволство да ги гледа објектите од Скопје 2014 од Камен мост.
    Мислам хелоу.

    Но за жал, оваа емисија ќе трае уште многу долго баш заради народот и неговата желба за коментирање и правење паметен.
    Ама тоа само преку телефон.
    Вака кога треба да се протестира пред собрание, никој нема да дава бумбари.
     
  20. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Сител е ВМРО-вска телевизија,Тања е ВМРО-вка,и никој неможе да ме убеди во спротивното.Многу е глупа и прозирна и не си ја врши добро својата работа.И ако и е за се што ја навредуваат и повеќе и треба.Кога некој ке зборува против ВМРО веднаш го исклучуваат.А ако зборува убаво,како што рекоа и повеќето од вас,и повеќе го остава да зборува.И само се смешка.Хаха,гуска една :D Одвратна е :puke: црн бумбар за емисијата!