jas poarano ja gledav emisijava no mi se zdosadi i me nervira.neznam sto ke postignat lugeto glasjki [mod-kirilica:2gkr3qfc][/mod-kirilica:2gkr3qfc]
Од толку луѓе што вртат, се едни те исти добиваат. Па некои и по два пати. Јас не ја гледам емисијава, ама мајка ми ја слуша често и веќе ги научила гледачите и само кога ќе каже ало некој, му го знае името. Се согласувам со сите коментари погоре. Црн бумбар и за емисијата и за водителката.
Море кога ќе се јави Пепи Или Митре од прекрасното Битуше кој ја поздравува прекрасната водителка на прекрасната емисија Или можда и Митре беше прекрасен
хахахах.. кога вртам канали ја фаќам понекогаш и ми е смешна Ама единствена контактна емисија во која нашето напатено македонче може слободно да си ги искаже маките, па и не мора за темите кои се поставени тој ден или недела (и тоа во 1 минута)
Не можам да ја поднесам емисијава, за помалку од минута успевам да се изнервирам. Па и таа Тање јас не знам, да не е емисијава што би работела, башка како марсовец е. Тешко ср*ње
Не ја гледам емисијава али еднаш онака оставен беше телевизорот на Сител и се јавува една бабичка и само онака изреволтирано вика : Знајте кога ќе дојт Црвенковски на власт? Ко ќе му паднет мадињана на бикон. Да е здрава и жива бабичката до ден денес се смеам на ова
Некогаш кога ке ја начекам, паѓам од смеа. Многу ми се интересни некои старчиња што цел ден чекаат да почне емисијата, и со кој жар и пламен даваат бумбари Ех живот пензионерски. Водителкана е катастрофа жива, родена со среќно влакно на задникот до онаму што дотуркала бидејќи нивото на интелегенција во минус и е влезено.
Еднаш се јавува еден човек и онака културно и вика здраво Тање како си , водителката сигурно помисли дека е некој вмровски војник и му се смешка, мило му збори, абе остај. И овој човекот и вика ,, слушај Тање јас тебе те знам од мала, абе какво беше како патче, ама никогаш неверував дека ќе станеш оволкава гуска '' и спушти. Леле оваа полуде, али убаво ја тресна од земја, така и треба
Баба ми не ја пропушта емисијава, па покрај неа понекогаш и јас ја гледам. Значи колку е народов наш ограничен, било која тема и да е на дневен ред тие цело време расправаат за Грујо и Бранко. За теми од културата и образованието речиси никој не коментира. И се едни исти вртат и се исти работи кажуваат. Највеќе ме нервира онаа Македонка од Велес, која толку е заљубена во премиерот наш, што од уста не и излегува. И од мене црн бумбар за емисијата
Таа т.н. Тање е толку проста и ситна душа, што кога ќе ја видам цревата ми се дигаат, башка што е ружна и што не е за пред камера. Девојката ми е некоја далечна роднина, ама испокарана е со цела фамилија пошто не е со сите. Воопшто нема силен карактер, туку ги затнува сите што не го делат нејзиното мислење и ги исклучува од емисијата. Нема ни речник, ни памет, знае само да каже “господине, господине, ви се молам“, „тоа си е ваше мислење“ и толку. Ни за водителка не ја бива, ни за пред камера, ни за нигде. Далеку е од патриотка и од македонка зашто едноставно е вмровка, и тоа е доволен опис за се она што е најрасипано и просто
Верувале или не денеска во емисијата имаше најмногу бели бумбари за протестот на Бранко Јас прво си помислив да не е први април, па Тања бумбарката нешто шеги прави, ама изгледа потфрлија вмровските штабови и вмровските војничиња овој ден изгледа.
Јас менувајќи програми случајно видов дека е таква ситуацијата со бумабарите,ама не догледав Е како така и се случи на Тања,таков настан да победи со бел бумбар? Коментираше таа нешто,реагираше?
Баш чудно Покрај тоа што Сител го поддржува ВМРО повеќе бели бумбари за маршот на СДСМ матат нешто ...
Лела Тања колку ме нервира е страшно е пристрасна Кога ќе се јави некој и ќе почне да зборува против СДСМ та одма добро, добро продолжете одма ги подржува па дури и времето не и го крати а кога ке се јави некој и ќе зборува против ВМРО одма режија исклучетег о гледачот леле леле неможам да ја поднесам
се јавуваат се едни исти, вмро-вци што седат дома и уживаат, (додека тутунарите мрзнат по патишта барајќи да им се плати трудот) и уште даваат црни бумбари за протестите! Нека дојдат сите таквите 2-3 дена да работат тутн па да ги видам дали ќе им се доста 40-50 денари по килограм!
Сега моментално гледам додека го пишувам ова. Има 4 бели бумбари за Признание за партиски вработувања, 4 бели & 6 црни за Протестите на тутунарите, 1 бел за Аеродромот. Мене лично не ми се допаѓаат емисии од ваков тип, седнала водителката само и чека да и се јават. А пак луѓето не можам да ги сфатам како се јавуваат и со кој памет се расправаат таму Водителката ако е толку добра во нејзината професија, ќе оди да води некоја паметна емисија, а не со гледачите муабет да си прави. А инаку баба ми не ја испушта да ја гледа Тања, многу и била убава
Оваа емисија е само за неписмени и ретардирани лица. Нит нешто паметно да чуеш, а уште помалку нешто реално. Само партиски војничиња со испран мозок и една препотентна и пристрасна водителка