Водителката е катастрофа. Се претставува дека е новинар, а нема врска од новинарство. Емисијата не чини затоа што таа е пристрасна, понекогаш и безобразна. И ништо нема поучно да се чуе. Нема врска, вмровска „направија“
Ее баш за оваа епизода сакав да напишам. Имаше повеке бели бумбари, ама после рекламите, изненадно се смени ситуацијата и имаше повеке црни. Се јавувале демек за време на реклами Исто беше и пред некој ден за тутунарите. Имаше повеке бели, и после реклами, оп, повеке црни. Местенка невидена
Најголем црн бубмар за емисијата.....значи не сум единствена на која емисијата и е најодвратна.....а за водителката да не ни зборувам толку ме нервира страшна работа уффф....не ми е јасно како за 5 мин реклами, бумбарите (секако оние што и одат во корист на емисијата) се зголемиле за 15 или и повеќе... друго што ме нервира во емисијата е тајното гласање затоа од кај можеме да потврдиме ние гледачите дека стварно некој тајно гласа или тие сами си ставаат бубмари....и јавно кога се јавуваат се едни исти знаеме дека се вмровци, ама барем ги слушаме дека крекаат нешто.....
За оваа емисија би кажала дека е наместена емисија од Вмро-Дпмне имаат посебна соба во центар од каде секој ден се јавуваат во емисијата,а тоа е се наместено се јавуваат партиски членови на партијата со однапред напишан текст т.е што треба да кажат, па затоа никогаш нема да добиете да се јавите во емисијата, а може да забележите дека едни исти се јавуваат нон-стоп и секогаш поведува настанот кој му одговара на Вмро-Дпмне. Се е политички, а оваа информација ја имам од една моја пријателка која е тотално разочарана од партијата иако е нејзин член.
Ма секогаш ја гледам. Не дека пратам политика, туку смешни ми се бабите и дедовците кои се јавуваат и ги бранат политичарите. Абе аман, смешки се целите. Со дедо заедно си ја гледаме и си коментираме.
Колку пати си одам од работа и мајка ми ја затечам како ја гледа емисијата гласот на телевизорот пуштен до даска а јас капната,намалувам и фрлам око повеке за Тања да видам во што е облечена. Мое мислење е дека се јавуваат пензионери а не партиски војници,луге кој по цел ден се дома па преку вакви емисии си го исполнуваат времето.
Spoiler Офспринг не ги ставај во ист кош сите ВМРО-овци. Крајниот простотилук не го наметнува партијата за која си и дали си воопшто партиски определен. Тоа си е во човекот, секој за себе. Прости има и од таа и од таа страна. Јас не сум партиски определена, не шетам со знаме на митинг и слично ама не мешајте секаде политика. Доволно е вмешана до сега. Пред два дена баш менував канали и ја видов емисијава на Сител. Добро колку години наврши? Не и е веќе дојден крајот? Ме нервираат емисии од овој тип. Куп сезнајковци, алал да ни е што имаме таков народ, а туу не сме знаеле да го искористиме. Експерт до експерт, кој со диплома од ФОН кој дома образован од трач со комшиката.
Ало?? - Дедо Илија ! - ЈАс сум ТАња __________________________________________________________________ леле кога ке почнат се исти пак исти . А кога почиње си менам канал
Црн бумбар за емисијата. Црн бумбар за водителката. Црн бумбар за одвратната дречлива коса на водителката. Spoiler Добро бе, не се видела во огледало колку само и е грда косата?
Е со ова сум пресмеана. Инаку, навистина се случи, така си кажа човекот. Не знам како водитлкана издржа да не се насмее.
Леле и јас се сеќавам на типот „Овој пат ќе бидам анонимен, оти Македонски Брод е мало место, па после ќе речат Миле вака, Миле онака“ И...остана анонимен! А емисијава ми е бљувотина, ја оставам понекогаш да тече во позадина на ТВ дури си работам друго, и се` што слушам се Грујо и Бранко и колку тие на јапреднале или уништиле државава. А тоа Тањето цвета кога ке и` го пофалат изгледот или „емисијата“ во која дедо Илија секојпат успее да се вклучи. Проѕирна, политички ориентирана и проста. Глас и мислење на народот. Жими задников.
хаха,оваа емисија ја гледам само кога сум кај бабами таја ја следи редовно,а и не сум заинтересирана за политика така да не ја следам само неколку пати ја имам гледано кај бабами како се расправаат
Уште го давале на тв ѓубрево! Ццц, ова не е емисија, туку платена политичка пропаганда! А водителкана не ја коменирам, премалку е што и да се каже. Незнам кој ја гледа освен баби и дедовци.
Црн бумбар и за емисијата и за водителката. Кога ја фалат убаво и е, кога не ја фалат.. исклучувајте го! Отпрво ми беше емисијата во ред, си ја следев заедно со моите дома, но.. Се јавуваат само едни исти, како да се платени. Како Николче Петрески од Кичево и некој ми ти такви.
сеир сеир само за тоа и ја гледам корисно ништо нема да научам, ама се смеам кога ќе се јави некој сдсм и кога ќе почнат затки да си ставаат памтам еднаш и се јави еден и и рече, јас тебе те знам од мала, тогаш беше ко пајче ли што ли, а сега си гуска па колку пати и викале ти си вмровка ти ваква ти таква, абе караници невидени оваа само се вади не сум вмро не сум партиски определена има 2-3 дедовци што секој ден се јавуваат, мислам дека едниот се викаше илија, абе што да ти кажам да живее грујо, да живее македонија, лавови тигри абе што да ти кажам се гледачиве, некој од страна да ги слуша ќе мисли дека тука мед и млеко тече па кога фрчат комплименти на Tањето абре интересна е за сеир, нема што не сум гледала подолго време, у понеделник обавезно ќе гледам црн хумор