1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црнo - бела љубов (Siyah Beyaz Aşk)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од marr15, 11 февруари 2018.

  1. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Гледам сеуште нема започнато тема па си реков да отворам. Серијава се емитува во Турција секој понеделник во 20.00 h, на Kanal D. Главните улоги ги играат: Birce Akalay (Синем- Малиот ага) и Ibrahim Çelikkol (Али Неџат- Јазол).

    - СОДРЖИНА
    Ферхат и Асли.Ферхат заборавил да сака.Исполнет е со гнев, и спремен е да одземе човечки живот. Асли е доктор. Срцето и е полно со љубов, животот го посветила да им помага на луѓето да се излечат. Ќе се сретнат две раце, едната зима живот, а другата дава живот. Се работи за невозможна љубов. Но љубовта лечи се лошо, љубовта менува, љубовта чисти.

    На Ферхат му е потребен доктор да го спаси животот на човекот што го следи. Така неговиот пат ќе се вкрсти со Асли. Две личности кој иначе никогаш не би се сретнале во животот. Толку се различни еден од друг, како бело и црно. Асли е насилно однесена на имотот, под присила да го спаси човекот кој го пукаше Ферхат. Тогаш таа гледа нешто што не треба.
    Вујко му на Ферхат Намик, кој сите го сметаат за добродушен човек со ангелско срце, всушност е убиец. Асли неможе да остане жива. Намик ја потпишал нејзината смртна пресуда. Во моментот кога треба да ја убие Асли, Ферхат се одлучува да и даде уште една прилика. По еден услов, кој ќе го промени животот на Асли. И не само нејзиниот. После случувањата, животот на Асли и Ферхат скроз ќе се промени.
     

    Прикачени фајлови:

    • 24ll9b8.jpg
      24ll9b8.jpg
      Големина на фајлот:
      30 KB
      Прегледи:
      111
    На sunshinebabe, Bebce1, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Ја знам, но не ја пратам!
     
  3. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Аууу многу јака серија, добар рејтинг а , сезонава е една од најдобрите. Жалосно е што не ја пратиш.
     
    На Eoo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Имам подобра и ти ја препорачувам - Ufak tefek cinayetler
     
  5. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Да ја знам, до 5 епизода сум стасана, добра серија а гледам и добар рејтинг има.
     
  6. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Ја ги изгледав сите 15 шо се излезени! Сега чекам 16та! :D
     
  7. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Мм супер, би можело да се направи тема и да се разговара во врска со серијата. :)
     
  8. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.249
    Пол:
    Женски
    КАј ја гледате серијава со превод?
     
  9. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
     
    На Eoo и k.frosina им се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Ја изгледав првата епизода и ми се допадна, Ибрахим Челикол не сум го гледала од "Милост", а и немаше некои добри серии после неа..
    Тука ми се допадна неговата улога, подобро му седи улога на негативец отколку романтичар..

    Не знам колку епизоди излегоја од серијава но знам дека едно време се шпекулираше дека ќе ја укинват поради слаба гледаност па затоа прекинав да ја гледам (мразам кога ќе се посветам на некоја серија и ќе ја укинат :swear:) Мислам дека ќе продолжам со гледање штом ја фалите толку..

    Инаку баш ми е мило што има фанови на Ufak Tefek Cinayetler. И јас ги изгледав сите 15 епизоди, серијата е хаос, баш во амерички стил, ептен ми се допаѓа се навлеков.. :clap: Ќе отворам тема па заедно да дискутираме штом има заинтересираност :D
     
    На Eoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Денеска излезе и 17 епизода. Актерите се стварно предобри, а исто и рејтингот. Мило ми е што ќе продолжиш да ја гледаш - нема да се покаеш верувај ми :D
    - иначе супер за идејата за отварање на тема во врска со ufak tefek cinayetler.(y)
     
    На Eoo и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  12. Magik

    Magik Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Имам да ви препорачам една серија,кој ја нема гледано.
    Cesur ve Güzel серијава ее нештоо невозможно...
     
  13. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    ааа мојата серијаа толку сум навлецена што си отворив и твитер :tmi::tmi::tmi: Си ја гледам секој понеделник + со англиски превод во петок (знам дека не сум нормална:D:D:D:D:D)
     
  14. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    L
    лелеле исто и јас, одвај го дочекувам понеделник. И јас имам твитер, како си потпишана?:)
     
  15. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    @ShadowMistery_
    Леле суперрр ќе се дружиме
     
  16. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Секакоо:inlove:
     
    На Eoo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    ти како си потпишана?
     
  18. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
     
  19. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Серијата ја гледам, ама ја одбегнувам темава уште откако е отворена од причина што се надевав дека модератор (ако го има!) ќе ги среди сите тие оф-топици поврзани со твитер акаунти, други серии, препораки што немаат врска со серијава. Или да се освестат членовите дека у тема за една серија, не се пишува за други работи, сосема неповрзани со истата.

    Ретко која турска серија ми се свиѓа толку многу за да ми стане опсесија, ама оваа ми прирасна за срце. Ја гледам во живо секој понеделник, без превод, ама сепак се разбира повеќе од пола.
    Почетокот, поготово првите 4 епизоди ми беа без врска, премногу развлечени, а помеѓу главните актери ми немаше некоја хемија. Исто не можев да сфатам кој у семејството што е, дали тетка, дали брат, дали братучед итн. заради тоа што прелетував преку епизодите. Светла точка ми беше Челикол, неговта глума и неговиот лик. Претходно не сум го гледала, само знаев дека постои и дека се крева голема врева околу него. Бирче предобро глуми, ама изгледот нејзин на почетокот многу ми одеше на нерви. Уште не сум сигурна дали тоа устата и е природна, ама ја навикнав веќе. Ама иако не ми беа по ќејф првите епизоди, продолжив со гледање пошто неопходна ми е нова серија за време на колоквиумска. И не зажалив воопшто.
    Актерите како да се соживуваат со своите ликови, како да се опуштаат веќе од 5 епизода, а и самите нивни ликови стануваат поприродни. Гледам и по инстаграм дека екипава си се дружи, што очигледно се забележува и во серијата. Почнуваат да се развиваат нивните ликови, почнува да се раѓа љубов меѓу Асли и Ферхат. Убаво ми е прикажано менувањето на Ферхат, неговата борба со самиот себе, со неговиот поранешен начин на живеење и на комуникација. Многу се подобруваат и дијалозите, Ферхат покрај sıkıntı yok (кое иако ми е многу привлечно, а и badass, сепак едно време напнуваа со него), почна да зборува, фала богу.
    За Намих и сестра му немам ништо добро да кажам, едниот како да нема друга работа освен да се занимава со Асли, а другиот само пие кафе у тоа салонот и мрчи за се што постои. Одвратни створења, стварно се гледа дека се брат и сестра. Само се чудам како толку добро испаднал Абидин со таква мајка. Назан (ако се викаше така сестра му) е многу чудно суштество, немам коментари за нејзе.
    Од друга страна, Јетер ми е многу интересен лик и има добра позадина зад него. Понекогаш ми е премногу превртлива, дури и расипана, ама секогаш знае добро да врати во препукувањата по куќата, а и се гледа колку се труди да стане подобра мајка.
    Абидин и Ѓулсум ми се многу срцки, се надевам дека побрзо ќе се расчисти дека не се роднини, па ќе може да се развие и нивната врска. Се додека не се разјасни тоа, не им ја одобрувам врската, колку и да е нормално тоа кај Турците.
    Јиит ми е како копија на Ферхат во однесувањето, иако самиот тој не го сфаќа тоа. Среќа што ја има Суна да го поведе по вистинскиот пат, исто како што Ферхат ја има Асли. Тука ми е таа паралела меѓу браќава. Мислам дека врската уште многу ќе им се развива, поготово по последниве две епизоди.
    Толку ми текнува сега што можам да искоментирам, за повеќе друг пат, ако се среди со оф-топиците.
     
    На Mony18, sunshinebabe и Eoo им се допаѓа ова.
  20. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Започна да се емитува и во Македонија, интересна е, планирам да продолжам да ја гледам.:)