Видно доцнам со одговоров, ама еве една корисна информација за сите: голем дел од цртаните, ако не и сите, ги има цели на Јутјуб. Ако имате добар интернет, немате гајле. Јас пред некоја вечер имав Дизни-маратон. Ги гледав Пепелашка, Снежана и седумте џуџиња и Lady and the Tramp.
и јас доцнам со одговорот, и јас како тебе гледав на јутуб, ама таму веке сите што беа цели ги изгледав и сакам некои од поновите, и да ти кажам се снајдив, го симнав пеплашка втор дел (dreams come true) и многи бев среќна, цртани на дизни никогаш нема да ми здосадат а и за сите што го немаат гледано вториот дел на пеплашка го препорачувам, многу е добар
Сега нормално дека не гледам , но како мала немаше сител, а1 само бумеранг највеќе ги сакав Том и Џери, Пинк Пантер, Попај и дрр,,..
Леле кога ќе се сетам како мала цело време пред телевизор - си гледам цртани Сега немам време за тоа, но кога ќе седнам пред тв ако начекам некој цртан си го гледам Иначе повеќе ги сакав кратките - поинтересни ми беа, тие долгите не ми се гледаа Највеќе го гледав Том и Џери и кога ќе го фатам некогаш на тв го гледам Најинтересен ми беше тој, а имам гледано и други.. Кратки, долги секакви.. Пепелашка, Снежана и седумте џуџиња, Црвенкапа .. ее, еден куп
И сега кога ќе ги видам на тв останувам и ги гледам Пинк Пантер,Том и Џери,оној со зајконо не знам како се вика ги гледав оние поновине што беа Јаготка и има многу други ама не ми текнува на другите
http://www.youtube.com/watch?v=pJOuOkEWE5w http://www.youtube.com/watch?v=fcAJD8mOE6M По една епизода од моите омилени.
И ден денес си ги гледам Том и Џери, незамнливи се Понекогаш го гледам и драгонбол http://www.youtube.com/watch?v=azu_qfiQ ... ce=message
Овие ми се омилени: ...и многу други, тој цртаниот со 2те кучиња, со мачињата, со малото диносаурушче...
Во последно време ретко гледам телевизија, ама секогаш кога ќе налетам на цртан филм си гледам. Том и Џери се незаменливи да, ама долгометражните повеќе ги сакам. Се сеќавам дека кога бев мала секое утро даваа по еден, а после почнаа само саботите, па станував порано да гледам. Имаше еден долгометражен цртан со Том, Џери и едно девојченце, не знам како се викаше цртанот ама многу сакав да го гледам. Пепелашка и Снежана ми се омилени. Го сакам и Заспаната убавица, на крајот кога вилите го преправаат фустанот сино-розе-сино-розе, секогаш се возбудував и навивав да остане розов. За Анастасија секогаш мислев дека е глуп цртан и никогаш не сакав да го гледам до крај, ама еднаш другар ми ме натера да го гледаме на нет и уствари бил многу убав. Ете тој е последниот што сум го гледала. А и песната ми се допаѓа.
Омилен цртан ми е Василица прекрасна. Многу се радував кога ќе го пуштеа на тв и го терав татко ми да ми го сними на касета. Цел на памет го знаевме со сестра ми, а омилена реплика ми беше...,,О Иване принцу, што стори? Барај ме зад седум мориња и незнам таму колку планини... Незаменливите Том и Џери, Херкулес, Аристокетс, Кралот лав, Покахонтас, сите кратки цртани со Мики Маус, Мини, Плуто, Паја Патак, Аладин, со Квазимодо не ми текува како се викаше. Цртани што не ги сакав се Алиса во земјата на чудата и Петар пан. Од поновиве омилен и незаменлив ми е Рио. Секој ден би го гледала.