Колку и да поминуваат годините, цртаните секогаш ми се интересни како да имам 5 години. Обожувам да ги гледам, а омилени ми е: Драгонбол, Заспаната убавица, Аладин, Бејби Луни Тунс.
Де бе луѓе, неколку страни уназад само слики има постирано. Темава не е постирај слика од цртан филм, туку кои цртани ви биле омилени, кратко метражни, долгометражни, стари, нови, не е работата само да се шлапне слика. Јас како мала најмногу ги сакав Снежана, Пепелашка, Заспаната убавица од кратките нормално Том и Џери. И сега знам кога ќе ги фатам да си ги изгледам. Исто и Мулан ми е еден од омилените што не го пропуштам и Анастасија. Кога ќе се степавме дома со брат ми, мајка ми ќе не седнеше ќе пуштеше цртани и раат во куќа. Добро некое време барем.
Паа не можам да издвојам, гледав многу цртани филмови и речиси сите што ги гледав ми беа убави. Меѓу нив се: Том и Џери (дефинитивно), Покемон, и сите на Дизни.
Спојлер мене искрено ме интересира која е разликата ако има слики и само ако се набројат кои цртани се гледале или секако ми се убавии ?! Мислам дека овие мечиња се доста познати кај една генерација од 80тите
пред многу време ги изгледав сите филмови на дизни и да кажам дека ко сум била дете не сум ги забележала тие нешта ама сега мнн си се смејам на самата себе на кои глупости сме се радувале )))))
Василиса! Колку го сакаВ! "Кусата кожичка на мојата жабичка" - колку само се имав смеено на овој цитат
Барби (Долгометражни цртани филмови) Ви се допаѓаат ли цртаните филмови со Барби ? Јас едноставно ги обожавав и до ден денес знам да се релаксирам со некој Барби цртан филм. Еве некои мои поомилени :
^^^ OMG Барбиии! Се сеќавам кога бев малечка моите купија ДВД за прв пат и првиот цртан филм кој татко ми ми го купи беше Барби- Лебедово езеро, а и беше преведен на српски. Толку пати го имам гледано, ги знаев сите зборови! Ама навистина, тој цртан ми е еден од најубавите, а исто и музиката господее Одет и Даниел, па онаа Одил, ќерката на злобниот Хахаха кога ја остави татко и со творовите откако ја засмрдеа и оваа: Татицееее, врати се татицеее, уффф Не е Барби тоа што беше, знам јас - уште си ги гледам
А се сеќавате на Мапет бејбис и нивната мистериозна а-ла Том и Џери дадилка на која никогаш не и' го покажуваа лицето ? Леле, омилени ми беа, татко ми сиротиот стануваше рано да ми ги сними на видео касети и после да ги вртам едно 100 пати. Телевизорот во дневна беше под моја окупација 24/7 Гица и Кермит ми беа пар из снова, а Ѕверче беше закон. Сепак, си мислам дека синхронизацијата си го правеше своето. Ете, ако цртаниве на пример беа одоздоле со превод, се сомневам дека би ги гледала со таков интерес. Кои гласови беа тоа, алал да им е! За жал, на јутјуб нема видеа од нашите синхронизирани верзии, ама нема врска - ќе ве чекам кај мене на кафе и на олд скул видео снимка. http://www.youtube.com/watch?v=EwaddpsKdKg
Да ми препорачате некој цртан филм да си симнам сега? Само нека не биде некој барби,глупости. иначе во скоро време ги имам гледано Coraline,Monster Inc i Up и сите ми оставија ептен убав впечаток!