Моја тема дефинитивно.Сите цртани ги сакав Немаше цртан што го мразев или не го гледав Само најомилен од сите ми беше Том и Џери.Ах тоа беа времиња..
Ice Age 4: Continental Drift Manny, Sid, Diego, and Scrat. BABA сума сумарум мислам дека немам можност да кажам лоши зборови филмов беше супер може да стегам пали побрзо да дојде и нов дел. 10/10
Скоро сите анимирани - Ice Age (сите делови), Despicable me, Monsters Inc., Bolt, Coraline, The Lion King, Toy Story , Tangled, Up, Finding Nemo, Spirited Away, The Incredibles и еден од најубавите - How to train your dragon од овие другите што се со епизоди, омилен ми е Powerpuff Girls
Ги обожавам цртаните ги обожавам,многу ги сакам. И сега ако имаам 16 години уште неможам да се откажам од нив,од време на време знам да си погледам некој цртан. Иначе омилени: Том и Џери,Пинк Пантер,The lion king,Убавицата и Ѕверот,Мадагаскар,Пепелашка,сега од поновите Сунѓер Боб,Декстер и уште многу многу други.
Како мала станував рано наутро да ги гледам сите со ред, посебно во сабота даваа на МТВ оние Сказни од целиот свет мислам дека се викаа, Црвенкапа, Пепелашка, Снежана, со душа ги чекав. И кога ќе си седнев во ќебенце завиткана со млекце.. уф уф мераци После прекинаа на прва да даваат , па затоа на А1 си гледав Том и Џери За Том си бев јас и само си плачев На 12ка или 13ка мајка ми ми пушташе Мики Маус даваа таму и Пинк Пантер.. Е сега не знам кои канали беа, јас само ја викав да ми пушти кога ќе завршеа другите На МТВ исто го гледав и она човечено бело на сина позадина, балум балум ли како се вика не знам, интересно ми беше Од епизодните гледав Шпионки девојки или така некако беа, па Покемон, Дигимон и сл. на нив, си собирав и сликички а во смоки паѓаа и сложувалки ама никогаш не ја комплетирав сложувалката До пред некое време Сунѓерот Боб си гледав.. треба пак да симнам некоја сезона. Пораснав јас со овие, не сум ги гледала ни Немо, Мадагаскар, Шрек, Ice Age, Toy Story...
Ги обожавав, сакав да ги гледам, и сега знам да седнам до сестра ми и да гледам омилени:заспаната убавица, том и џери, Јованче и Марика тоа беа цртани, а не денешниве сунѓер Боб, Бен10, фифи, јаготка
Цртани хахааа веднаш ми текна на црнанот, како мала го гледав и не исуштав ниту една епизода да не случајно знаеш како се викаше?
Цртани јас обожавам цртани филмови ама како порано што беа том и џери, пинк пантер , и она ми е интересно баљум баљум.. хаха а овие пауер ренџери и сл не ги сакам! Леле се сеќавам.....хаха преубави спомени.хааха
Цртани Пчеличката Маја го прославува стотиот роденден! Некогаш одамна еден од најомилените цртани ликови за децата беше веселата пчеличка Маја. Овој цртан филм со нетрпение се очекувал од децата. Иако е тешко за верување, пчеличката Маја оваа година го прославува својот стоти роденден.Happy Birthday Maya!