Моментално ја гледам Daria, скоро влегов во 4 сезона. Многу гледам цртани, некогаш ми се чини дека kisscartoon е само мој
Не е важно колку години имам, сакам да гледам цртани. Со внукот кога ќе се загледаме мене ми е поинтересно отколку нему.
Сум пораснала со цртаните на Дизни. Знам дека берев пари и ги купував од видеотека.Имав цела колекција и сите нивни делови Омилени ми беа Убавицата и ѕверот, 101 Далматинец, Аристократските мачки, Малата сирена, Анастасија, Снежана и седумте џуџиња, Заспаната убавица, Пепелашка, Lady and the trump, Мини и Мики маус, Скруџ. И нормално Том и Џери, Скубиду , Пинк пантер, Диди и Декстер.....
Во наше време (sound like my grandma) немавме голем избор на цртани, а и ретко даваа по тв. Последен омилен што го гледав кога бев веќе поголема беше Dungeons and dragons Не спаѓа во групата на цртани, но исто така многу сакав да ги гледам и Палафковците. Фарина ми беше омилен.
Иако сум веќе голема пак си гледам цртани ко ќе ми притекни претежно од постарите ми се многу поубави поучни како Палавковци и Мечето ушко... После Попај, Том и Џери, Пинк пантер, Скуби ду, Каменковци абе уште цуцла да си купам хаха. И сите останати што ги даваа на бумеранг како помала многу ги гледав речиси нонстоп
Како помала нон стоп ги гледав Том и Џери, Пинк Пантер, Телетабиси.. Потоа братц, пепелашка, лепотица и ѕверот и сите други останати бајки. Дури и сега кога ми е досадно или пак го начекам на ТВ ги гледам.
Кога бев дете, популарни беа стари цртани од Дизни. Ама кога велам стари, мислам навистина стари од '30-те години на минатиот век. Тогаш беа актуелни, па често ги емитуваа на ТВ. На пример, овој ми е еден од омилените цртани филмови: Старата ветерница. Вистинско ремек-дело. Нема ниту еден збор, сè е кажано преку ефекти со музика. Е, тоа е вистински цртан филм, а не оние новите, гломазно измоделирани во некој 3Д програм кои изгледаат пластично. Интересно е како светот тогаш развивал уметност, а ние уште сме биле зачаурени во некое си сосема поинакво време...
Гледам секакви цртани, вчера си направив акаунт на disney+ и одма пуштив Покахонтас кога видов дека има и втор дел се израдував. Kако мало дете сум
Вчера ми беше ден за цртани као да неам скоро 30 години. Баш убаво ми дојдоа, малце да се расположам у дремењето дома. "Onward" - најубавиот анимиран филм што сум го гледала откако излезе "Inside Out" пред 5 години. Станува збор за двајца браќа кои пораснале без својот татко, но бидејќи се дел од магичен фантастичен свет, имаат прилика со магија да го вратат назад на 24 часа. Но тоа не е толку едноставно како што звучи. Се впуштаат во турбулентно патешествие за да успеат да го видат својот татко... или поточно, горниот дел од неговото тело. Гласот на постариот брат ге Chris Pratt, а на помалиот Tom Holland. "Spies in Disguise" - ликот на Tom Holland (одличен е во цртани) Волтер, е млад научник кој создава разни оружја за една организација со тајни агенти, а ликот на Will Smith Ленс, е најпознатиот најдобар таен агент. Во склоп на околности, Ленс ќе испие специјална измишљотина на Волтер која ќе го претвори во гулаб. Тој како гулаб, заедно со младиот неискусен Волтер ќе се обиде да го спаси светот и да ја поправи својата репутација. Океј, цртанов е цепки, има еден куп смешни сцени, Вил Смит и Том Холанд се одлична комбинација! "The Addams Family" - искрено, стилот на цртанот е малку промашен, премногу е светол и шарен за да биде добар приказ на Адамовите. Приказната е добра, ми се допадна, поготово порака која ја носи, а тоа е дека не треба да се осудува некој само затоа што е поинаков од тебе. Но, ми фали она мрачното по кое се познати филмовите. Гласот на Мортиша е Charlize Theron, а на Гомез е Oscar Issak и одлично си ја завршиле работата, поготово Шарлиз.
Том и Джери, Попаj Морнарот, Астерикс, Чоко и Боко, Ну погоди, Българ: Филмот, Барбоскини, Лунтик, Семејството Мезга, Кот Леополд, Простоквашино, Марсупилами и други.
Дали некој може да се сети на цртанот на телма телевизија што го даваа беше со вонземјани живееа во куќа заедно..Барав ама никако да го најдам.. . Вселенци ли се викаше цртанот.. Ми се навратија мемории, па сакам да го гледам пак.. Фала