Најубав цртан што го имам гледано е Frozen и Forzen II. Со причина Frozen II е најгледан анимиран филм.
Не знам дали некој го гледал цртанот како дете на телевизија. Ама кога го најдов пред неколку дена толку носталгично се чувствував. Обожавав да го гледам овој, има нешто навистина магично во старите руски сказни. Ако некој сака да го погледне го има на youtube (vasilisa the beautiful)
Колку што прочитав и видов дека никој не го спомнал овој цртан. Мора да го гледате. Еден од омилените.
Тиe oд 20-ти век ce некако најдобри, посовремениве долгометражни како да ги адаптираат за возрасна публика, додека краткометражните делуваат малку заглупaвувачки што не беше случај со старите. Tоа e некој мој впечаток.
Последно овој цртан го гледав, и баш ми се допадна. Убав впечаток ми остави, и изработката па и пораката на самиот цртан што ја пренесува.
Happily Ever After (1989) Снежана ама со 7 џуџици кои имаат моќи и злобен крал кој е брат на кралицата и сака да ја одмазди. Имаше и некаков злобен буф кој пушеше цигари. Ова беше некакво лошо продолжение на Снежана, кое у мојата глава беше woooow, каков masterpiece. Секако дека не е на Дизни. Го даваа по сто пати на локални телевизии. Денес прочитав дека цртанов имал правни спорови со Дизни поради сличноста со приказната за Снежана и ова е последно дело на продуцентската компанија која го создала - Filmation (студиово е познато по цртанот Хи-Мен). The Princess and the Goblin (1991) Принцеза и нејзината мачка, завршуваат во некаков подземен свет со језиви гоблини кои си вадат мрсули (таа сцена уште ја помнам).