И јас си ги гледам сеуште, кога имам време или кога сум присилена со братучед ми да ги гледам, со него гледам Ноди, Вини пу и Том&Џери(незаменлив) и декстер и Скуби ду да не го заборавам а и Покемон го гледав(го имам и на цд) кога бев мала гледав и штрумфофи и едно имаше ла линеа тоа интересно ми беше и мечето ушко го гледав ,а од долгометражните убави ми се Пепелашка, Покахонтас, Црвенкапа, Тристан и Изолда и Бамби и уште некој - овие си ги гледав до пред една година сеуште ми се интересни и мислам никогаш цртан нема да ми здосади секогаш ќе си гледам цртани.
леле јас и сега знам да седнам и со некои помали дечиња да изгледаме некој добар цртам филм А голем "фан" сум на душко долгоушко и она ШТО ИМА ШЕФЕ!!!
jas sum sepak za starite crtani tom i dzeri, graskograt, cevlicinja, meceto usko i himen mn. si go sakav ako sum zensko )) a od dolgometraznite se znae site na dizni
обожавам да гледам цртани, најубаво ми е и мозокот тогаш ептен ми е на пасење инаку ги сакам овие том и џери, со мики маус, грашковци и штрумфовите иако повеќе не ги даваат а од долгометражните последен што го гледав е мулан, прекрасен цртан, пепелашка ми е омилена, петар пан, аладин... и уште многу други што сега не ми текнуваат
Јас ги имам гледано и оние Покемон и Дигимон, па дури собирав и жетони што се паѓаа во смоки. Леле колку смоки тогаш имам изедено и јас не знам И секако дека не ја сложив сложувалката, едно ќоше никако не ми се падна
^ А овие Јапонскиве цртани... една вечер со брат ми на цедиња до 6 сабајле Драгонбол сме играле,а за смоките со Дигемон и Покемон во кеса и во канта
Mногу сакам цртани, ги сакам сите стари цртани од детството, тие "нискобуџетните" што ги викам, значи почнувајќи од руските бајки - Василиса Прекрасна, после Мразулко, Вили Ква Ква, Грашковци, Летечките мечиња, Пожарникарот Сем, Денвер, сите!!!! Денешните долгометражни цртани се вистинска уметност, половина и не се за деца. Би ги издвоила скоро сите на Pixar - Ratatouille, Incredibles, Monsters Inc, Wall-E, за UP немам доволно убави зборови. Ги сакам и тие што се помалку морбидни - Coraline, Nine, Monster House Од постарите нормално Пинокио, Пепелашка, Убавицата и ѕверот, Малата сирена, Мулан се исто одлични. Единствено не ги сакам продолженијата на Пепелашка (има дури и трет дел ???), ниту продолженијата на сирената и убавицата. Тоа не им требало. И не ја сакам Снежана. И нормално - каде без Shrek!
морам да се надоврзам со тебе трендафилка зашто ете си го спомнала цртанот , ете го заборавив мојот омилен цртан лелеее коку сум само јас забегана Monsters Inc го сакам цртанов, и бебето во него
Старите цртани како помала што сум ги гледала сакам пак да се емитуваат на Тв а не само некои индиски турски филмови даваат едноставно ПЕРЕЊЕ НА МОЗОЦИ Вака поубаво цртанче ќе се загледаш на пример Том И Џери,Штрумфови,Мозок (не сум сигурна дека вака се вика ) Попај,Кралот лав,Снежана и седумте џуџиња,Мулан, Мики маус,101 далматинец и многу други кои штета што не се емитуваат како порано
Цртани сакам многу-не е битно какви.Овие на бумеранг и картун нетворк не ми се свиѓаат баш.Ги сакам скуби ду,том и џери.... Долгометражните исто така се супер.Уште 100 пати да ги изгледам Пепелашка,Снежана,Анастасија... нема да ми здосадат
Обожавам анимирани филмови. Омилени ми се: Ice age 1,2,3, Wall-E, How to train your dragon, Finding Nemo, Cloundy with a chance of meatballs, Open Season 1,2, Bolt и вака би можела уште многу да набројам Цртани гледам, ама не толку како порано, некако денешниве цртани не ми се толку интересни, ама затоа анимираните филмови се супер. Исто ми се допаѓаат старите Walt Disney класици базирани воглавно на бајките од браќата Грим или Ханс Кристијан Андерсен.
од картун нетворк го гледав само декстер ама откачен е цртанот, посебно диди ми беше интересна а од долгометражните нема некој цртан што не сум го гледала(од старите) а најмногу го сакам анастасија и еден со коњи ама појма неам како се вика, многу е жален
Ма јас уште си гледам цртани. Па и не сум толку возрасна, па што. Некои и ме прават будала, ама па што, во тие моменти ‘‘мозокот ми е на пасење‘‘.
Си гледам кога ќе начекам на телевизија .. Том и Џери обавезно не менувам канал иако веќе на памет ги знам цртаните
Никогаш не мењам канал, кога ќе видам цртан Иако ги знам на памет, сепак интересни ми се.. повеќе ги сакам долгометражните, ама старите.. Пепелашка, Снежана итн..
Скуби дууу , Том и Џери, Пинк Пантер , Попај, и сега гледам на бумеранг го даваат Гарфилд и некогаш си го подгледнувам