И јас гледам цртани понекогаш и убави ми се и интересни. Досега најмногу впечаток ми оставиле Ice Age , Madagascar, Shrek , Coraline, The Big Bang etc.
Jaс повеќе ги сакам краткотрајните. Баљум баљум (La linea) ми е најомилен. Новиве цртани мислам дека треба да се забранат на мали деца , нема ништо интересно нит поучно во нив. Фифи цвеќето,Телетабиси,
Цртани обожавам и имаме над 150 DVD,омилен ми е Немо од долгометражните ,а од оние сериски Летечките мечиња
Обожавам цртани. Од долгометражните најомилен ми е Bee movie, a од краткометражните имам многуу Том и Џери, Џони Браво, Декстер, сите од дизни и тн.. И да не ги заборавам Саут Парк
Поррано гледам, сега и не се врткам многу многу пред телевизор. Омилени цртани,хм.. Пинк Пантер, Којотот и птицата, од кратките, а од долгометражните од поновиве ICE AGE 1 и 2 дел, Шрек 1 и 2 дел
Обожавам цртани,ма да во послено време ретко кога ги гледам.Како помала ги гледав Том и Џери,Пинк Пантер,Мр.Хикап,Баљум Баљум, Умка(или како се викаше,оној со мечките).А сега повеќе гледам долгометражни,го обожавам Ratatouille,Monsters Inc. ,Horton Hears a Who -прекрасни се!!!
Јееее, цртанииии, абе како мало дете му се радувам. Гајле ми е Том и Џери се незаменливи, исто ги сакам и Дизни легендите
E тука да се пофалам синоке бев да го гледам Рио и тоа 3Д прекрасен ,баш мене како голем обожавател на Рио,мноooooгу ми се допадна веќе во категоријата омилени http://www.youtube.com/watch?v=b_qREyG7e84
http://www.atcomet.com/url_view/0.arena ... rrents.php Eте јас од кај го симнав ама уште не ми е изгледан па импресии неможам да ти кажам
Ги сакам старите цртани филмови, сите ги знам на памет, додека новиве не ми се по мерак. Единствено Ice age ќе го издвојам од поновите. Sid ни е маскота на семејството, мојата 5 годишна љубов. Татко ми е Сид, апла, нема разлика. А го гледам едниот, а другиот. Го немам наречено тато 5 години, дури и други луѓе почнаа Сид (Сидеритис, Сиде, Сиденце ....) да го викаат, слушајќи ме мене. Мајка ми е мамутот, уште една копија. Сестра ми тигарот, а јас Scrat затоа што сум баксузче, а некогаш ме викаат и Сиди џуниор по дома. Дома си имаме мече Сид и на вратата од собата на моите родители има постер залепено, истиот постер и кај мајка ми во канцеларија стои. На одмор Сидот обавезно со нас го носиме, на плажа, на базен, на сите екскурзии што биле организирани од агенцијата итн, за нова година стандард дедо мразовска капа му ставаме на глава.
Многу слатко цртанче. Другите, веќе сте ги наброиле. Инаку од младоста сум фасцинирана од безброј кратки анимирани филмчиња, од типот на: Козле Бозле, Кловнот Бозо, Кенгурчето Опа-Опа, Грашковци, Брзата птица итрица и Којотот, Балтазар, Кукури-кокода (или како и да се викаше), Були, итн. И секако, д уан енд онли ===
Дефинитивно Дизни и Том и Џери. А од Дизни ми е омилен Кралот Лав , Аристократски Мачки и Заспаната Убавица, кои до ден денес ги гледам и сакам и моето дете да ги гледа, а не оние безвезнине од Картун Нетворк без никаква порака до децата.
Штрунфови ги обожавав, други омилени ми беа Пепелашка, малата сирена заспаната убавица, Були Були и секако тетка Биберче (најомилена) а да и пожарникарот Сем
How To Train Your Dragon http://www.youtube.com/watch?v=qHUhygdAZIw Ice Age http://www.youtube.com/watch?v=4EocdyJH ... re=related
Јас обожавам цртани. Омилени ми се: Том и Џери (многу нормално), Sponge Bob, Kid vs. Kat, Dexter's Laboratory, Caroline, Rango, Enchanted (Ова е и филм и цртан). Има уште ама ме мрзи да набројувам