едно кратко и слатко , претпоставувам студенска работа :Р или нешто СЛ http://www.youtube.com/watch?v=XSGBVzeB ... re=related Big Buck Bunny animation (1080p HD) http://www.youtube.com/watch?v=bsGEWHNJ ... re=related Elephants Dream Спојлер и ова гратис хихих
Порано не ги пропуштав Том и Џери, го гледав и Sponge Bob, Попај морнарот, Ариел, Похахонтас, Снежана и седумте џуџиња, и многу други
Имам 17 и гледам ги сакам долгометражните на Дизни и Pixar, никогаш незаборавни Кралот лав, 101 далматинец,Петар Пан, а од поновите Up, Dispicable me , Чудовишта, Шрек
Courage the cowardly dog! Дефинитивно најдобар! Никогаш нема да ја заборавам таа фацката кога се плаши. Спојлер Stupid dog! Инаку, ни на најјакиот хорор нема толку да се исплашам колку што се плашев на ова. Баш пред некој ден ги најдов епизодите на серверот на 5net, да се подсетам малку. И уште што се не гледав. Со брат ми и јас. Дигимон, Покемон, Драгонбол, па и Нинџа желките ги гледав.
Зацекогаш најомилен! Том и Џери(како мала мислев дека е споено-Томиџери сеуште си го гледам од време а време. има од овие поновиеве, South Park ми се доста се интересни но тие не би ги ставила во цртани бидејќи наменети се за повозрасни. И многубројните од cartoon network, ама по цел ден ге гледав до пред некоја година, сега некако ми здосадија
Баш пред некој ден го гледав Кралот лав кај братучед ми, се израдував како мало дете . Од Дизни нема кој не сум го гледала, Снежана, Пепелашка дневна доза ми беа, порано морав барем еднаш да ги изгледам на ден, после Заспаната убавица, Аладин и волшебната ламба, Ариел, Анастасија... И краткометражните ги обожавам, и ден денес седнувам и Том и Џери си гледам, или пак Попај, Брзата птица итриџа, Душко Долгоушко, Спиди Гонзалез, после Балтазар си го гледав, Тетка Биберче, Мечето Ушко и многу, многу други. И овие новиве од Пиксар ги обожавам, си ги симнувам и ги гледам, еве сега видов тука негледани утре се зафаќам за работа . Овие што се од Бумеранг и Картуннетворк не ги љубам, дебилски ми се некако . Само Скуби Ду и Wacky races & Stop the peagen .
Јас си израснав со мечето ушко, том и џери, па и од балтазар фатив малце. Од кај 6-7 години си ги фатив пауерпафгрлс, картун нетворк 24/7 беше уклучено, морам да кажам што убаво цртани имаше и оноа со менди го нема, кариџ го нема, ништо. Баш пред некој ден уклучив некои глупави нови, поима си немаат од животот нит интересни ништо. Тоа од краткометражни. Долгометражни сите овие заспаната убавица и компанија, се сеќавам колку ми беше страв од вештерката од снежана неможев да спијам навечер Анастасија ми е беше и уште ми е омилен, тој цртан не го менувам за ништо на светов. *Похахонтас и кралот лав ги мразев од никогаш не ми беа интересни незнам зошто. Впрочем и сега не ги сакам.