Дали гледам? А каде да гледам? Има на некој канал, ама цртан? Кратко и јасно: НЕ. Сите цртани се сега изретардирани, наместо да не успиваат, они ни прават кошмари, изгледаат како страшила. Не дека сум којзнае колкава, ама кога бев помала, барем ќе се најдеше некој нормален цртан, сега Том и Џери, ќе го најдеш еднаш во годината на тв, и имаат право, сега децата што гледаат „Долина на волците“, кој ќе ги сака изретардираниве цртани? Да не го отупувам уште толку, иако имам да зборам до утре. Ги сакам старите цртани нормално, и долгометражните, и краткометражните. Цртан филм, не памтам кога последен пат сум гледала. Еве утре ако станам накај 12, ќе гледам на сител, волшебникот од оз. Фала Богу им текна да дадат некој цртан филм.
Прееска имаше реклама, така слушнав. Eве што пишува во програмата на сител: 12:15 МАПЕТИ: ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ - филм авантура
Сунгерот Боб и Том и Џери дефинитивно ми се најомилени.. Иако сега не гледам многу многу цртани.. а ги сакам и оние долгометражните особено од Дизни..
Сунѓерот Боб додека играше на А1 редовно го гледав..ама една епизода ако треба по 5 пати ја гледав...и уште да игра пак ќе го гледам!
Баш сношти едно добар саат време се смеев до солзи на според мене најсмешниот цртан филм на сите времиња, оние од постарите генерации сигурно се сеќаваат на него рускиот - Ну, погоди, еве го http://www.youtube.com/watch?v=sXhFidw8KdM Не знам дали има други како мене посебно на моја возраст (не дека ми е посебно гајле) ама јас сеуште гледам секакви цртани од кратки до долгометражни, од првите црно-бели на Дизни до новите анимации од сите студија и земји на потекло. И морам да нагласам дека цртаните филмови често имаат толку фантастична музика тоа чудо едно е - уште од мала си ги потпевнував радо „За добра ноч...„ од Мечето Ушко и од „Будилници„ заразната музика, исто и тој со инсектите имаше многу јака музика го најдов под име „Црв„ на You Tube - http://www.youtube.com/watch?v=EuUEeKHN9bA Исто и Pixar имаат предобри анимации, често ги гледам и нив кога сакам да се изнасмеам баш онака здраво. Поголемиот дел сте ги наброиле јас ќе ги додадам оние кои мислам дека не се споменати, бидејќи заслужуваат да бидат дел од оваа тема, како дел од нечие детство - мачорот Тошо, Мамли, Бети Буп, Атомската мравка, Пепе и Микроби, мравката Ферди, пчеличката Маја и Вили, Кире Бананамен, Козле-Бозле, Радован и лошото детиште Хуго, Јајо и Пајо и скржавецот Крковичка, Вали Гатор, Хипо и Чипо, клукајдрвчето Перо, Таличниот Том и браќата Далтони, Вини Пу, Бамби, Снупи и Чарли Браун, Кременковци и многу други. И ако некој се сеќава на тој цртаниот со детето и авио-мувата нека ми пише како да го пронајдам, се убив од барање неуспешно ...
Јас многу си го сакам Мечето Ушко. Одмана го немам гледано, повеќе не го ни даваат. Ама интересно ми е тоа што куќичката му е секогаш средена и е мн. педантно животинче. И плус е такво присебно и мирно, како мал џентламен. http://www.youtube.com/watch?v=K5umZx-4fAI Едит: Овој рускиот Ну, погоди ми беше многу страшен, ама јас пак го гледав
Мене омилени цртани ми се: http://www.youtube.com/watch?v=FysobubtDcI и http://www.youtube.com/watch?v=IKLkiheRfM8 Спојлер ...ги обожавам значи и уште можам да гледам 24/7 и да не ми здосадат. Ете од мала ми се допаѓале вакви некој цртани со мистерии,морничави работи, црн хумор.
Мене оваа ми свири на мобилен. И мене ми е еден од омилените цртани од времето, Лилипут Пут се викаше и ги има скоро сите епизоди на youtube. http://www.youtube.com/watch?v=hRuMmIgzYw0 http://www.youtube.com/watch?v=FeRl3bhM ... re=related
Јас најмногу го сакам Barneyard.Мислам дека не го знаете од новите е тоа е улава кравааа.Многу го обожавам цртанот. А од старите се знае:Пепелашка,Похаонтас,Ариел,Аладин,Убавицата и ѕверот,па душко догоушка и јас сум голем обожавател на Што има шефе?? Али Том и Џери и ден денес кога го фатам го гледам.
Пак јас. Тој цртаниот кој никако не успевам да го најдам детето се викаше Колен, конечно се сетив на името, ако некој најде линк нека ми прати ЛП, . И се сетив на уште еден цртан од детството - Три банана, посебно на аждерот и неговата реплика - сакав да сум чучулига, но јас сум аждер, а ти ПЛАШИ СЕ ОД МЕНЕ (овој дел е со викање). И денес од глава не ми излегува „ја сам будик будиче ла-ла-ла-ла„...
Будит је муој коњичек Стретол сом са находоу Ај с такоутоу приходоу Оваа? Ах, колку убави цртани филмови сме гледале. Мојот омилен? Оној рускиот - по патот со облаците, ах колку сум тажен Ми идеше да го изедам тоа тигарчето од милина Лилипут пут, Були, Мразик, Балтазар, Пјаф, Мечето Ушко, Козле Бозле, Грашковци, Тетка Биберче, Кире бананамен, КАЛИМЕРО (мојот љубимец), Микроби, Радувањата на Радован....ах илјадници. Кога ми е онака, безвезе, си ги пуштам на youtube и искрено ептен си уживам. За Том и Џери, Багс Бани, Којотот и брзата птица итрица (миг миг) ич да не правам муабет. Особено ми беше симпатично она малото глувче од Том и Џери - touche monsieur Jerry! Инаку има еден тип кој има специјално направен блог за сите цртани од нашето детство и дури и посебен канал на youtube. Верувам дека ќе ви помогне линков во наоѓање на вашиот омилен цртан филм Спојлер http://moby.blog.mk/ И еве и тука одговор за Теодора, во случај и некој друг да го бара цртаниот, тој со Колен и авиомувата е француски и се вика во оригинал Ah si j'etais, ah si j'avais (ах да бев, ах да имав).
И ден денес си ги гледам истите цртани кои ги гледав кога бев мала..Том и Џери..Пинк Пантер - незаменливи се. Исто така ми се допаќаат и долгометражните цртани филмови како Анастасија, Пепелашка и Заспаната убавица.
Цртаниии. Том и Џери се класика, незаменливи. Инаку пред 2 месеци ја сонував Снежана и го спуштив. Ме потсеќа на убави времиња, кога ми беше се рамно. http://www.youtube.com/watch?v=cFp6vZ1oOWo Какви се слатки
Порано, како мала, едно седнување пред ТВ, цел ден цртани. Том и Џери, Скуби Ду, Снупи, Пинк Пантер. Сите ги поредував Ги гледав и сериските, Драгон бол и Покемон Да не го заборавиме и Сунгерот Боб и неговиот најдобар пријател Патрик Не ги пропуштав додека беа на А1
Си гледам обавезно ако начекам на ТВ или мајка ми ако гледа шо има и викам остај ќе си гледам цртанче и ми се смее демек голема сум била. ама знам дека не сум само јас од возрасните што си гледа омилени том и џери, сунѓерот Боб, декстер, шрек и мн други