1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цртачки предизвик - Тема: Inktober'52 (Astronaut)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од theowndemon, 4 ноември 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Седнав да учам онака и само ми текнува дека ќе отворав темава и си прам „аман еднаш на време да ти текни“. :D Нов месец - нов цртачки предизвик! Од кога заврши Инктобер се думавме за начин како пак да се дружиме, уште еден 30 дневен предизвик ( а, има многу на интернет) мислам дека е ту мач, јас бар изгубив кондиција претходниот месец секој ден. Е сега, идејата за сега е вака:

    • Има различни цртачки предлози и секој можи да предложи одреден цртачки предизвик и сите влегуваат „во игра“.
    • Ќе има неделен цртачки предизвик зошто имаме разбирање за туѓо време и колку време уствари можи одреден цртеж да ни одземи, а некогаш то е саати, па и денови.
    • Цртежот кој ќе има најмногу лајкови одлучува кој е следниот предизвик.
    • Према мене, океј е да се повторват предизвици оти иако има многу, одредени се популарни со причина. Пишете за оваа точка шо мислите, дали сте за повторвање на предизвици по некое време ако сите ги уживале?
    • Материјалите кои ќе ги користите се целосно на вас, нема ограничувања како Инктобер.
    • Идејата ми беше од Понеделник до Недела да се ставаат цртежи, и во Недела да се задади темата шо ќе биди од Понеделник. Без победник, без нешто комплицирано, туку ова со лајковите е за да се избери следен предизвик и да е интересно, а притоа да има доволно време да се црта кога ќе имаме некои покомплицирани теми.
    • Ако имате најмногу лајкови и не ви се допаѓаат предложените предизвици, секогаш можи да предложите нов предизвик или пак „тема“ односно збор на кој ќе се црта таа седмица.
    • И ако сте расположени за да направите поќе од еден цртеж и имате желба и време - зошто да не?
    Е сега предизвиците можи да бидат и исто така цртање на дадена тема, а можи да бидат покреативни како цртање со лева рака, цртање како мислите дека личи членот над вас, од шкртка да се напрај уметност, можи да се црта ако сме во близина на некој празник да се обидиме да ја доловиме атмосферата во цртеж. Поентата ми е нема да се натпреварите конзистентни, као со лева рака нема шанси добро да личи цртежот ( десна рака за тие кои се леваци) ама важна е забавата и пошто јас со другари се бериме на видео чат и цртаме вака - ви гарантирам дека е забавно. Кога пример предлагате цртање со лева рака, предложете и тема на која ќе се црта, можи и такви комбинации да се прат. Као буквално се можи да се прај, сите идеи се добредојдени!

    За оваа седмица:
    1. Пошто темава ја отворам во Среда ради мрза, нека биди првата седмица кратка за да биди динамично, па од Понеделник почнуваме по „план“. Ако имате забелешки какви било ве молам коментирајте ги зошто јас пробав да добијам поќе мислења ама не добив и зато вака ја отворам. Пишете како мислите дека треба да е за на сите да одговара. Као не само за времето, за било какви забелешки, вака можи и поќе луѓе ќе ја видите за да ја средиме темата на самиот почеток.
    2. За прва тема, ако се согласувате, ете јас предлагам да е the scribble challenge чисто колку да почниме, па до Недела ќе знајме кој има најмногу лајкови за да предложи следен предизвик. Долку ќе го објаснам предизвикот.
    The Scribble Challenge:
    Предизвиков се исполнува така што земате лист хартија и со стило/ молив, по ваш избор шкрткате нешто со затворени очи. Откако ќе ги отворите очите и ја видите вашата шкртка, почнувате да цртате со нејзина помош. Од таа шкртка треба да направите да личи на нешто, користејќи ги нејзините „помошни“ линии. :wasntme: Многу уметници сликаат скеч, па ако се решите за боја и да комплетирате целосно дело - сликнете и така. И тоа е добредојдено.
    upload_2020-11-4_18-57-27.png
    (примерот е преземан од интернет, задебелените линии се шкртката кој некој ја направил, посветлиот дел е делото кое е нацртано, комотно кренете ја раката дур шкртате не мора да е една споена линија).

    Следни предизвици ќе пишам во едно до две мислења ( зависи колку надолго ќе фатам да објаснувам) за да не се мешаат со ова првото кое се однесува на оваа прва, почетничка седмица.

    Let the hunger games begin. :inlove:
     
    На zhap4e, Alishan30, Luminary и 15 други им се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Конечноо Димн, нестрпливи бевме. :D
    Јас само да си кажам дека сите ќе ве лајкувам. Немам срце да прескокнам некој. :bandit:
     
    На Victorian, Ketchup, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Од збор до цртеж:
    Ова е преедноставно. Се пишува еден збор и од зборот се прави цртеж. Значи се предлага збор од тој кој избира предизвик, и се кажува дека од зборот треба да се нацрта нешто на тој начин шо зборот е искористен ВО цртежот, а не е само тема на цртежот.
    upload_2020-11-4_19-10-30.png
    ( сликата, пак, преземена, можи да биди оставено едноставно со молив или можи целосно да се комплетира и со боја и останати детали)



    Предизвик со три маркери:
    Овој предизвик се исполнува така што затворате очите и од сите бои кои ги имате одбирате три „на слепо“. И после само со користење на тие три бои правите цртеж ( + мастило ако сакате за аутлајн, не е читин ahahah).
    upload_2020-11-4_19-13-49.png
    Сега прв пат видов предизвиков, од кај шо уствари ја преземам сликата, и добив идеја, не мора да е само со маркер туку со било каков вид на боици:
    • дрвени
    • водени
    • темперни итн
    По избор на тој кој треба да бира. Нека седи името на предизвикот вака, ама за да не пишам исто објаснување со различни видови на боици, нека се подразбира дека типот на бои кои ќе се користат е избор.



    Уметност со кафе:
    Тука мислам дека и нема потреба од нахнадно објаснување. Правите кафе ( поретко, погусто) и го користите место боја. Нигде не читам за користење и на талог ама реално никогаш ова го немам праено така да не знам како е, кога ќе го избериме предизвикот заедно ќе научиме како најдобро се црта со кафе аххаха.
    upload_2020-11-4_19-18-11.png
    Линкче од каде преземав овие слики до сега. Можи да ви се најди.



    Bob Ross Challenge:
    Инструкциите за овој предизвик се многу едноставни. Земате лист, или платно, изборот е ваш. Боички. Си пуштате Боб Рос видео и одите чекор по чекор да цртате по неговите инструкции. Изборот е ваш. Ве молам кажете обично шо боички користи да си набавам зошто и да неќите да го прајме заедно, сакам сама да го прам.
    upload_2020-11-4_19-22-16.png
    Линк од целата приказна од кај шо иди сликата, прочитајте прејако е.



    Цртање со лева рака:
    Барем ние кога сме цртале со лева рака го правиме така што прво на дадена тема цртаме мини цртеж со десна рака и после со лева рака го прецртваме. Пошто со послабата рака е тешко да мислиш и да одиш по замисла, полесно е прво да видиш како сакаш уствари да дојди. Ама секогаш можи да одите директно со лева рака, не е проблем.
    upload_2020-11-4_19-25-13.png


    1 min/ 30sec/ 10sec:
    Ова кога слушнав инструкции не мислев дека е возможно да се напрај. Ви гарантирам дека ќе бидите изненадени колку многу можи да нацртате за 10 секунди. Идејата е, се дели листото на три дела, земате тајмер, пуштате и цртате една минута на дадена тема ( можи темата да биди дадена од тој кој го избира предизвиков). На вториот дел од листот планиран за овој предизвик, цртате на тајмер со 30 секунди. И за крај, на третиот дел од листото пуштате тајмер 10 секунди.
    upload_2020-11-4_19-29-28.png
    Исто и овде се оди со идејата, прво да се види шо сакаме да нацртаме и полесно е кога го гледаш и го прецртваш ама секогаш има опција за обратно цртање односно 10 секунди, па 30 секунди па 1 минута. Као, од сите предизвици можат нови предизвици да излезат, да остајме да излези креативното од нас. Исто така гледам на нет дека има и поинаков предизвик со време: 10 минути, па 1 минута па 10 секунди. Буквално можиме сите варијации да ги пробаме ако ви е интересно.



    Предизвикот Амабие:
    Амабие е јапонска легенда за сирена. Ова беше предизвик пред извесен период, како awareness за COVID-19 и многу уметници имаа свои интерпретации за тоа како Амабие изгледа и правеа уметност со неа. Идејата е дека штом има пандемија, треба да се копира ликот нејзин за добро здравје. Предизвикот е буквално да се нацрта сирена. Линк за да прочитате поќе, интересно е.
    upload_2020-11-4_19-37-12.png
    p.s. Сирена со три перки е.



    Zentengle:
    Се црта така што на листот хартија правиш искривена линија, па друга искривена линија и после внатре во искривените линии црташ некаква шема или ги пратиш веќе направените искривени линии. Прај смисла? Ко за некој шо ги претставува сите овие предизвици, абер немам да опишам нешто, зато толку се потпирам на примери.
    upload_2020-11-4_19-39-51.png
    Ова е уствари линк од каде крадам неколку идеи. Отворете линкот убав канал ми гледа иако го немам гледано многу претходно. Ама мислам дека од сликата е јасно шо сакам да кажам.



    Од објект до некој лик:
    Се зема било кој објект од непосредно опкружување ( ова можи да биди на избор на секој кој учествува или да биди избрано од тој кој го избира предизвикот), пример саксија, топка, книга, и целта е да се направи во сладок лик.
    upload_2020-11-4_19-44-15.png
    Нормално, девојката на видеото вели дека ликот мора да е сладок ама не мора да е, ние можиме да го прајме и покомплицирано, некогаш страшно, некогаш слатко, по наш избор. И овој предизвик можи да се разчлени на многу поситни и за нијанса поразлични предизвици.



    Уметност од една линија:
    Мислам дека имам цртано лично јас по темите на овој начин. Земате една линија значи без да крените стилото/ моливот или шо и да сте избрале, ја виткате дур да излези „нешто“. Штом крените моливот, значи сте завршиле.
    upload_2020-11-4_19-48-23.png
    Мислам дека сликата објаснува многу шо проба авторот да објасни на многу беден и мизерен начин. Да, јас сум авторот. Да, јас не знам да објаснувам.

    Ова ми е 10та слика во мислењето така да одам да си земам нешто благо па ќе соберам уште некој предизвик и ќе објавам вака, за да имате избор. Повикав и пријател за да направам шо покомплетна листа од која ќе можите да бирате.
     
    На Alishan30, sweet-cherry, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Цртање на нешто старо:
    Знајте она, 2016 вака, ама 2020 вака? Сите некогаш сме почнале со цртање. И претпоставувам дека голем % од тие цртежи ги имаме физички или бар дигитално. Гледате кај одам со ова, не? Епа си избирате еден стар цртеж и го п р е ц р т у в а т е. Добар начин е да се види колку сме подобрени. Ова уствари со тие со кои цртам ни е планирано за следна средба, да ископаме стари цртежи и да ги прецртаме и после уште нешто, шо ќе го пишам одма после сликата оти ние ќе го прајме споено ама можи ние тука да го викаме башка предизвик.
    upload_2020-11-4_20-14-38.png
    Е сега ние шо ќе прајме друго е, шо секој ќе пушти стар цртеж во ЛП на другиот ( тројца сме па е изводливо ама мислам дека има начин и тука да напрајме така), цртежот кој го пуштаме е исто, стар цртеж пример мој, го пуштам на другарка ми и таа го прецртва во нејзин стил, а јас прецртвам од другарот стар цртеж, во мој стил. Не знам како би се организирале за ова на форум, ако имате идеи плс. Интересно е.



    Цртање лик во повеќе стилови:
    Избирање на еден лик, дали од филм, цртан, серија и тој лик да се прецрта по неколку различни стилови на цртање. Пример цртан vs аниме стил или стрип vs манга. Исто така можи да биди спој на повеќе цртани, пример лик од еден цртан е нацртан во стил А. Па се прецртва во стил Б кој е уствари стил во кој е нацртан друг цртан. Во видеото шо го линковав во претходното мислење со објаснување, е спој од два цртани:
    upload_2020-11-4_20-18-34.png



    Doodles:
    Пополни цела страна со мали doodles! Ц е л а страна. Не е читинг и да е мал лист ама ... ама ...
    upload_2020-11-4_20-21-9.png




    Цртај по песна:
    Ова е исто така нешто шо го имаме праено ама се потсетив од видеото од претходното мислење. Се избира една песна и се црта по неа. Песната можи да биди избрана од тој кој избира предизвикот или секој да црта по своја песна. Ние лично, пуштавме песната на loop да врти дур думаме и цртаме. Најчесто временски не ограничувавме. Можи исто така да пробаш да завршиш цртеж дур трај песната (~ 3 минути).
    upload_2020-11-4_20-56-39.png
    Ок не можев да најдам слика тука ама морав нешто рандом да клам оти инаку ќе пукнев ако остаев едно без слика. Идејата е на шо ве асоцира сликата - то цртате. Можи да биди шо било.



    Скулптура од ѓубре:
    Ова не е веќе цртање ама ќе го остам да трепка оти е уметност иако темата ја именував „цртачки“ предизвик. Земате работи „за фрлање“ и прајте скулптура од ѓубре. Уметност од ѓубре. Ова можи и да се напрај така шо се шо ви е пред трошење да го потрошите на даден цртеж.
    upload_2020-11-4_21-14-13.png



    Цртање со гума:
    Ова баш сега го видов во форма на јутуб видео, линк. Накратко, го сенчаш листот ЦЕЛ и после со гумата како шо бришиш така уствари црташ.
    upload_2020-11-4_21-21-45.png


    Цртање со затворени очи:
    Ова не знам како заборајв, а го имам праено. Буквално се задава тема за цртање, и се црта своја интерпретација ама ... со затворени очи. Линк.
    upload_2020-11-4_21-26-2.png



    Модифициран Боб Рос предизвик:
    Ова го видов ко го пишев претходното мислење ама си реков „нее ... со храна?“ и сега ми текна дека буквално кафе предизвикот го напрајв. Се прати пак видео на Боб Рос ама не се црта со бои туку со frosting и прехрамбена боја се меша во frosting. Јас го пишам како Боб Рос предизвик, ама секогаш можи да биди на било која тема.
    upload_2020-11-4_21-35-32.png
    Линк од видеото, прејако е одамна гледано ама ќе го прегледам.



    Пикселизирано цртање:
    Накратко, имате замисла за нешто ама не го цртате со линии и споено и убо ама ... го ... п и к с е л и з и р а т е.
    upload_2020-11-4_21-37-25.png
    Многу се сеќава дека ми е мака да објаснувам?



    Анимација:
    Буквално земате неколку мали ливчиња, ги редите последователно и цртате некакви движење. Нема шанси да не знајте за шо зборам. Flip- book.
    upload_2020-11-4_21-39-15.png
    Не мора да е толку големо како на сликата, можи да е само неколку последователни слики, пошто посекако ќе го ставаме ние како слика неколку карди освен ако некој не го мрзи да го снима своето па да го прај во гиф али процес е тоа.



    И то е то. Мака ми е за уште. Ама сега знајте, во првото мислење е the scribble challenge и то е предизвик до Недела така да сакам да гледам цртежи напраени од ваши чкртки!

    edit. Повикав и пријател за да комплетирам 20 ( +1 ) предлог предизвици, да не ми се лути пријателот @SStasia поз ma4e mwa. :D
     
    Последна измена: 4 ноември 2020
    На sweet-cherry, Luminary, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    Предобра тема :inlove:

    Искрено, не ме бива баш за цртање ама секогаш обожавам да гледам цртежи од вакви предизвици па можеби овој пат ќе пробам да учествувам, баш ќе ми биде добра релаксирачка активност како контраст на турбо секојдневието што го имам :)
     
    На marija305, Celltica, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Ејјј баш ми се свиѓа идеата, може да се мотивирам да цртам почесто. Ама чекај сега која е првата задача за да почнеме, Scribble Challenge?
     
    На Celltica, theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Да, таа е прва, зато ја оставив сама во почетното мислење, другите се отворени за избор ако некој нема идеи шо да предложи следен предизвик ако добие најмногу лајкови. :D
     
    На cresa-jagoda и ~Allure~ им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Кој не може да заспие, ќе црта :D
    Да почнеме :inlove:
    1. Првите линии (се свртела вертикално сликава, продолжив после хоризонтално да цртам)
    [​IMG]

    2. Sketch
    [​IMG]

    3. Final
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Cherry blossom89, emiliana и 17 други им се допаѓа ова.
  9. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Ај со ова барем да напрам нешто ко го запоставив инктобер xD
    IMG_20201105_115009.jpg IMG_20201105_115502.jpg
     
    На sweet-cherry, Cherry blossom89, emiliana и 15 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    Благодарност до @Celltica шо го скрши мразот, еј од она шкртка немаше чоече да видам, скапав гледање и си прам "daaamn предобро". (highfive)

    @SStasia чкрткава ти е како one line уметност :о Грев е врз неа да црташ, така да си знајш. :rofl:
     
    На emiliana, SStasia, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    [​IMG]
    И јас не знам како ми испадна на крај психоделичен blond Zach Galifianakis :D
    Од кругчето тргнав некако со наочари, другото спојував колку да искористам линии :D

    Дечки преубави ви се цртеживе горе и најискрено ви ги лајкнав сите, не туку така, многу ме радува темава.
     
    На emiliana, IM.TMKQ, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Разговор со синчето кога го виде цртежот:
    Син ми: Мамо, пеперутките имаат цицки?
    Јас (збунета од прашањето): Не...
    Син ми: Епа тогаш зошто место крилја, си нацртала цицки на пеперутката?
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На piglet1, sweet-cherry, Cherry blossom89 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Мене и на една другарка кога ни е досадно си играме предизвик со три маркери, само со дрвени боици :D
    Си купивме две исти боенки од Џамбо и после жири имаме, остава оцена на делата боени со три боички без да знае кое боено на кој е :D:D
     
    На emiliana, SStasia, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    20201105_190003-01.jpeg
    IMG_20201105_192126_331.jpg
     
    На piglet1, sweet-cherry, Cherry blossom89 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Брзи сте, ќе испадне пак како дневен предизвик да е. :lol:

    Ги претежив линиите со сина боја но не се гледаше, па поминав со маркер од страна.

    Недела 1, The scribble challenge:
    20201105_194340.jpg
     
    На sweet-cherry, emiliana, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    5.891
    Глупости ама ај нека тера :rofl:
    0888E6F1-6750-4E30-B72A-5A9E89477BFB.jpeg 293FD55B-8E50-41F7-8C15-5D4DD0354B2D.jpeg
    иначе доста интересен предизвик, баш ти ја разбудува креативноста, супер тема:l:
     
    На emiliana, grungy, IM.TMKQ и 7 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.019
    Пол:
    Женски
    IMG_20201106_150539.jpg IMG_20201106_150554.jpg IMG_20201106_150608.jpg IMG_20201106_150623.jpg
     
    На GRIN, piglet1, sweet-cherry и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    44.860
    Пол:
    Женски
    Браво за темава! :D
    Немам никакво познавање, но сакам да шкрткам. :wasntme:
    20201106_164602.jpg
    Screenshot_20201106-164516_Gallery.jpg
     
    На sweet-cherry, Cherry blossom89, emiliana и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.735
    Пол:
    Женски
    Преубава тема, браво @theowndemon :clap:

    Немам многу време, многу сакам а појма немам да цртам.
    Но сакам да учествувам макар и да не ме бива:)

    20201107_000316.jpg

    20201107_001309.jpg
     
    На brazilia, Cherry blossom89, JoanaS и 10 други им се допаѓа ова.