Јас сум ја играла еднаш. На одмор бевме собрани големо друштво и игравме, многу е интересна ама начукување до даска, што и да се падне се пие Еј што убаво ме потсетивте на играва, сакам пак
Тешко кој може да ја поднесе оваа игра (еден круг и готов си), само хард кор ништо друго. Во секој случај кога и да играме со друштвото носи незаборавни моменти. И да, +18. Може и +21 Озбилно, не е за деца играва.
Незнам дали ја има тука да се купи ние кога ја игравме ја симнавме од нет како слика и ја испринтавме
мене ова ми е врвот ! И не е со пиење, како кај цугопол. Треба само добро друштво и забавата може да почне! http://pijopol.mk/
Интересна игра одамна ја немам играно ама кога ќе се собереме со друштво ја играме и пепел се правиме.Претходниот пат како се погоди јас со плаво човече се ми се паѓаше да пијам и уште на вториот круг веќе бев светната хахахаха а другиве гајле немаа