Мед никако! До година дена па некои и до две препорачуваат. Во медот има спори од бактерии кои стомачето на бебе не може да ги уништи. Тие бактерии после го напаѓаат мозокот на бебето и тоа не се лечи. Ние имаме tommee tippee цуцла, не ја сакаше многу до 4 месеци, па после ја засака. Упорно му ја давав, при шетање со количка или кога се вози во кола. Сега само за спиење. Ама кога забчињата ќе почнат да излегуваат, и кога се буди ноќе на 15 минути цуцлата е спас. Инаку ќе треба нон стоп на цице да го држиш! Цуцлата е спас, и нема врска со цицање.
Ќе купиш најмала цуцла што може, јас имав од оние огромнине што сите им ги ставаат гледам на децата, безвезе ми се им го покриваат цело лице, е нив бебе не ми ги сакаше ги плукаше и ги фрлив и потоа купив една многу малечка мислам MUM и таа ја плукаше, но јас бев упорна, го залажував така неколку пати, знаеш како ај земи и тоа ќе посегне по неа и јас му ја тргав.Малку е безобразно од моја страна, ама така ќе го зезаш 2-3 пати и после само ќе си ја лапне. Мене ми успеа, па пробај
Не ставам мед, ни вода ни чај ни ад нема пробано, само цице и малку кокосово на лице кога го мачкам, а и капките што се задолжителни. Ќе пробам еспумисан е благ да ставам
Ех таа цуцла колку брка работа синми до кај 7 месеци држеше цуцла ама и не беше зависен од неја и послем како преку нојк да ја занејки кога ке му ја ставев кога ке го извадев од цице одма ја плукаше и си се врајкаше на цице упорна бев пак да му ја дадам ама џабе беше не сакаше повејке да ја смисли незнам зошто.а колку е поубаво извади го од цице стави му до цуцлето и ке си продолжеше да спија а сега дури да се тргниме од цице ехеххе и многу често бре ми се буди нојке сигурно 7-8 пати во текот на нојкта ама мама не се буни срејкна си е што уште си цицаме.,и без цице никако не заспиваме само тоа ни е мана што некогаш ако треба друг да го успие незнам дали ке можи.
Ние решивме да пробаме цуцла лажливка мора да се проба, зошто. ни кога спие не е мирна Купив на нук каучук бр.1 и позади на декларацијата пишуваше да се зоврие со вода максимум 3 мин. но не пишува со средство за садови. Тука прочитав дека некои од вас така ги вријат, да не има врска што е каучук, а не силикон? Да не поприми каучукот од средството или?
Какво средство за садови,сјај?Прв пат читам такво нешто.Јас ги вријам со вода и сода малце и откако ке зовријат темелно уште еднаш ке ја исплакнам и толку.
Да, со сјај, На страна бр. 9 од темава две членки така постапувале, па се подзамислив, да не не ги вријам правилно?
Јас од Нук ја ставив во машина, не знам со кој памет. Претходно беше жолт силоконот или од што и да беше, а после перење бела. И така таа ја нејкеше бебето, повракаше од таа. Се мислев дали да ја фрлам или исперам и сокријам. Секако заврши во губре.
Успевам некако да и ја дадам и ја цуца кратко време но приметувам дека ја сече на дебелките образи ќе мора да барам друга, тие што ги кажувате од дм. какви се?
Јас ги користам тие на ДМ Babylove, супер ми се погодени а евтини. Почнавме со оваа и искрено многу убаво ја прифати за разлика од други две што ги имав на Нук: Малецка е, и баш за бебиња до 6 месеци. Мислам околу 60ден е.
Потполно се согласувам со @Kitten . Одкако сменивме 2-3 цуцли конечно ја прифати од ДМ babylove. Но некако не памтам дека беа 60 ден?? Да не беа накај 100 и кусур??
ах таа цуцла... ние уште кога имавме една недела сме со цуцла-со сласт си ја фати уште првиот пат. искрено јас сум голем противник на цуцлите (лоша навика е, паднала па измија нечистотии, па покасно и влијае и на формата забите, но детето само те учи како ќе го изгледаш а не јас тоа што мислам дека е најдобро! ) ама не беше до мене син ми многу плачеше кога го облекувавме после капење и единствен спас ни беше таа и уште тогаш сам си ја држеше со рачето,- сегА ела извади му ја : со неа заспиваме и цела ноќ си ја шмука само ја пушта кога сака да цица и само се бркаме со цуцлата од голема помош е да најбрзо се смирува кај и да си , НО сега доаѓа најтешкиот дел- како ќе се одвикниме од нејзе? знам дека е мало но ....се наближува времето помош....
Ние за сега ја користиме замо за успивање. Штом заспие одма ја фрла. Навечер некогаш се буди и ја давам и ако не е гладна се смирува и повторно ја плука. Кога е будна и кога не и се спие ја фрла одма. Но кога сме надвор, во кола, лекар и те како е помош за смирување. Ја прифати на 3 месеци ИСкрено јас не ја мијам на секое паѓање, доколку падне дома. Треба малку да им се јакне имунитетот. А за одвикнување.. ке се најде решение за се..во свое време. Не се замарај сега. секако ке треба да се одвикнат и од пелени, шише(моето).. кога ке дојде времеке се најде начин
да така е има време ама јас се плашам ако е на татко му ааах до три години ќе си ЦУЦКАМЕ, полесно можеш да го навикнеш ама одвикнувањето е тешко
На наши пријатели детето има 2,5 год. и уште со цуцла заспива, кога ќе го видам си викам добро што мојата не фати цуцла.
Ау не знам, мојата беше една во пакување А не памтам дали беа 0-3, 3-6 или 0-6, 6-12 месеци? Кога треба да се смени?
Кога ќе почне да се распаѓа Шала на страна, но на бебчиња кои фаќаат веќе 6 месеци видно им се мали цуцлите што се за новороденчиња. Мојава ептен беше смешна со тоа малото цуцле, па дури веќе и дел од пластиката ја лапаше Тие на Бејбилав се кец, двојка и тројка величини. Кецот е 0-6, двојката е 5-18, тројката над 16. Од двојка и тројка нема единечни цуцли, сите се во пар. Ама анализа сум направила значи
Дали некоја од вас знае каде можам да најдам цуцла лажливка на Philips, оние анатомските во ремедика што ги користат? Знам дека бебесупермаркет ги имаа ама од март навака немаат на залиха. Бебуш не сака да фати од оние другине форми,па си велам оваа наликува на штитниците за гради и ќе ја сака. Вака со саати седи на цице дури и кога не е гладен