@joy1 Да се надоврзам и јас Минатиот месец ја откажав малата од цуцлата. И зедов и и кажав да ги фрли во канта. Таа ме послуша, после ја бараше на неколку пати, ама не правеше некој проблем. И кажав нема и толку. Во канта право фрлив/ме во случај да не ми падне жал па да и дадам ако побара Секако бев одлучна и да плаче и да не плаче ќе си издржиме ден два и толку. Првата вечер за заспивање и беше необично, не знаеше што да прави со устата, како да се успие бидејќи таа заспива сама, ама и дадов една мека кукла да ја гушне и сега таа и е нон стоп во кревет.
@joy1 не и се искривени запчињата од цуцлата? На напред да и одат? Убава е кукла, само без цуце би била уште поубава
@kallias барав слика баш да видам ама немам, само оваа ја имам, Ко вервериче е ама криви не и се воопшто
Мoетo дете цуцлa не фaти. Абе штo не прoбaв, сaмo и сaмo дa јa зaќутaм сo цуцлa. Амa не и не. Мене ми се пoсебнo слатки сo цуцлињa. Џoјче мaлa И гoлемaтa нa @zalosna ми е љубoв сo цуцлетo
Што има лошо во цуцлата а нема во се друго што ке пика во уста? Моето несакајки се одвикна два дена,видов не видов пак ја дадов,не ја бараше,пикаше се во уста и беше мн нервозен. Не се сите деца исти за се,па иза ова. Секое си има за се,свое време. Не се искривуваат заби од цуцли.
Мене ми се баш симпатични дечињата со цуцле! Инаку моите и двете ни ден не фатија цуцла па сега и двете носат протези...
Моето фали цуце особено кога го слушам како цуца се топам мил звук ми е ете.. Многу пати се успиваме со цуце и во критични моменти и тоа како е од корист.
Големата од уста не ги вади двата прста, средниот и тој до малиот. А кога ќе и рече човек да ги извади од инат дотура по еден и од другата рака. Со малото со ред си ја фатив работата. Оно нејќе ја пикај, оно плукај јас пак пикај... и сега многу сака цуцла. Боље цуцла, барем чиста, одколку со двата прста како големава.
Мајки која цуцла да ја земам во смисла нека е и поскапа само да е добра, синко е голем обожавател на цуцла и ја прифати од прв момент а има само еден месец. Сфаќам дека цуцла не е најдобро решение ама ете помага ептен.
Кај мене од одма си прифати цуцла. А сега преку ден и ја тргам за да не ја гледа, и не ја бара. Ако ја види некаде си ја става во уста. А навечер за спиење, обавезно со цуцла. А баш како што вика Дани, и мојата сега оваа недела исто тие два прста ги боди во уста. Ја карам, ама нема нешто многу ефект.
Јас имав од Чико за новороденче,после си продолжував со нив до скоро,на секои 3 месеци мислам дека нова се купуваше.Сега имаме две од Canpol иста форма се како Чико и си ги прифати најнормално.Сега засега немам намера да ја одвикнувам од цуцла. Ко ќе сака таа самата,односно ко ќе почуствува дека нема да и треба цуцла повеќе,тогаш ќе ја фрлиме.
Само за спиење цуцла, највеќе на chicco ја сака, другите ги фрлив. Преку ден не давам, многу ретко, а сега се трудам и за спиење да ја одвикнам.
Мојов фати цуцла одма и еве го има две годинки и уште си ја цуца, ама секогаш тоа било само за спиење, а да игра и шета со цуцла во уста не се случило. Кога ке стане сам ја заџиткува, кога му се спие ја бара. Јас одамна ке му ја тргнев, да го одвикнев... но ние сме на поголема мака, цица и палец па сега се обидувам да не го цица палецот, боље цуцлата.. полека полека се помалку го цица... порано а му се приспиеше лап палецот, а сега ми вика мама цуце... па нека го одвикне палецот, па после цуцлата Сега цуцла му давам за спиење преку ден, за навечер и кога се вози во кола.. Инаку обавезно палецот ке му е замена ако ја нема цуцлата...
Како што имам пишано малку погоре,така и бидна.Не ја терав да ја откажи цуцлата,но сама пред 3 недели ми ја одбиваше цел ден.Вечерта за спиење само дури да заспија и ја плукна по 2 мин.Од тогаш наваму нема цуцле повеќе.А кога ќе ми текни дека дотогаш без цуцла не можеше да си го замисли денот,неми се верува дека толку брзо ја откажа.Мн беше интересна првите 2 дена,јас упорно и ја ставам за да заспија,таа упорно ја вади од уста и ја фрла најдалеку што можи.