А кога ќе падне? Мир? Или одма плачки? Со моево маката е ја сака секогаш кога е буден, а кога ќе падне мора одма да се врати во усте инаку следи врискање, нема везе што мама е во вц или средува садови.. итн или е 3 сабајле, решил да ококори очи и да бара цуцла, ако е најаден. Ми иде некогаш да му ја залепам од страна со парченца ханзапласт.
Сам ја пушта во сон и не ја бара. Ако се размрда само му ја давам. Залепи ја. Или мора да си стално на готовс. Да се знае кој е главен.
Има ли врска некаква меѓу цуцлата и грчевите? Несакам да дадам цуцла само да не ја влошиме ситуацијата со грчевите кои за среќа уште ги немаме ама да не шмука воздух на празно, а ми треба очајно кога треба да се успиваме или пресоблекуваме, тогаш е најгласна
Nema nikakva povrzanost Grcevi ima sekoe bebe i samo vreme e lek za niv znaci mora da se prisposobi stomaceto na samostojno hranenje zosto neli se hranelo preku majkata
Мајќе очајно му треба цуцла на малиот. Т.е. мене ми треба Заспива на цице, кога ќе се тргнам плачи, ама ептен многу плачи. Имам на Нук, силиконска, му ја ставам не ја сака, прави фаци како да му се повраќа. Како да успеам да му ја дадам
Мојата до 4 месец никако не сакаше цуцла. Од кога почнав со вкусови пробување, тоа што ќе и се допаднеше и ја мачкав цуцлата и почна полека полека да ја сака. И во моменти кога мн и се спиеше, и беше во полусон, и ја ставав и ја прифаќаше понекогаш. И така почна да ја сака, фала богу!! Инаку беше дерење ако и ставев цуцла
Можеби е потреба цуцла ама не сум за. Госпожава моја само на почетокот цуцла сакаше, и околу 2 месец ми ја плукна и појќе не се потрудив да и ја ставам. Еве ја машала 7+ гајле немаме. Сама си заспиват ко ќе и се спијат.
Тешко да фатат така кога не сакаат од старт, мн ретко да фати некое. На пријателка не фати, секоја можна цуцла ја проба, му се грозеше на бебето како да е нешто најгадно на цел свет Моите и двајцата цуцаа, големиов до скоро... а 3ипол е, но конечно засекогаш ја батали. Кај малава ке пробам порано да и ја тргнам, 14м е сега.
Бравос! Ние сме9+ и уште мора в раце да се залуламе, и цуцлата в уста за да заспие.. Зглобов на ракава ќе ми попадни
може и да не ја сака баш таа цуцла, пробај со друга, пр. каучук. или оние за новороденче, за колкаво бебе се работи? моево е 5+ и таа највеќе ја сака. инаку јас сум за, за мир дома ми е супер а не е зависен, кога му се цица- цица, кога спие не бара цуцла, јас имам само позитивно искуство
Инаку да си кажам искуство... Цицање палче од 2м до 3год + цуцла, па со 200 маки го одвикнавме од палецот, па цуцла само од 3год до 3ипол, забчињата не се криви.. плус супер бели и здрави, вилицата не е крива. Најбитно ми беше прво палчето да го одвикнеме, зашто голема завист е... сум видела и сум слушнала што до многу поголеми цицаат палчиња, а палчето има поголема веројатност да искриви заби и вилица (плус и палецот да се искриви)... Среќа успеавме и од двете да се откажеме. На малава ке пробам порано, после 2год да и ја тргнам цуцлата, она не цица палче фала богу
Мене на болница ми ја фати ја сакаше но дома не, само ја плука, само на цицка е, бар да се залажи малку со цуцла да одморам, ама не плачи дури не му дадам да цица. Мајка ми во блага вода му ја макна и така малку ја фати но јас не сакам да му правам така, па и се скаравме тогаш и со мајками и со свекрвами да не му даваат шеќер. Тие ни давале нас блага вода ова она...
И кај мене е иста ситуацијата. Зајдува ако не цица. Па се прејадува, па повраќа, јас преморена, истрошена... Цуцла му подметнувам кога ќе заспие на цице. Ќе спие додека не го префрлам, па ќе се сети дека не е на цице ќе почне пак да плачи, ја плука цуцлата, се гади од неа, и се така во круг.
Ќе сменат. Многу се мали ама не се наивни. Сакаат топлина и близина. Биле во меше кај мама цело време. Ќе си фатат ред.
Кај мене одма фати цуцла 2-3 ден.. Јас сум за,често ноќе знае да се разбуди и таман да се расплаче одма и ја давам и си продолжува..кога ќе се успие убаво и паѓа и не се буди..не е 24/7 со цуцла во уста ама многу спасува кога е во "лошите"..
Јас си купив од Авент силиконски цуцли уште пред да се породам, оние што може од позади да се стави прстот. Кога дојдовме од болница не ги сакаше. За мекици добив друг тип, демек со форма на брадавица, па пробав со таа, одма ја фати. Сега има 5 недели, и сега е обратно. Таа и е мала и не ја фаќа ич, а овие од Авент ги обожава, ќе ги шмука до бескрај. Само што се тешки и ако малку олабави вакуумот во устата ќе и падне цуцлата па плаче за да мама и ја врати. Ама ми врши работа кога е нервозна, па додека да довршам работа што имам и да и дадам да цица, или кога во сон ќе има грчеви. Не се буди ама кенка, па и ја давам цуцлата и за 10 секунди пак заспива цврсто и ја тргам. Како стоматолог сум прилично против цуцли, сум видела какви проблеми може да направат, ама за кратки интервали ептен се од корист.