Дали да и дадам цуцла лажливка? Има 14 дена и ме подучуваат да не и давам никако не било убаво, имам 4 на нук и стојат. Ама ова мојава заспива на цице,кога тргам се буди и пак бара, ако ја гибам да цица се прејадува и повраќа,гладна не е,цело време е на цице сакам и да поспијам ако може малку
Твоја одлука е дали ќе даваш или не цуце. Бебе мое е со цуцла од втор ден како дојдовме дома, одма ја прифати и со неа заспива, со неа се смирува/ше.. Убаво, неубаво јас лезет видов од неа, богами и никаква штета, јас и сакав да имам бебе со цуце
Јас и давав одма кога ме пуштија од болница, ама околу втор месец ми ја плукна. И појке не ни се потрудив со цуцла. А на доење бев и уште ја дојам иако е 9 и пол месеци. Со заспивање немам никаков проблем.
Доенче е бебе, 16+ е и поголема љубов од цице нема Нека не те лажат со тоа, не за џабе се вика лажалка, за да го залажеш, самото ќе си побара цице кога ќе е гладно. Ако си имаш мака и си без сон тешко ќе ти биде, пикни цуцето и поспиј си, само моли се да го прифати пошто и тоа е мака
И ние се трудевме за цуцла кога цицаше без крај. Ама не фати. И сега сфаќам дека е подобро. Немавме маки со паѓање и пикање у уста бактерии, со одвикнување, со криви заби, со покасен говор... не ги мачете ако не сакаат.
3+ месеци сме ние и уште се обидувам секој ден да му дадам цуцла да се залажи малку пупките ми ги скапа но не и не, не сака бебе, не сака ни шише... На ексклузивно доење сме
Ќе помине, издржи уште малку, ке поминат грчеви, после ке бара цице само кога ќе биде гладно. Сега му е утеха. После раат ќе си,
Ти можеш да и дадеш ама самото бебе да не е зависно од цуцла,само по потреба. Обично повеќе сакаат цуце тие што цицаат зошто повеќе наеднаш се најадени со ад. Повеќе мл пијат.
Цица мојава ама се успива така ако се разбуди и нема цице плачки, и давам не цица спир на неа 2,3 пати ке повлече и спие. Како и да е, успејав, ја излажав, ке се нацица убаво и кога ке заспие и ставам цуце после сама си го плука.
Од пред два дена официјално без цуцла Мислев ќе оди многу тешко откажувањето, посебно затоа што по цел ден беше со неа, но напротив. Вечерта за спиење ја побара си тажеше по неа со плачење цуцлата цуцлата, наредниот ден за денското преспивање исто , и толку беше. Не ја ни спомнува повеќе
Јас успеав почна да ја држи малку цуцлата, еве неколку дена ја прифаќа, ми е од помош засега па ќе видиме како ќе биди
Што цуцла фати? Купив и едни силиконски на нук демек се лепеле на лицето и не ги чувствувала како страно тело - јок. Не и не кај мене, штом и ја ставам нагон за повраќање добива.
Дааа и многу било полесно со цуцла денес успеавме со мм да бидиме излезени дури 5 часа. му измолзив млеко го испил, после цуцлата па заспал нз каква е мислам од Мам 150 ден беше. Иначе исто така нагон и за повраќање имаше ама јас упорна секој ден го пробувај, ама и поголем е разбира сега, ја ваѓа сам, па си ја става во уста, си игра