Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цуцла - за или против

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 16 јуни 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски
    и мојата постојано сака да цица и цел ден ми е на града , што ке правиш :D зашто цуцла да и дадеш???? па ти си срекна штом не сака цуцла гледаш погоре има деца што до 3 год. имаат цуцла во уста, зашто да се мачиш после со одвикнување?исто така добро е што сака да цица има деца што со сила треба да ги храниш. ако имаш млеко само на града и ништо др. :!: :)
     
  2. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Извинете што ќе се обратам тука,ама не најдов некоја слична тема..

    Имам братучетка и сега има 8 години.. ДЕвојчето УШТЕ пие млеко или сок од цуцла..Тетка ми ме замоли да прашам некако дали постои начин да се одвикне пошто веќе и вилицата и се искриви и забите и растат ненормално многу искривени..24/7 е со цуцлата од шишето во уста :@
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.467
    Пол:
    Женски
    Чаре е да се фрлат сите шишиња и цуцли, друго нема. Мора да се научи да пие од чаша, голема е. Како оди на училиште, зарем таму не пие ништо? :^)
     
  4. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Никад не би им дала ниту цуцла ниту од шишенце ;)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.467
    Пол:
    Женски
    А ако немаш млеко? (не дај Боже да немаш). Како тогаш ќе го храниш детето? А за цуцла лажливка ќе видиме што ќе кажеш кога ќе се роди, посебно ако ти е прво дете ;)
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас немав таков проблем, ниту сакаше цуцла лажовка ниту пак онаа од шише (ги имав купено сите можни со надеж дека некоја ќе му се допадне). Со лажиче се научи ѕверчето и така. И ај додека беше мал испие 10-20 лаж. па имаш нерви да му даваш, што на лигавка што во уста :lol: , ама порасна и почна да пие по цела чаша сок, чај (млеко никогаш не пиеше, освен јогурт), вода. И така си го научив од цевче.
    Сега веќе е голем и нема потреба од цевче.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски




    Хм, со постов не се согласувам баш.. Па мислам дека може детето да се научи со чашка - шише да пие , постојат чаши со силиконски отвор баш таква и давам на мојата керка и нема проблем. Отворот е поголем и многу е полесно за подоцна ке може полесно да премине на чаша обична. А не како некои што ги влечат цуцлине до 2 годишна возраст па и нагоре. А за цуцлите лажливки- па немора да се даваат освен ако детето е премногу немирно и не запира со плачење. При нејзино шмукање внесува воздух во стомакот и се создаваат колики , па и други работи мислам погоре имам напишано. А за хранење може и лажичка да се користи, ама треба да се има нерви за тоа. ;)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.467
    Пол:
    Женски
    Би му давала на новороденче да пие со чашка или лажиче ако мајката нема воопшто млеко од било кои причини или пак не смее да дои? Па така тешко дека ќе се најаде, новороденото има рефлекс за цицање, а не за пиење од лажичка или чашка.
    Инаку син ми не фати цуцла лажливка, само млеко пие од шише кога моето млеко не му е доволно. Вода веќе пие од мала обична чашка, исто и сок, ако му направам. Во принцип не му правам сокови, му ја давам директно овошката да си цица од неа. Инаку, денес полни 6 месеци :)
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Цуцла лажливка користиме само за спиење, онака преку ден нејке да ја погледне, ја ке му ја дадам он ја фрла.
     
  10. Emka28

    Emka28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Изгледа мислиш дека се знаеш и неправиш разлика меѓу дете и бебе. Како прво бебето кога ќе се роди бара цицка да цица,а бидејќи некои мајки немаат воопшто млеко се принудени да даваат вештачко со цуцла,за бебето да се осеќа дека цица. Го немаш тој проблем,затоа можеби така размислуваш.
    Иако викаш дека недаваш цуцла ,шишето што го користиш исто создава навика и воопшто не е замена за чаша,туку е шише со подебела цуцла.
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    Цуцла и шише со клунче не е иста работа. Цуцлата има многу мало дупче а шишето со клунче има 3 големи дупчиња.И потоа многу полесно може да се привикне да пие од чаша (нема да се дави ). На ќерка ми од 3-ти месец почнав да и давам од такво шише и течеше од страните-не викам не ама ете сега се научи. Незнам дали знаеш колку недостатоци имаат цуцлите?

    Негативни страни на цуцлата
    Ако рано му дадете на бебето цуцла, може да има проблеми со доењето. Чувството кое го има бебето кога ја смука цуцлата и градата на мајката е различно, па кај некои бебиња тоа создава проблем за да научат како да се дојат. Заради оваа причина не се препорачува да му дадете цуцла на бебето, се додека не наполни еден месец.
    Кај бебето може да се створи зависност од цуцлата. Ако бебето е навикнато постојано да ја има цуцлата додека спие, не е ништо неверојатно, ако ноќе ве буди со плач кога ќе му падне цуцлата од устата.
    Цуцлата може да го зголеми ризикот од инфекција на увото кај бебето. Сепак ризикот од оваква инфекција е помал во првите 6 месеци од животот, а тогаш е најголемата потреба од цуцла.
    Долгата употреба на цуцла, може да предизвика проблеми со искривување на забите. Сепак за да се случи тоа треба бебето да биде со цуцла во текот на неколку години.
    Цуцлата ја зголемува можноста за габични инфекции во устата и инфекции на органите за преработка на храната.

    Инаку немам ништо против некои мајки што им даваат цуцли на бебињата ( ако нема млеко ). Но , некои ги оставаат децата до 2-3 години со цуцлите ,а тоа никако неможам да го сватам :x
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.467
    Пол:
    Женски
    Друго е да му дадеш на новороденче шише со цуцла за да пие млеко, а друго е на бебе од три месеци да му дадеш чашка со клунче. Има разлика. Новороденото има рефлекс за цицање, само тоа го знае. Ако му дадеш чашка со клунче (ако мајката нема млеко) тоа ќе се засркнува и нема да може да пие како што треба. Ниту пак можеш со лажиче да го најадеш, новороденото сака постојан доток на млеко, знае ли тоа да чека додека ти ставиш млеко во лажичката и му дадеш да пие?
    Инаку и јас сум против цуцли лажливки. Му дадов првпат на син ми некаде кон средина на вториот месец на инсистирање на мажот ми, бабите и дедовците бидејќи многу плачеше, ама не ја сакаше. Ако ја фатеше цуцлата, јас веќе ќе ја фрлев досега, немаше шанси да му ја дадам до 2-3 години да ја шмука. Сега му служи како глодалка, си ги чешка непцата со неа.
     
    На AIT, koritsaki и Li0ness им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    И дадов цуцла лажалка после првиот месец и многу се смири со неа инаку беше голема плачка, и не и направи пореметување во доењето...
    Ја користеше ретко само пред спиење, а за зависност и одвикнување сигурно не ја фати апстиненцијална криза па да морав да ја носам на рехабилитација... :D Некаде пред година да наполни решив дека е доста па ги исфрлив сите цуцли од дома...Плачеше две-три ноќи по ред пред спиење, но ништо страшно-толку беше, се одвикна...
    За кривење на забите и јас имам читано дека се потребни повеќе години, не се искривуваат од неколку месеци или година дена...
    Така да, јас сум за цуцла иако бев со намера воопшто да не давам заради рекла кажала, и ако е со мерка мислам дека не е проблем...
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Имам слушнато дека на мајките најлесно им било да му даде цуцла на бебето за да го смири, да не плачи.
    Е, потоа има проблеми со одвикнувањето.... :^)

    Од друга страна, не знам зошто, ама не било здраво, сепак тоа е гума, си содржи некои штетни состојки во неа, а бебето џвака ли џвака.

    Сепак, бебето кога ќе се роди не бара цуцла, не ни знае дека постои :lol: , сето тоа зависи од родителите како ќе го научат....
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lucky-girl

    lucky-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    сеуште немам свои деца за да коментирам,но ке земам слобода да кажам пример со сестра ми која е помала од мене.значи не знам од кога ни дале цуцла за да не залажат да бидеме мирни( и покрај фактот што сме биле кротки бебиња) бидејќи и мајка ми за двете немала доволно млеко.но знам дека сестра ми користеше цуцла до нејзината 3ипол скоро 4 годишна возраст и никако не можеа да ја одвикнат,ноќе не заспива,преку ден само плаче и немаше друг избор,се до денот кога на татко ми не му пукна филмот и ги фрли и забрани да се купат нови.плачеше една недела и ајде чао се навикна дека никој нема да и ја исполни желбата па прекина! а бидејки веќе и заби почнаа да и растат еве и го проблемот денес-тотално никакви.целосна последица од касното користење на нејзиното цуцличе.и некаде до 10год. носеше мобилна протеза,имаше раздељак меѓу горните единици,т.е ресица па и правеја операција да и ја отстранат и единиците да се спојат-а забите се уште несменети.горните тројки уште првите.и вака така некако да се исправат да заличи на убава насмевка,без разлика на бласкаво белите и запчиња морално беше да носи фиксна и 2 години ја закитија и од после конечно и се исправија..ама сепак штета.
    значи зборот ми е дека колку е позитивно за да се занимаав бебето,толку е и негативно што има некакви последици.и сите заболекари кај кои одеше и кажаа дека е некој деформитет од многу рана возраст.така да колку можете порано,одвикнете си ги своите деца да не претрпат вакви несакани последици,или нешто слично што е можно да постои. :) поздрав
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Моите приметиле дека сум заљубен во цуцлата а дека ќе ми се искриви устето од што нон стоп сум бил со неа и пробале да ми ја земат ама џабе, сум давал челичен отпор :D .

    И виделе не виделе им дошла генијална идеја да ми ја намачакаат цуцлата со кинин и кога сум ја пробал сум направил најгадлива фаца дете што може да направи и сум ја фрлил :lol: . После неколку саата се повторило истото и по третиот пат сум ја фрлил бесен и веќе не сум ја побарал :D.

    Моите ми рекоа не знаевме дали да се смееме или да плачеме кога те гледавме ама моравме :lol:.

    Генијално :rofl:.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Па реално, бебето НЕ САКА да се занимава со цуцлата, туку со нас, ама ние родителите сме си помирни кога ќе му симулираме на бебенцето цице па тоа си ќути, оти нели, не знае како да искаже незадоволство со „цицето“ во уста :)
    Потребите на бебето треба да се слушаат, цврсто сум убедена дека не постои бебе (правиме муабет за мали бебиња до 6 месеци нели) кои плачат ОД ЗАБАВА и за да ги нервираат родителите :) Основата на нивниот иден психолошки и емотивен развој зависи од тоа колку навремено и правилно сме им ги задоволувале најосновните потреби во најраната возраст, затоа употребата на цуцла како „silent mode“ не ја оправдувам по ниедна основа. Имаме 9 месеци породилно отсуство, и истото треба да го искористиме најправилно во однос на детето, не на домот и готвењето па секогаш да сме уморни и со мањак на време.
    Мое мислење во секој случај :nod:
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас сум за користењето на цуцла бидејќи тоа е сосема нормална појава до 3 годишна воздраст. После 3 години може да влијае врз растот и позицијата на забите затоа треба да се одвикнува детето, но тогаш веќе и разбира така што полесно оди. :* :clap:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.467
    Пол:
    Женски
    Не е нормално до три години дете да користи цуцла. И порано од тоа може да му влијае на забите, и млечните заби се важни. И не значи дека ако детето е поголемо, полесно ќе се одвикне, напротив. Ако веќе фати цуцла, одвикнувајте го некаде околу шестиот месец, оти после стварно мака ќе си имате, и со одвикнување, и со забите на детето. Ова се однесува и на цуцла лажливка и на цуцла од шише. Ако пие адаптирано млеко, сок, чај и вода од шише со цуцла, околу 6 месец време е да помине на шише или чашка со клунче, некапачко секако. Барем денес има голем избор. И што помалку сокови, а повеќе вода. Така нема да има проблем со одвикнување, и секако, и млечните заби ќе бидат здрави.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    морам да кажам дека мнн би сакала да гледам бебиња со цуцли...златушки се
    [​IMG]
    [​IMG]