Јас ја имам дома ама не сум ја дала. Некако многу мал ми е кругов кога отвара уста бебево даплаче мислам дека ќе ха проголта. Сигурно нема шанси ама многу непрактично ми изгледа Другите цуцли имаат поддршка некаква за ти да ја фатиш оваа нема само круг е. Не знам стварно ја не сум ја дала така ми седи дома... ако ја земеш и дадеш пиши ми @mar3q баш и ти кажи што ќе нспрајш. А си ја пробала ли таа една зелена во ремедика ја даваат и таму во аптеката се продава 130 денари беше. Таа највеќе ми ја прифаќа бебе и одма од раѓање им ја даваат...
Таа нај прво ја купив уште во болница и ја дадов не ја сака. @Milkiway каква е таа од ре медика? Не сум од ск немам идено таму
Еве слика. Болничка цуцла така пишува и на неа оваа не е на авент обично ја продаваат во проѕирно пакување. Имам 3 различни ама само оваа ја прифаќа. Не знам во кој град си да видиш во некоја болничка аптека во склоп на гинекологија дали ги продаваат во твојот град По аптекиве други немам сретнато
Кај мене, беба не прифати не една цуцла од сите повраќаше. И сега не пие од шише, не знае да влече, пие директно од чаша и тоа стаклена
Затоа што цицката и служи како цуцла. И кога не е гладна сака цицка за да заспие. Треба 23/7 да бидам до неа со цицка во уста
Колку и да бев против, станав за со синко. Не беше возможно да се смири поинаку, уште првата недела му ја дадов. Не сакам да ми плаче ниту малку, затоа и ја воведов. Веднаш прифати без бунење и без плукање. Особено во првиот кон втор месец ми беше потребна затоа што не чекаше ни секунда за да извадам цице. Сега како расте се повеќе се занимава со рацете и нив ги бута наместо цуцлата, ама за заспивање си ја сака. Знае да си ја плукне кога ќе му здосади. Некако чувствувам дека ќе имаме проблем за одвикнување, нормално проследено со плачки, ама се уште не планирам да го одвикнам скроз. Секако гледам се помалку да ја користиме, ама ако треба да бирам помеѓу цицање прсти и цуцла - подобро цуцла.
Јас ја користам истава сега не се двои од неа неколку дена упорни бевме и ја прифати друга ниедна не сакаше изгледа како да ќе се задави ама не е така спас е нема вриштење веќе мир во куќа е
Nie ja koristime istata od prv den od bolnica koga se vrativme, dr voopsto ne gi prifaka, a ovaa odma ja prifati mn e slicna na grada i samo so ovaa se smiruva
Моето од како се роди уште во болница деноноќно плачеше сестрите имаа уплав од него они му дале цуцла први за дасе смири но ниедна од тие што му понудиле не ја прифати. Па зошто плачеше сопругот донеее од авент тие како мечиња што се од прва ја прифати. И со неа се смируваше. Одсекогаш заспива со неа ,и преку ден инавечер се дешава и без ама обично додека не му ја дадам плаче онака не ја користиме освен ако се расплака многу па неможам на др дачин да го смирам и кога менуваме пелена ако почне да плаче да се буни но некогаш не ја ни сака шумкнува два пати и ја плука. Воглавно само за заспивање ја користиме. Само ме фаќа страв за одвикнување како ќе биде јас до голема сум била со цуцла . Порано бев против само заради тешкотиите при одвикнување ,но кога бебето е плачливо и ништо др не пали и те како се наоѓа. Плус читам ако се одвикне пред 2 години дека нема никакви последици врз запчињата и развојот на вилиците. А и во некои болници ги користат за јакнење на рефлекост за цицање ...
Јас сум против. И на двете деца не дадов. Ок ми е да дадам цицка, не сметам дека мене ме користи како цуцла, туку напротив, дека цуцлата ја смислиле да ја замени дојката. Тоа ненутритивно цицање има улога на почетокот во воспоставувањето на лактација. Чисто совет - цуцла кај бебиња кои сакате да ги доите - тек после два месеци, три.
Моето си сакаше цуцла уште и на болница му дадоја. Се навикна , никогаш не праел проблем со цицање од мало беше лакомо, освен сега во скок кога е, но ни цуцла не сака овај период, повеќе рачиња. Цуцлата многу ни помогна за да се смири бебе од многу плачење. За време на грчеви, за заспивање. Ако ја давам во времето кога е за цицање, добивам на време да се наместам , да го наместам него без плачење. А дефинитивно не можеш многу да одложуваш си знае тоа убаво шо е цуцла шо е цицка. Затоа сум за , нас многу ни помага.
Исто за итекако помага Сите викаат треба бебе да плаче ама ја не можам да го гледам и да го оставам да плаче Цуцла нишкање шеткање само да е мирен и да не се нервира
Се сложувам, на поголемото му дадов на 4 месеци, против бев ама не можев да издржам на града беше и додека спиеше и дење и ноќе. Не можев ни до вц да отидам, а не дека цицаше цело време, така само ја држеше. И попуштив... Сега со ова бебе попуштив при втор скок, но роден е порано од термин, имаше 2 месеци направено. Некако неизбежно ми беше, поголемкото има 2 ипол години и морав да најдам начин и нему да му се посветам колку толку. Останува да видиме дали на малово ќе му влијае во килажа...
Моето од болница со цуцла го извадов и тогаш дури цицаше итекако знаеше разлика меѓу цицка и цуцла И сега исто одма ја плука ако е гладен нема смирување дури не добие млеко Така да не верувам дека ќе ти изгуби на килажа
Да се пофалам, точно месец дена без цуци! Било цаката во времето кога ќе се одвикне, да разбира малку повеќе. Да е жив и здрав старосватот, ја заигра и прелажа да ја „фрли" на пилињата, дека тие се бебиња, а таа е веќе голема девојка. Два три дена плачеше и кенкаше, и се одвикна.