Цуцла - за или против

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 16 јуни 2011.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    15.331
    За забите не знам но имам прочитано дека за развојот на вилиците не е добра цуцлата. Затоа се препорачува после втората година, најкасно до третиот роденден да се исфрли од употреба.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    7.952
    Пол:
    Женски
    Здраво. Освен да се смири има некој бенефит од лажливкиве? Моето бебе нејќе цуцла, одма ја плука
     
  3. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    I mojata ne sakase duri na 5mes pocna da ja faka i toa za zaspivanje. Zaspivase na cicka ama pocna mnogu da se buni nervira koga ja zaspivav i da grize so nepcata pa probav eden den so cucla i uspea. Koga ke stane si igra so nea pravi vadi stavi vo usta
     
    На Избришан профил 156253 и Tea SK им се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    1 година ќе прави и не сака цуцла, не ни знае да цуца ја гризе, затоа и се откажав. Бенефит нема освен за смирување, али понатака настанува проблем кога ќе треба да го одвикнеш ќе има плачки итн. Ако не плаче сега ќе плаче тогаш кога нема да му ја даваш.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Има, превенција од СИДС.
     
    На tina2018 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Еве убав натпис околу цуцлите:
    https://themamanotes.com/a-pediatric-dentist-how-to-wean-from-pacifier/

    Вели дека американската асоцијација на педијатри препорачува употреба на цуцла само во првите 6 месеци, а да се отфрли до 1 година. До 2-2,5 повеќето сметаат дека треба се престане со цуцла. Објаснето е од кои причини.
    И пролонгираното пиење од шише исто како цуцлата, може да направи проблем со говорот, btw.
     
    На tina2018, Kitten, dromka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    На првата и дававме и се одвикна од на на 7,8 месеци,сега за второво ќе видиме изгледа и за него ќе треба да купиме цуцла:D
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    За.
    Хелекс за бебе. :D
     
    На Избришан профил 156253, Anturium и unearthlysarah им се допаѓа ова.
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.354
    Да ама со мера. Јас му дадов на синко цуцла уште првата ноќ дома. Фала богу не направи проблем со доењето. Но не оставам да ја цуца на празно по цел ден туку му давам кога кенка и не сака да се смири поинаку и некогаш за заспивање. Многу ни помогна кога имаше грчеви па брзо се смируваше. Исто кога е поспан му ја давам па некогаш знае и сам да заспие и денски и навечер. Планирам до година дена да ја одвикне ама да не зборувам унапред нека е жив и здрав до тогаш. Инаку 3+ е па сега повеќе палчето и рацете ги цуца одколку цуцлата.
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Цуцла само ако не се успие со цицање. Или ако мора друг да го успие. Во остатокот од денот не, колку што можам ја избегнувам, а и не ја сака многу освен да ја глода. Се надевам ќе ја тргнеме без проблеми во скоро време :?:
     
    На Tea SK и nevermet18 им се допаѓа ова.
  11. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Против!
    Моево ќе наполни 1на година, не може да спие без цуцлата, плаче рика .:whew:
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Син ми сам ја исфрли цуцлата без да го форсирам. На 2 и 3м неќеше да ја види ја фрлаше. И сега ако види цуцла оди на бебето му ја реди. Тоа пак за жал ич не фати и за успивање по захтевно е.
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Јас сум против. Моето за среќа не прифати (не му ја ни нудев често, само пробував да го успивам наместо на града) само како играчка ја користи, ја истражува, ја грицка некојпат. На роднини детето на 3 год уште не може да се одвикне, а знам и деца што до 5 год користеле цуцла, што според мене е претерано. :(
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Како да ја одвикнам од цуцла?
    Во септември прави 3год., голема е веќе, и зборуваме цело време затоа што се разбира и зборува ама неќе никако.
    Де ќе ја замениме да одбере играчка некаква, де на некое бебе да ја дадеме она е голема ќе купиме др ама не и не...
    Цуцлата и ќебето и се љубов, а да и ја исечам ми е жал некако...
    Совет?
    Не цуцаше ко мало ич, само на заспивање, од ко почна градинка лани на 2год, дека таму не им даваат, дома не сака да ја попушти цуцлата
     
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Мојата цуцаше до 3 ипол години,но страствен цуцач од раѓање :)
    Исто како вас што ли не пробувавме,таа веке разбираше и од страм пред нас не цуцаше ке ја земеше цуцлата и ке одеше некаде ке се скрие околу 5мин ке ја поцуца ја вади и пак доаѓаше кај нас и се така колку две недели
    Потоа сама си побара дали ке може да ја фрлиме цуцлата,ги земав сите цуцли само една оставив за секој случај :D и ги фрлив и таа самата виде
    Од тогаш повеке не побара цуцла
    Мое мислење колку повеке бараме нешто од нив тие ке одбиваат
    Почекај уште малку па ке видиш како ке биде,ке почне да разбира да и биде страм
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Ќе си почекам штом така, ми е страв за забчињата, цуцла ко цуцла не ми смета :wasntme:
    Нема ни да ја форсирам периодов.
    А инаку она знае, се срами. На одмор сега кога бевме еден чичко на рампа што стои секој ден и зборуваше и оваа ќе ја извадеше цуцлата, ја криеше во рака, ќе поминевме и пак ќе си ја лапнеше :D
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Исто и мојот,цуцла и кебе,без нив заспивање беше вриштење или невозможно воопшто!
    Неколку пати безуспешно пробував со зборување,со убедување,со криење... Џабе. Се до моментот кога одеднаш ми текна да ја пресечам цикцак и да му кажам дека глувче ја изгризало и да ја фрли во канта. Веднаш ја зеде,јс фрли и толку,заспа без неа. Дури за 3 дена му текна пак и ме тераше да му купам нова во ДМ,па го лажев дека имаа само бебешки. Беше веќе 3.5 години, а сигурно пола година повремено пробував да ја откаже..
    Од кебенцето за спиење се откажа случајно,откако несвесно му падна зад креветот до ѕидот и никако не можевме да го најдеме каде е... После некое време случајно видов дека е таму и од страв да не се врати на исто го оставив таму уште некој период :D
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Моево бебе не сака цуцла и нудев неколку пати и не сакаше, ќе ја чувам цуцлата за секој случај.
     
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Моето цуца уште од бебенце кога беше. Сега е 2 годинки. Не му ги земам. Имаме колекција на цуцли. Многу ги сака и некако мил ми е уште со цуцла. Време е да ја тргнеме ама не можам. Се плашам дали ќе спие без неа. Преку ден не цуца, само за спиење.Едвај фативме ред за спиење, преспива цела ноќ. Ако му испадне цуцлата сам си ја става, за секој случај до него оставам уште 2-3 цуцли и некогаш спие со една во уста, а другите си ги држи.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Многу слично е ко одвикнување од доење.
    На 2,5 години кога беше, еден ден кога подразмислив дека една година веќе не цица, а од друга страна пак со цуцла по цел ден скоро. Ја фрлив без да види, па потоа ја баравме као не знаеме каде е и толку. Тешко заспа вечерта, ама од другата ноќ без проблем.
    За што да ти е жал? Нема никаква корист. Нема само да ја одвикне, ќе ја одвикне кога ти ќе решиш. Една ноќ е работата само.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.