Неда е џомба во друштвово 4.5 и уште со цуцлата. Да е до неа до школо ќе ја цуца. Ама не ја терам со сила. Така правевме со големата, она прстето го цуцаше. Абе што не зборевме, мачкавме....не и не, неа цела вечер прстот у уста и беше . На 5г сама се одвикна, без ништо. Се надевам и малава ќе биде така. А ги кине и морам нови да и купувам. И таа во Еурофарм во Влае минатиот пат и рече ова ти е последна, веќе не ти продавам цуцли, ти уште малку дечко ќе имаш...сега не сака ни да влезе таму
Има ли некаква разлика од цуцла до цуцла во поглед на проблеми со понатамошен раст на заби и загриз? Гледам дека само за Philips Avent пишува дека се ортодонтски, па од таа причина и таква земавме ама па ич не ми се лични ко овие на Bibs и Frigg.
Како се одвикнавте од шише? 2ипол години е ќерка ми и цело време ама буквално 24/7 е со шишето во уста. Не пие млеко ја извадија алергична на млечен протеин и од кога и го укинаа млекото многу плачеше навечер па од жал почнав да и ставам сок растворен со вода за полесно да заспива, ама сега се буди многу често навечер и цело време бара уште “млеко” (на сокот вика млеко). Цуцла лажовка цуцаше како бебе до 4-5 месеци после не сакаше ама сега многу маки имаме со шишето, дури и кога е празно цело време и е во уста, забчињата горе сите и се изронија и сега почна да се жали и дека ја болат па се мислам и на стоматолог да ја носам ама знам дека ќе ми кажат дека мора да го исфрлиме шишето затоа ВЕ МОЛАМ кажете чаре како најлесно да ја одвикнам од шишето
Нема најлесно. Собираш шишињата и ќе ја прашаш сакаш заедно до контејнер да ги фрлиме или сама да одам. Следни 3 дена спреми се за плачки и толку е. Дај ми шише немам готово ги фрливме. Нема нови купување и тоа е тоа. Ти си таа која не смее да попушти. Вода во чаша нормална преку ден, за навечер чаша со вода на НУК магична можеш да земеш и тоа да нудиш.
трески ме тресат многу ни е разгалена од баби и дедовци, ние ќе речеме со мм дека нешто не може ќе почне да плаче хистерично и тие одма и даваат.. ама така ќе е, од денес ќе почнеме па викендот со плачки ќе си го поминеме
Син ми има 13 месеци, цуцла користи од вториот ден. Сега ја користиме претежно навечер за заспивање и ретко преку ден, за у градинка не знам колку ја користи Вода, млеко, сок пие од шише со меко клунче ако воопшто има тоа разлика пд цуцла Прашањето ми е како да го научам на шише со тврдо клунче? Пробувам му го давам и се чуди што е, го лиже само и толку. Од друга страна знае да испие голтка од обична чаша, повеќе ќе заврши на блузата, лигавче било што него ли во уста ама сепак се труди.
А што ќе ти е да го учиш од тврдо клунче? Земи подобро шише со цевка. Таман ќе ти е и за шетање практично и за градинка.
Па што знам, мислев така по некој ред иде, тоа па после шише со цевка Овој не знае од тврдо клунче а не па од цевка Ако имаш совети како да го научам кажувај
Земи од шишињата од дм со цевка што се, мека е цевката. Прво ќе ја гризе па кога ќе почне да му капнува ќе почне да влече. Мојов сам научи што играше така со шишето на сестра му.
Update: почнавме од петок вечерта веќе да не даваме, бевме до дм купивме чашка магична ја наполнивме вода и рековме дека веќе е голема и дека ќе пие од чашката оти забчињата се ќе ја болат и ќе и излезат буби ако продолжи да пие од шише таа вечер плачеше ама гушкајќи и плачејќи си заспа, после накај 2-3 стана и ставив малце сокче во шишето и дека во полу сон беше го испи продолжи да спие а шишето одма го скрив како и да не сме давале. Другиот ден т.е. вчера, не побара ич шише само поручек пред спиење ама пак исто ја гушнав и си заспа. Е ама сношти..сношти беше страшно плачење нон стоп, не дава да ја гушнам само плаче и вришти. И кажав ќе ставиме сега малце сокче за да заспиеш само ама после одиме и го фрламе шишето, и ставив си заспа одма е после кога стана во 04:00 плачење до 05:30, ама не попуштив ја гушкав цело време и викав знам дека ти е тешко дека си го сакаш шишенцето ама веќе го нема ти си голема и веќе треба да пиеш од чашка ама јок уште повеќе вриштење. И извадив и други шишенца со цевка со клунче сама да си избере од кое сака да пие ама нема разбирачка само плаче и вика дај друго шишеееее После заспа пак плачејќи и сега од кога стана пак е со плачки ама не попуштам, се надевам дека за брзо ќе се навикне оти срце ми се кине кога ја гледам така како плаче…