Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цуцла - за или против

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 16 јуни 2011.

  1. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Сте виделе ли некој возрасен со цуцла .....Нормално тие се за бебињата....многу се слатки со нив....Затоа не им ја бранете......Кога ќе дојде време самите ќе ја откажат....
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mамички ме интересира кога почнаа вашите деца да се откажуваат од шишината млеко,мојава преку ден не пие многу,и давам да јаде,но преку вечер многу бара,преку ден само вика меко,меко и ја лажам со овошно јогуртче,чипс но пак и текнува и бара?
    Mислам си јаде нормално,но пак не се откажува :^)
     
  3. Immaculate

    Immaculate Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Моето дете никогаш не сакаше цуцла, ниту пак некогаш пиел млеко од шишенце, едно време кога бев очајна ја слушав комшиката и мајка ми, демек тие биле постари и се знаеле, па му ја пикаа сосила цуцлата лажалка, требало да се научи. По една недела си реков, не биди глупа, ќе го учам со сила детето на цуцла, па потоа ќе преживува трауми кога ќе го откажувам од неа. Од малечок пиеше вода од чашка со клунче, некаде од седум месеци и многу брзо се научи да пие од обична чаша. Изричито сум против цуцлите, особено оние лажалки. Имам комшика која пиела млеко од шише со цуцла до прво одделение и горните заби и се како зајак, а внук ми пак од лажалката, долната вилица му е истурена нанапред.
    Мој совет ви е, доколку се може без цуцла, најдобро е така.
     
    На koritsaki, Moira и Annath им се допаѓа ова.
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас на моето бебче му давам само цуцла кога заспива ,а понекогаш не ја ни форсирам ако може и така да заспие,инаку преку ден така кога си игра или било што кога прави нема шанси цуцла да му дадам да цуца и се трудам и при заспивање да го одвикнам од неа ,го научив со цуцла зошто многу плачеше ,да беше мирничко никогаш немаше да му понудам цуцла да цуца ама само така на моменти се смируваше
     
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    33.756
    Пол:
    Женски
    Па наместо цуцла,возрасните пушат цигара,а тоа се вика НАВИКА.Кога детето уште од бебе ќе се навикне да цуца цуцла,нема да може после без неа и постојано ќе ја бара.Ист беше и се уште е случајот со внук ми,тој бараше цуцла само за спиење,потоа почна да бара и кога плачеше,а сега не може без неа еве веќе 3год.Значи,зборот ми беше дека како ќе се навикне детето така и ќе продолжи.Јас сум против форсирање за цуцли,ако може да издржи без неа и да се најде поинаков начин на смирување тогаш тоа е најдобро.
     
    На koritsaki и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јована се навикна на цуцла лажалка уште првиот месец, па барем сум раат кога ја заспивам. Плус тоа не сакаше да фати да цица, па и одмолзував и и ставав во шише. Сега си е на адаптирано млеко, ама барем не одбива сок, чај, вода, пие се што ќе и дадам. Така да апсолутно ДА за цуцла.
     
  7. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Кај нас две дечина две различни приказни
    Поголемото дете од самиот почеток беше на адаптирано млеко и цуцла мамилка не сакаше воопшто ја фрлаше и му се повраќаше од неа додека
    помалото дете цица и си држи без проблем цуцла мамилка и стварно е посмирен кога плачи решението е цуцлата така да ние сме И ЗА И ПРОТИВ ЦУЦЛА. :D
     
  8. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Големиот лесно ја прифати цуцлата,ама лесно исе откажа.На година дена сам се откажа и јас не го ни терав на сила .А со второто тешко ја прифаќа и не му ја туткам на сила во ретки случаеви ептен ако многу плаче па и тогаш ако ја прифати ок ако не ништо пробувам да го смирам на друг начин
     
  9. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    62
    Бебето со текот на времето треба да се откажува од цуцлата,зошто после ќе се навикне и нема да се одвикне-мој совет :call:
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Искрено навистина не знам дали сум за или против цуцла.Јас и за двете деца одкако им почнаа грчевите (на првото на 2 недели ,а на второто на 1 недела) купив цуцла ама никако не ја сакаат. За второво бебуле дури 3 разни видови на цуцли купив и 2 недели се мачев да ја научам ама не успеав :( . И покрај тоа што можеби не се добри за забите јас ќе бев среќна доколку ја прифатеше затоа што веројатно малку ќе ја смируваше . Нормално доколку ја прифатеше употребата ќе беше контролирана и ќе ја давав по 2-3 саати на ден.
    Интересно беше кога ќерка ми ја носев на вакцина ,од 5 бебиња што беа во моментот само мојата немаше цуцла. Ги прашував мајките како ги научиле, нели да ми дадат некој совет ,а тие сите ко во хор Со многу мака и упорност :) Мојата упорност траеше 2 недели !!! Една мајка рече Цуцлата е мир во куќа ;) Можеби не знам....
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Да ве прашам, дали после 3тиот месец купивте цуцли 3+ за шишињата? Или продолживте со тие 0+?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Ние имавме цуцли од 0 до 6 месеци, на Baby Nova, и каучукови и силиконски. После тоа не купував, оти мојов не ги сакаше веќе. Ако имаш такви до три месеци, најверојатно ќе мораш да ги смениш, оти дупките се мали и не пропуштаат доволно, па бебето може да се нервира и да плаче поради тоа.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Јас не сакав моето бебе да биде со цуцла. Првиот ден во болница уште не навикната на бебето и незнаев заштоо плаЧе беше впзнемирено , не знаев како да го дојам и мн проблеми , бебето плаЧе јас се нервирам и побарав од сестрите цуцла за да се смири малце .
    РазоЧарана бев си викав моето бебе со цуцла , а самото тоа дојде што сопругот беше навистина против цуцлите ,Ама јас морав некако да го смирам детето .. :(

    после неколку денови си науЧивме да си цицаме , и кога сме најадени немаме потреба од цуцла ...
    и навеЧер си заспиваме без цуцла . Ја користиме ептен во кризни ситуации :)
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Син ми не ја сакаше цуцлата, ама во последно време го чешаат изгледа многу непцата па му давам цуцла ладна од фриждер, ја џвака 10-15 мин од кога ќе му се престане ефектот на ладното ја плука на другиот крај на собата :lol:
    А со цуцлите од шишињата немаме проблем, можеби дека до сега само од моето млеко му давам во шише, си пие, без муртење, тегнење или плачење.
     
  15. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Ние си цуцавме цуцла до кај 6 месец,се разболевме и во болницата му даваа разни лекарства во устата и јас после тоа да го смирам му давав цуцличка и ја нејкеше мислеше пак ќе му дадат нешто горчливо и не ја сакаше тој мислеше тоа доаѓа од цуцлата и ја одби и не ја цуцаме веќе на што се радувам зошто имаме забчиња од 4 месеца
     
  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Цуцла имав до 3 години и никој не можеше да ме оддели од неа.
     
  17. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Јас пак,многу сакав моето дете да фати цуцла,што зам некако ми е слатко да гледам деца со цуцли,ама ко за инат не фаќаше никако,се гадеше,чиниш ќе исповрати се
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Мојата керка цуцла лажачка никогаш не цуцаше,а млеко од шише со цуцла па некаде до 3 години пиеше,потоа ја одвикнав од шишето и продолжи со детска чаша,( незнам како се викаат,оние детски чаши,затворени и имаат еден испакнат дел за пиење) :$ и со таква чаша уште некаде 8 месеци, почна во градинка ја остави и таа чаша и сега само од обична чаша пие
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Од каква цуцла да давам водичка??? Имам една 0+, дали е доволна или да земам поголема, т.е. имам и поголема ама е 6+??
    А за лажалка и понудив неколку пати, после доење кога е кенкава , а најадена, но не ја сака.
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јас имам 0+ на Мам и сум задоволна, дека има на дното спцијален вентил за да излегува вишокот воздух. Бидеји го дојам, не сакав никакви цуцли, ама од еднава града кога доев многу млеко ми течеше па зошто да го фрлам и купив собирачи за млеко како школки со силиконски отвор го збира млекото што тече, па во цуцла ги пиеме одма и се доцицуваме и задоволни си спиеме. Педијатарот ми ги препорача оти ниту една капка мачино млеко не треба да се фрла оти е скапоцена.За вода или чај немало потреба сега, оти се му било доволно, освен ако не е на адаптирано па да има потрба од водичка.Сега сме во ред, ама ако имаме грчеви чајче не ни бега.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.