и ние од истите цуцли пиеме со месеци и немаат гајле имам 10 шишиња и таман работа да ги менвам секој месец не се оштетени не гледам причина да ги сменам
Да бе и ние кога бевме мали "ни ги менуваа цуцлите секој месец", па што ни фали. Поздрави сме од денешниве мали. Зошто да се менуваат цуцлите секој месец, доколку убаво се исчисти и стерилизира. Се разбира дека на фирмите кои ги произведуваат цуцлите им одговара да се менат секој месец.
Ние се снабдивме со НУК колекција, шишиња, цуцли, лажливки, глодалка и конечно ни успеа после 2 дена да испиеме 50мл чајче. Цуцлите се одлични, ова е шишето но цуцлата не е силиконска, туку ваква е Интересна е, пушта од горе, а странично е сечена и пушта воздух. Ни останува да видиме со лажалката како ќе биде.
истата колекција и јас ја имав Меу,убава е цуцлата што оди со шишето затоа што го испушта воздухот а со тоа нема да му ствара грчеви на бебето , јас на керка ми и дадов од втор ден цуцла лажливка ,,а после неколку дена и чајче си пиеше од шише,цуцлите на почетокот и ги менував на месец дена , покасно продолживме со цуцли и шишиња на беби нова подостапни ми беа цените, на нук се поскапички , инаку лажливката ја фрливме на година дена , сама доброволно , и знаете што цуцињата се создадени за бебиња и сите скоро сите сме израснале со нив ,не гледам ништо лошо во тоа ,на керка ми и беше како лексилиум цуцето и за вриење на шишињата исто да ви кажам дека на почетокот ги вриев секој ден, а после еднаш неделно
Шишиња имам и нук и бејби нова и нуби гледам смао да се 0%BPA но цуцли користиме исклучиво на нук таа со тесно грло скоро и земаv на беби нова како божем исти биле но ништо не знае да пие па пак си купив нук .
Мене ми е многу мака зошто не сака да фати лажалка вака душа ни испаѓа, но тоа е. Упорна сум цело време, но не сака и не сака. А за вриење, јас ги вријам само кога ги купувам, после само ги попарувам со врела вода, редовно секој ден. Инаку да напоменам дека во Грција се е поефтино од тука, денес баш споредував цени.
меу а да пробаш со Авент цуцлите , моево само тие ги сака, дома имам купишта од цуцли сите врсти ги имам, ама си ги сака само од Авент . некој ќе рече нека е без цуцла, ама моево кога е нервозна или кенкава само тоа ја спасува цуцето во уста, и за спиење исто ја легнувам во креветче цуцето и заспива edit. шишињата од НУК се прекрасни и исто и цуцлите за шишиња се закон. моево само од нив пие
ретко кој прифаќа и силиконска и каучук. мм на грешка купи шише со каучук пробав не сакаше а иначе се ни беше и ни е силиконско.
Епа тоа се мислам, зошто имам пробано со силиконска на почеток, но не сакаше, а сега ни нук силиконските не ги сака Едно време кога си ги фати по малку на Чико заборавив неколку дена да и ја дадам и се одвикна Сама сум си крива
и јас истото ке ти кажам Меу како Стефи не ја форсирај ако не сака ,може ке си наога нешто друго како утеха кога плаче или како занимација место цуцето ,на другарка ми малата несакаше цуцли ама затоа заспиваше со капчето оние што се со ушиња и не го пушти од рака до 3 год
Меу не знам дали си чула , ама на Енци менци страницата мислам беше, има лажалки на МАМ. Јас нив од ден1 ги употребувам и малиот мој само нив ги сака, оти имаат анатомски облик закривена им е плус пластиката цело усте кога цица го покрива и башка се специјални за да не голта воздух. Сон за мене раатот го видов. Сега сменив на Авент имав за 3+ малку ги плука почесто ама ок се, само не ми се допаѓа што мојот модел на Авент не му го покрива цело устето на краевите, а тое ми е и те како важно.
mojata nejke da vidi cucla niti pak glodalkite za zabi samo prstite vo usta gi stava nisto drugo ccc ccc cc
Кое време е најдобро за одбивање од цуцла ? Моево 12 месеци и ја цуца цуцлата само за спиење преку ден и ги кријам , а ако ги најде плаЧе за нив Се мислам како ке ја заспивам кога нема да и давам цуцла ??? сега кога е уморна само ја легнувам и ја зема цуцлата и заспива ...а вака без цуцла како ке правиме
^ Можеш да почнеш да ја одвикнуваш, не би требало да трае многу, 2-3 вечери по ред ќе плаче по неа, ќе треба да бидеш цврста и да не и ја даваш и ќе се навикне, ќе заборави на неа...
Како ќе биде така, не треба да се грижиме за некои работи што може и' нема да се случат во иднина може сами по себе ќе се решат (сама си се тешам).
а од која возраст се почнува со цуцла треба да ја имам од прв ден или ..... ? мислам на оние цуцли лажливки
Може уште од првиот ден, све зависи како ќе ја прифати бебето, еве син ми од почеток не ја сакаше никако ја плукаше, откако наполни 1 месец тогаш ја засака и до ден денес сме си со неа, без цуце не заспиваме