мое мислење , ако е детето плачливо тогаш цуцла и ако ја сака ок , ако не на сила не давај никако , мене педијатарот ми кажа дека не се препорачливи многу многу цуцлите лажливки бидејки при шмукањето напразно бебињата внесуваат воздух кој им создава грчеви... Исто така потоа и за одвикување е тешко..така да подобро избегни ја
Цуцла му дадов само од причина што прстите ни беа нон-стоп во уста и сакав да се навикне на цуцла, инако во спротивно немаше да го учам, ако си е мирно бепчето немаш потреба од цуцла и онака тој смукачки рефлекс исчезнува накај 9 месец.
јас на бебушко му ја дадов уште одма првиот ден додека бев на болница ми ја донесе мажето еден период малку ја шмукаше во текот на денот, ама еве веке две недели ептем му е во уста од причина што и бебушко мој цело време ги шмука рачињата и многу ми збеснува а со неа е миреен а фала богу досега сме немале ама ич мака со грчеви мој совет имај си ја со тебе на болница за секој случај
Mamicki moze li sovet kakva cucla da zemam za batko moj (znaci se raboti za novorodence) ima zelba ponekogas da mi ja drzi gradata i po saat vreme a da ne golta. Iako sum protiv cucli,probav da mu dadam i si ja prifati. E sega bi sakala da zemam nekoja ortodonska mi ja preporacuvaa na Mum ama nemam iskustvo.
I mojot bebus ima obicaj da ja drzi gradata po saat vreme i da prespiva na nea.Zedov edna cucla lazlivka,ama ne ja saka, izgleda mu e tvrda,vednas ja pluka
И јас како Љубица уште првиот ден и ставив цуцла,одма си ја прифати без никаков проблем. Јас незнам зашто некои нејќат да им ставаат цуцли на бебињата, нема тоа никакова врска со грчрви, ниту со криви заби. Само некои нови помодарски работи измислуваат. Ние немавме никаков проблем со грчеви,мислам дека ниеднаш не ја фати грч. Лажливката помага детето да се смири, да си заспие, па си џвака кога му искачаат запчиња... Е сега мојава почна да ми ја забаталува, ја ќе и ја ставам во уста она ја вади и ја гледа,ја врти пред очи па после пробува едно десет пати да си ја стави сама и на крај ќе успее... Дефинитивно сум ЗА
I mojata cucka uziva da si prespiva na gradata a cucla nesaka da fati...gi probav znaci site mozni cucli doma sega imam poveke od 10 cucli i niedna ne ja saka....kako da ja nateram da fati cucla....???? I jas sum za cucla na mene i babicata mi ja preporaca deka bilo ubavo da cucat bidejki gi smiruvalo ama eve mojata Leoni nesaka....
Ако не сака немој да и даваш .Сега може на сила и ја даваш но потоа ке се мачиш да ја одвикнеш... И ако детето не е плачливо воопшто не давај , бидејки нема зашто , зборам за цуцлите лажливки.
Placliva ne e mnogu place samo od grcevi i za cice no mene mi strav pak da ne se navikne sega taka da sie se so cice pa da nemozeme ponatamu da zaspivame normalno najdeni i nalegnati bez cice vo muceto.... Kako i da se mislam deka ako sega cucla nesaka da ne e ponatmu isto i za sise da ne slucajno nesaka i cajce ili dr da pie od sise..
Што да ти кажам, се си има добри и лоши страни. Јас ќерка ми ја доев се до 11 месец и ако веруваш нема пиено вода , чај се до тогаш додека цицаше а нормално си почна со храна од 6ти месец. За спиење навечер се будеше за да цица до кај 11 месец пред да ја одбијам ете ова е лошо но ако не е цице ке сака цуцла за спиење сакам да кажам ке се буди за нејзе како и да е ти дој си ја , а за цуцлата можеш да и даваш и по малку чајче колку и на шише да се навикне. Па откако ке нема да цица од тебе да си премине на цуцла. Јас мука видов керка ми цуцла од шише нема ставено во уста никогаш , од 11тот месец и давав шише со дупчиња , и малку тешко одеше но се навикна. Па потоа премина на чаша обична од 13тиот месец
Син ми преку ден си ја држи цуцлата и нормално го смирува некако и сега почесто ми заспива со цуцлата нејки на цице да спие како на почетокот, па тогаш и не ја сакаше цуцлата многу многу, ама сум среќна што ко ке си заспие убаво денски си ја вади и не ја бара, а навечер веќе ич не ја ни ставаме. И вистина тоа е добро што неспие со цуцлата оти е стварно мачно навечер да бара, па да му ја држиш со рака или на секое да се буди ако ја нема во уста.
И јас сум против цуцла лажалка. Баш читав кои се добрите и негативните страни од користење на цуцла и одлучив да не му давам цуцла. Постои ризик од воспаление на средното уво и искривување на забите. И плус не ми одеше некако да шмука на празно, желудничето да му лачи киселини, а да нема храна која ќе ја свари. Еве сега полека се навикнуваме на чашката на НУК за бебиња од 6+.
Ахххх ние пак не можеме без Мирко Спасич Ако не му дадам цуцла плачки невидени. Несакав да го навикнувам ич на цуцла ама тоа ни е единствен спас некогаш. Користиме на НУК силиконска лажливка ама би сакала да ми препорачате кои цуцли се најдобри во смисла да не му направат проблеми покасно со запчињата и вилиците.
Моево се одби од цуцла , после настинката што ја имаше ...беше цела затната уште цуцла и фалеше ВЧера прв пат ја заспав без цуцла , исто како и претходно Ја легнав и ја оставив , се бунеше некое време ама уморот беше појак и заспа .. Денес исто , заспа за 2 мин Па и доста време ја користеше 16 месеци скоро беа неразделни пријатели
Ако најдеш на МАМ австриска марка се, од сам старт ги користиме и сум презадоволна. Од облик до функционалност доаѓаат по две во пластично кутивче и истото тоа има дола длабнатина за силиконскиот дел на цуцлата , само ставаѓ малку вода, 3 мин во микро и се стерилизирани. А и служи исто како заштита од прашина да не седат така расфрлани. На Томи типи ми се преголеми значи ептен. Башка како во сон ги гиниме и се утепуваме од барање некогаш на вечер, сега има да светат ноќе испакнатиот дел па немаме никаков проблем. Се надевам помогнав
да бе оти така, преголеми се на томи типи. ние уште користиме од 3 - 9 месеци. пред 2 месеци ги загинавме (фрла се од количка )+ (јас ги гинам низ дома, па по неколку дена ќе си ги најдам) и сакав да земам за над година, леле ко ги видив се уплашив и си зедов пак од помалите...
И јас сум против цуцла. Како што имаат погоре кажано, штетно е. Исто така и за запчињата. Со тоа шмукање, се криват. Познавам луѓе на кои горната вилица им е над долната и со никави протези не можат да ја вратат, а цуцла цуцале до 5 години. исто така сум против давење шише со цуцла на дете поголемо од 10 месеци. Си постојат со клунче. Другарка на малото уште од 9 месеци му даваше вода од она шишенцено на јана.
Јас да прашам едно техничко прашање. Ние на поклон добивме цуцли лажливки и шишиња за млеко ама ми рекоа дека се купени во Џамбо и мене малку страв ми е да му ги дадам. Ај за лигавчињата и др работи ок ама ова ми е ептен некако шубе. Јез да ги прегледав етикетите и амбалажите ми се ок, на се пишува БПА фри ..ама незнам...би требало да се под надзор таквите артикли штом се пуштени во продажба?!? имате искуство?
Незнам јас ги немам користено иако еднаш и јас се излажав и купив едно шишенце, ми стоеше така и ми беше некако без врска да го користам па го фрлив
Јас користам шише од Џамбо ама му ја сменав цуцлата му ставив купена од апетка, оти ми беше ептен голема дупката на таа цуцла А и што има врска ке си ги зовриеш нормално и ке си ги измиеш убаво и шишенцето и цуцлата лажливка, и јас сакав да купам ама прво зедов од аптека какучукова и со таква лажливка останавме па незедов, а инаку знам дека се од кавалитетни фирми таму има и од Нук нели