Aбе мене повеќе ми беше колку се ортопедски цуцлите, да не содржат штетни хемикалии сепак во уста треба да ја држи долго време. Имаме ние лажливка од НУК до 3 месеци, имавме уште две ама ги загубивме Незнам овие ни дали ќе ги сака... Ама секако ми беше шубе плус и мајка ми ми спомна `немој од џамбо работи да му даваш во уста да ги става`, веројатно уплашени се луѓево ради она во кинеските продавници што открија токсични играчки што знам.
Да да во право си за тоа, барем сега што можеме да ги пазиме да не клаваат во уста се и сешто, ко ке пораснат нема да можиме да ги довардиме
НИе користиме цуцла лажачка, уште во болница ги замолив сестрите да му дадат на син ми и ја прифати силиконска ептен ми се наоѓа, единствено за спиење ја бара ама само си заспива не во раце. Инаку е на НУК бидејќи така ме советуваа од Плодност.
моето не фати цуцла, не сакаше, ете сега на 7 месеци, се одби и од цуцлата за шише што е... не ја сака, сака само навечер кога спие и кога не е расонет убаво, а ако е расонет, не ја сака за жива глава можеби е поубаво да не фати, барем после немате маки, почетокот малце е тежок, бидејќи нема со што да го залажете, но ете сега ми е многу убаво...
Na pocetokot koristevme kaucukova,a sega koristime silikonska na Nuby.Celata e silikonska,a na rackata ima kako topcenca za cesanje na zlebinkite.Mojata lepoticka ne zaspiva bez cuclata,a otkako ke zaspie podlaboko ja pluka,pa po nekoe vreme ke prokenka i pak ja bara.Jas pretpocitam silikonski cucli oti se potvrdi i potrajni.
Пробувам силиконска да му дадам, од 6-7 пати, 2 пати дали прифати и тоа на кратко. Искрено иако ете свекрва ми ми вели подобро Не, jас сум за и мислам дека е многу подобро цуцла него ли цело време на града
Јас не сакав цуцла да и давам ама и јас како тебе мислам, подобро цуцла отколку на града. Среќа или не, малата не ја сака цуцлата. Исто како Никола, малце ја сакаше два пати и толку. А ме чуди затоа што се живо цица-рацете, ракавичките, рамењата мои, алиштата...ама цуцла не сака
Мал е уште кога ќе го тргнеш од града одма цуцлата и потчукнувај ја за да осети и да ја прифати.Биди упорна, поретко не прифаќаат. Ние сме на АД и фативме каучукова на Нук некаде околу 30 ден
Со ништо. Апсолутно нема потреба од цуцла. Бебето си има инстинкт за цицање за да цица млеко, не за да тегне гума некоја напразно. Не брзај со бутање сѐ и сешто. А на толку мало бебе ем цуцла ем да му ја мачкаш со нешто... н и к а к о! Ќе му направиш некоја белја, алергија или нешто полошо. Па сега му треба мама, бара да е на цице заради блискоста, за да те почувствува, да се смири, да му дадеш љубов и сигурност. Е тоа гумена вештачка цуцла не дава. Јас две деца пораснав без цуцла, ништо не им е, верувај. Можеби треба малку повеќе ангажман од мајката, ама па за тоа е мајката, да се грижи за бебето. Да не зборувам деформации на заби и вилици, прашај стоматолог протетичар ако имаш познат некој, јас сум зборувала. Уживај со бебето и не биди нетрпелива. Врската меѓу мајката и бебето се гради со контакт меѓу нив, со давање многу љубов и грижа.
Потчукнувај ја, не да ја подмачкаш. Јас пак пробувам да и ја дадам иако кога ја гледам со цуцла мислам дека правам нешто погрешно затоа што мислам дека е подобро без цуцла ама кога вришти и не знам што друго да направам и со цуцла пробувам. Ама не ја сака ни со потчукнување, зависи од времето некогаш ќе ја поцица малце некогаш ич
Заборавив и дека треба подмачкување сериозно во случај на доење од млекото а кога е на АД нас ни успеа со Бекутан чајот за новороденче малку чај па цуцлата па ќе плукне па пак чај и си фати т.е. се подлажа Li0ness значи ние што сме ги навикнале на цуцла не сме се ангажирале повеќе??? Кажи односно пиши јас мисла...... тоа и тоа , а не дека гумената цуцла не заменува блискост.Боже па цуцла се употребува за создавање блискост? Одлично за тебе што со двете не си користела цуцла,но навистина браво.Неможеш да знаеш зошто некој е за. Почитувам сечие мислење,но не и критика.
ние користиме се од нук, по препорака од главната сестра во плодност.. и сум ептен задоволна имам пишано погоре. се поскапи ама се и најквалитетни.. колку пари толку музика сепак мислам можиме да си дозволиме бидејќи некупуваме секој ден "прибор" за бебиња
Јас не дека сум нешто многу против, но баш и не сакам да и давам цуцла, знам дека ствара зависност и не знам, ако почне со неа, колку често ќе ја сака, а и тешки се за одвикнување, а пак веќе гледам дека и има потреба од лажливка си ги става рацете во уста, си ги шмука со сласт а полошо и понекогаш и палецот. А и како расте станува поплачлива и навистина не знам што да правам?? Неколку пати и ја давав не ја сакаше, еднаш ја фати убаво, но јас и ја тргнав, се предомислив кога ја видов со цуцлата.
цуцлата има и позитивни и негативни страни, некои деца воопшто не ја прифаќаат и покрај трудот на мајката ние користиме за пред заспивање и ептен ми се наоѓа цуцето во муцето и сам си заспива... ни нишкање ни ништо..
Мене мајка ми одсекогаш ми викаше дека направиле грешка шо ми давале цуцла....вилицата горна напред ми отиде ногу...и сега на 14год со апаратчиња се мачам ...
Истот е и кај мене...и баш заради ова никогаш не и дадов цуцла на ќерка ми , едноставно неможам да сватам зашто мора да м се туткаат тие цуцли лажливки на децава , па секако не е лесно да си мајка а некои се научени бутни ја цуцлата во уста и мир во куќа прво се грижат зашто децата не прифаќаат потоа па плачат како да го одвикнат детето од неа.. ама кој/како си сака нека прави си прави , негово си е