Јас пак не можам баш да се согласам баш дека цуцлата ги искривува забите-познавам многу примери за тоа дека не е така, а еве ме жив пример сум и јас, сум носела цуцла до 2 години, без неа никаде не сум одела и фала му на Бога имам здрави прави заби, немам апсолутно никаков проблем ниту со вилицата ниту со ништо. Исто и син ми сега, на мене целиот, без цуцла не оди никаде па дури си ги менува, едната во уста, другата во рака и де едната де другата ја става во уста и ете не сум сакала ни јас од почеток да му давам цуцла ама сигурно била ситуацијата таква да сум му дала за да се смири, инаку која мајка посакува лошо за своето дете да знае дека од цуцлата можат да му се искриват забите и упорно да му ја бута, значи
Одговор од стоматолог специјалист за деца од претшколска возраст (мој роднина) - цуцлата треба да се исфрли од употреба најдоцна до 1 година. Најдобро е што може побргу, штом повеќе од 4 запчиња ќе никнат. Ова важи за цуцлите лажалки.
се сложувам дека цуцлата треба да се исфрли од употреба после 1 година, меѓутоа сметам дека цуцлата не ја искривува вилицата тоа си е генетска работа ..
Лично јас сум носела цуцла до година и пол па немам никаква деформација или искривување на вилиците и забите. Деформациите на вилиците првенствено се вродени.
Mamickii da ve potprasam planiram silikonska cucla za bebusot ama sisenca se mislam plasticni ili stakleni..????
Јас имав една поклон дојде со сетот шишиња и не ја користевче њосто и го покриваше носот. Користев од Нук и еден ден и дадов од МАМ да проба и крај на приказната, друра цуцла веќе во уста не стави, дури нагони за повраќање има од други цуцли. И тоа ме доведува до моето прашање: има ли во МК цуцли од МАМ и каде можам да најдам http://www.mambaby.com/gr/-/index-26794-el.html
Ние користиме Нук силиконска најпогодена ни е. Пробавме во почетокот и со каучукова на Бејби нова не ја сакаше.
Зедов лажачка цуцла од нук на упатството пишуваше да се зоврија 5 мин со средство за засадови ја ставив да зоврија меѓутоа кога ја извадив цуцлето внатре имаше водичка нормално ли е тоа потоа ја ставив уште еднаш да зоврие со чиста вода и убаво ја исплакнав ама сега ми е шубе да му ја ставам на синко поради тоа што имаше вода во цуцлето инаку сме стари 2 недели и ова ке ни биде прв пат со цуцле па ве молам нека ми казе некоја дали е нормално така цуцлето да прими вода
И јас ги имам истите лажачки и пошо имам 4 од нук не една кога ќе сакам да ги вријам обавезно една имам чиста на страна а тие што ги вријам вака ги вријам.. Во едно ѓезве за кафе ставам вода од чешма и сјај за чинии *фејри конкретно* оставам да вријат додека не почне да се крева сапуницата нагоре. Откако ќе зовријат ги ставам под чешма и со ладна вода ги стискам за да излезе од внатре водата и сапуницата во просек едно 5-6 стискања на лажачката и внатре нема ништо.. после ги ставам под клима за да испари водата што останала внатре. Ако не ги ставам под клима лажачката ми е матна со бигор и треба пак да ја мијам. Откако ќе се исуши убаво а ќе видиш кога ќе ја ставиш под клима или пред било кој уред што испушта топлина на силиконот ќе гледаш како водата испарува кога лажачката ќе ти е кристално чиста значи дека цела вода испарела и без никаков проблем можеш да му ја дадеш на бебето. Иначе јас сум за лажачка.. да не постоеја ќе моравме да ги измислиме. Не знам што ќе правев без неа.
мене ми е страв сега од сјајот ама ја зоврив пак само со чиста вода а дали постои опасност кога ке му се дај лажачка да се одбија од цицање само заради тоа до сега не му ја имав дадено
Не бе душо.. на моето само што се породив му ставија лажачка. Па почнавме со ад додека ми дојде мене млекото после десет дена и немавме никаков проблем ниту со цицање ниту со цуцла ниту со лажачка.
ич дане се секираш нема да се одбие.керка ми уште од болница ја шмукаше па цицаше до 9 месеци .а син ми од вториот месец е со дохрана од ад млеко па пак си цица.ако не се одби моево од шишето твоето сигурно од лажачка нема да се одбие.
Цуцлата одпозади не е херметички залепена значи влегува вода. Тоа важи за сите цуцли. Ти ќе си ја зовриеш а после ставија под млаз вода и стисни го цуцето за да излезе воздухот. Пушти водата да тече врз цуцлата од страната на пластиката и полека отпуштај го цуцето. Ќе видиш ќе се наолни со вода. Стисни го цуцето за да излезе водата. Така направи неколку пати и ќе се исплакне. На крај убаво истискај го за да остане што помалку вода во внатрешноста. Во спротивно кога ќе почне детето да цуца водата ќе излезе и ќе се наводени малце.
Ја прочитав цела тема и сум на мислење дека ќе почекам да се роди бебушка па после ќе видиме дали ќе и ставам цуцла или не. Ако е плачлива, ќе пробам да и ставам цуцла но сигурно ќе гледам да ја одвикнам до 1 година. Ако е мирна и не е плачлива и раздразлива воопшто ќе нема потреба од цуцла. Бидејќи почнуваме со шопингот на неопходни продукти за бебушката, гледав цуцли во ДМ и мислам дека во ред е да се обезбедам со една па да видиме како ќе биде. Е сега која е разликата меѓу силиконските и гумени, каква да земам? Се мислев помеѓу Нук и на Бејбилав. И од двете имаше и гумени и силиконски, голема дилема за мене. Со цената највеќе ми одговараат овие: