Чадори носам само кога врни дожд. Некои го носат и кога врне снег но јас сакам да уживам во снегот и затоа не го употребувам тогаш. Инаку мразам од оние големите чадори, имам еден розев мал, 100 денари од пазарче, кој го собира во ташна за да можам да го носам со мене и да не ми пречи. Еве ваков е
Леле ич не ги поднесувам, најтешко ми е чадор со себе да м,кнам, а обавезно носам кога врне и секогаш ме прати некој таксират со чадориве, стално ми се кршат и распиуваат, а недај Боже да врне и вее обавезно ми го превртува, така ми е кога купувам чкарт чаодри мејд ин Чајна. Сега у план сум да купам поскап и поквалитетен, ај ќе платам ама да видам колку ќе го биде.
есенски и пролетен задолжителен додаток ,го понесувам кога ке гледам знаци за дожд,пред некој месец си купив ,бел со жолти точки ,и многу е сладок и си го сакам
Чадор носам секогаш во ташна,и да не врне јас си носам (за секој случај )Многу сакам убави чадори,ама многу бргу се кршат бе,никакви се Е ваков некој сакам...
мразам врнежливо, глупо време кога е такво најмногу сакам да седнам со шолја какао во рака и некои фини колачиња па гледам добра серија (како Sex & The City). Но глупи смени, оно истура надвор, ја мора у школо. Имам еден безбоен и еден виолетов чадор на кој со ситни букви од внатрешната страна пишува: Lady . A баш би сакала ваков чадор.
Што иам еден тигрест од Веро дома, ама па ептен мразам дожд и носењето чадор ми е терет, а често ми се има случувано да го забораам негде исто и коа ќе ми се скрши инаку не дека нешто штитат обичниве чадори, најубави се оние во форма на оклоп, е тие штитат а не нашиве тука. Прва прилика штом сретнам таков навнатре заоблен ќе си го купам!
имам многу чадори дома стојат во огромна кошница во салонот малите се ептен практични за во ташна и си фураш :geek: ама ако ти дувне ветар дури врне тешко тебе ќе ти се искривуличи ќе се деформиса ахаха а то најмногу ме нервират а за големите ме мрзит да го тегнам по мене а како мали кога се враќавме од школа 1-2 оделение се потпиравме на чадорите као демек бастумчиња хахаха
Искрено, не сум уопште љубител на чадори. Ги носам, само кога ептен, ептен морам. Исто нејќам ни џиџлести. Имам еден погребски, црн. Онака ко на преклоп. За да можам во ташна да го носам. Спојлер А баш би сакала да имам оваков. Спојлер Купувам еднаш годишно. Затоа што обично ги купувам од кинеска продавница. А сликава е пример, за мојот чадор. Кој што прави, јас го спуштам надоле. Спушти се доооле, и не ми глуми лудилооо! Имам многу убав ракопис, ај ноу.
Не сум љубител на чадори, но секако морам да ги носам кога врне. Ги носам тие малите за да можам да си ги ставам во ранец или во некое мало кесенце. Мојот е шарен со цветчиња.
Чадори постојано кршам така да досега може имам сменето едно 10 пара. Битно е последниов го земав со чоколадине најлепше жеље што даваа и таман ми се погоди, дури и жутата боја на нeго ми се свиѓа
Јас чадори постојано губам. Или во школо, или на автобуска или пак пред продавница на вратата ги заборавам. Имам еден омилен, дреч розева боја и единствен у моја околина е, ако не и пошироко. Ептен дречи, бојата боде у очи, али нема везе у главно ме препознаваат по него. Кога ќе видите некоја со ваков чадор, што дречи од далеку, да знаете јас сум. Или ако ми го видите некаде заборавен, кажете ми да си го земам.
Моите два чадори си ги оставив дома кај моите и се заборавам да си ги земам. Не се мали, со голема рачка се, тие ми се поубави и по цврсти, ма да се по практични помалите за во чанта. Едниот ми е розов другиот плав, нешто како тиркизно плава. Кај чадорите ме нервира тоа што треба да ги држам во рака, па уште ако треба и кеса да носам Следниве опции ми се по практични