Многу сакам убави чадори и ги сметам како дополнителен аксесоар кога врне.Имам секакви во различна боја значи преку 10 чадори имам дома па ги комбинирам со бојата на алиштата.Сега имам еден нов ми го донесоа од Италија како подарок го добив.И сега мерак ми е да врне. Преубав е елегантен во црна боја.И што е најважно уникатен е
Не дека не ги сакам, ама ги избегавам од практични причини што треба да ги мислам после да не ги заборавам.
Имам милион чадори, во сите бои и големи. Моментелно овој најмногу го носам Најличен ми е, а и многу брзо се суши за 5 минути е скроз сув како да не бил налиен со дожд. А имам од кај мајка ми од работа едни премали ги собира и во доста мали ташни, ама па што се вика само главата ми е сува, нозете и рацете утоп. Бaш гледајќи си серии по цел ден вчера забележав колку бил перфектен овој безбојниов чадор, мислам дека е преодноставен ама се вклоува во секоја облека, да не мора да мислам дали ми одговара или не. Must have one Баш е фенси
Значи фрик сум за чадори.Имам многу дома и сите со различни бои и шари (да ми одговараат на облеката де ) Инаку најмногу го сакам мојот проѕирен чадор и на него пишува I <3 Rain .
Сакам убави чадори и ги сметам како дополнителен аксесоар кога врне. Ги имам во различни бои и дезени.
Јас сум махер за губење чадори. Сите што ми се дома ми се позајмени од некого. И тоа во црна боја се сите. Така да,ич не се замарам зошто ако купам сигурно само еден ден ќе го имам. А и да бидам искрена никогаш не ми паднало на памет да си купам чадор!
Дури и чадорите можат да ви се уклопат во некоја комбинација што ја имате на себе, има доста убави чадори , практични ... јас повеќе ги сакам оние големите , само понекогаш ме фаќа нервоза кога нема каде да го ставам , додека оние малите не ми се убави ама се многу практични можеш да ги ставиш и во чанта и сегде...
Значи многу мразам кога врне , па не искачам од дома кога е такво времето.... и не користам чадори !!! Ептен кога морам до факс или нешто да идам облакам нешто со капуљача.. не можам да маткам чадоришта со мене.. бљак
за мене чадор си е чадор...е сеа овие големиве и помодерниве се разбираа поубави се ама ко шо реков чадор си е чадор...си иам јас еден голем розев со цветови...
Мразам да носам чадори! А незнам ни да го носам,кога врне и да носам и да не носам пак сум водена А кога морам носам таков како што ќе ми дојде при рака,не гледам да е модерен ваков таков
Не знаев дека чадорот се користи и како асесоар. Мразам да го тегнам, имам еден со бакнежи, како што си го крстив јас чадорчето со кисој, многу ми е убав, а и не е многу мал. Спојлер Ист е како овој, само посветла боја: Никогаш не сум ги бирала чадорите по некој критериум, како на пример да ми одговараат на облеката и сл. туку оној кој ќе го најдам дома и кој не ми е искршен, оти здрав чадор да дочувам кај мене ретко е. Еве некои убави кои што ми се допаѓаат:
Многу расипувам чадори. Абе то чудо нешто е. А се најде чадор кај мене, здрав дома нема да се врати. Затоа сега немам ниеден, а и не знам каков да си земам оти веќе жал ми паѓа сите по 1 отворање во канта завршуваат
100 Имам искршено до сега или изгубено, ама ич незнам да чувам А многу мрзам дожд Сликава доле ме потсети на моето куче-чадор од мала