Јас сега си имам еден и единствен чадор.Другите отидоа.Тој што си го имам е црвен со бели крупни точки,дамски. Јас не носам баш чадори,бидејќи ретко се случува да сум надвор а да врне. И така во ретките денови кога врне а одам во школо сакам да го носам,а најмногу мразам кога тегнам затворен чадор,кога носам за да имам да не заврне.
Ги сакам чадорите, но повеќе како аксесоари, хахахха Го сакам дождот и несакам многу,многу да се кријам од него, посебно не кога роска малку а сите се набутале под своите чадори, како шеќерчиња, ќе се стопат Инаку кога носам сакам да е црн, најпрактично а ги сакам и они кои имаат заболен долен дел и сакам да е гооолем, ама ова кога одам на шетање , кога одам некаде каде што се брзам, школо, или било што каде што ми треба практичност користам вакви чадори Што можат лесно и брзо да се сколопат и да ги собира по ташната
Несакам да носам чадор кога врне воопшто.Неможам едноставно ме н-е-р-в-и-р-а! И каков ќе купам и носам во ранец воопшто не ми е битно како изгледа пошто и онака ретко го употребувам.Сакам да гледам чадори со убави дезени.Инаку имам дома едно малечко со светло зеленкаста боја омиелно ми е Си го чувам како очиве,си има причина бе Еднаш други сум го заборавила,па сум се враќала назад по него. А по обичај кога заборавам некаде чадор,не се ни враќам да го земам
Не дека не сакам чадори, ама незнам зошто никогаш не носам освен мама ако не ме натера или па ептен врне и ке позајмам од другарка (ова кога е зима), а во лето никогаш не носам чадор, просто обожавам кога сум наврната
Незнам колку чадори имам искршено.Не сум баш љубител на дождот и мразам кога треба да одам некаде пешки и да врне.Имам мал розов кој секогаш стои во чанта.Но би сакала да имам еден поголем и постабилен,бидејки овој е мал и ветрот лесно го носи А како аксесоар не ми одговара со облеката,ама не се замарам за тоа бидејки и така врне и сите некаде брзат,па некој ќе има време да види каков чадор носиш
Не е до тебе. Толку им е „силата“ Таков им е квалитетот. Впрочем како и се' купено за време на Југославија и се купено пост Југославија ама надвор од Македонија, во споредба со тоа што го нудат пазарите кај нас пост Југославија.
Јас не сакам чадори многу ги кршам, уништувам И немам свој чадор.Мајками се откажа да ми купува оти тешко дека повеќе од два пати ке користи. Спојлер Сега ми треба помош.Каде во Битола да најдам убаво чадорче со пристојна цена. На роденден сум а другарками е обожавател на чадори така да ке ја израдува.Некоја средна големина.И колку пари се отприлика.
Немам мој чадор и не обоѓавам чадори поубаво ми е да наврнам отколку да се плеткам со чадори во рака ,а вакви чадори имаш на битпазар на автобуската ,но просирен како овј не сум видела повеќето се во боја секој ден поминувам и се некој нови има.
Не гледам ниту бои, ниту шара. Само нека бие во супер форма. Да не ми капи од сите страни. И, да ,оие жиците да се добро приберени, оти еднаш очи ќе извадев! Ааа, и уште едно нешто. Да биде стабилен, а не кога ќе дувне ветар наопаку да се превртува.
Секогаш и секаде носев чадор, од оние малите во ташна си носев. Сега имам голем гломазен, и го носам само ако врне истура. Еден ден ќе ме начека некаде дожд а јас без чадор, па ќе се сликам