Здраво дечки!!!! Абе којзнае колку време барам онаков Виножито голем убав чадор, дај помогнете ми каде има, каде можам да најдам и колку се движат??? Фала однапред!!
Стрина ми и чичко ми имаат таков чадор но нив му е од Грција,хоризонтални се боите направени и иде како омбре во сите бои од виножитото а во Скопје и другите градови незнам каде има таков
Си купив еден многу убав виолетов чадор, мал, таман за во школска ташна, ама се расипа. А, имав и еден преубав, проѕирен чадор, со малку виолетово. Многу го сакав, ама го позајмив и не ми го вратија. Сега сум во потрага по нов.
Имам малечки чадори. И еден или два големи. Ретко тие ги носам. Сакам малечки ,било каква боја..сеедно ми е Ама повеќе си сакам и носам кабаница за дожд
За една година имам искршено 3 чадори,не сум баш предпазлива со нив па често останувам без него..Не ми е битна бојата или изгледот само да е издржлив и практичен за во секое ќоше
@cinderella7 Мислам дека во Џамбо купив пред неколку години. Околу 200 денари беше цената ако не се лажам. Не беа најквалитетни ама за цената се добри.